Hahaha....me povreduvaat,4ekam da pomine nekoe vreme i vlevam vo akcija...ne vrakam so isti merki tuku so duplo pogolemi.......pravam da stradat tie sto me povredile i uzivam koga gi gledam kako se nerviraat i kako nemozam nisto da storat.... ........Mn sum zlobna neli???hahahhahaha (pa da ostavas sekogas da te gazat ne e ubavo...taka bese i so mene predtoa sekogas ostavav taka ama sega se ODMAZDUVAM!!!)-Sekoj plaka skapo za svoeto loso storeno delo ..........pozz
Паметам кој како ме повредил и секогаш размислувам за тоа како не им се враќа ништо но сепак кога тогаш се ќе им се врати на полош начин така да оставам на времето
никогаш ама стварно никогаш не се одмаздувам нека им служи на чес на оние луѓе што ме повредиле. што ќе направиш ако се одмаздиш??? зар да се симнам на нивно ниско селско ниво. извинете али не. а кругот се врти како ми направиле лошо, некој друг на нив ќе им направи но јас не. некој мора да го преќине тој лош кармичи круг
Неее...да не се фалам ама себеси се сметам за многу добра личност,не сакам да се одмаздувам.Не сум злопамтило воопшто
Не значи, и јас сум Шкорпија во хороскоп па знам да простам, ама не заборавам. Одма не враќам мило за драго, ама со тек на време , некогаш кога ќе ми дојде прилика ќе се одмаздам, не мора одма, затоа викам дека не заборавам или друга варијанта ако некој е ептен злонамерен не се замарам со него, кога тогаш ќе му се врати. Не сакам да си играм со оган, ама не смее никој да си игра со мене.
Не сум злопамтило и не сакам да се одмаздувам. Дури некогаш ( во најголем број од случаите) им простувам, брзо ми поминува лутината и тоа некогаш си го сметам и за маана.
јас си почнувам одма да си планирам да вратам некако и откако се ке испланирам ке се премислам и ке речам абе шо сака нека прај господ ке му врати не мора и јас сеа и грев дури ке ми падни за неа/него иако тие ми згрешиле ама тоа е таква сум сакам да вратам ама не можам
Дури самата од себе бев изненадена и запрепастена колку сум злобна и одмаздољубива кога ке ми го пукнат филмот . Трпам еднаш,двапати,ама трет пат....keep keep runnin'
Jas sum isto Skorpija vo horoskop i sum odmazdoljubiva no na mnogu pobolen nachin(duri gi zhalam).Go vrtam cel svet protiv niv poradi toa shto mi go napravile i nikogash ne im teknuva pak so mene rabota da fatata
Омаздољубива сум до болка .Отворено го признавам тоа.Веројатно мојата најлоша особина. Имам трпение , но се има крај! Уште како помалечка мислам дека бев седмо гадно се скаравме со другарка ми , и го украдов дневникот го ископорав и го расфрлав низ школо , да не зборуваме што изеде ќотек , извади лекарско и ме пријави. Не заборавам и се мразам заради тоа , спремна сум со месеци да се замимавам со небитна ситница само за да докажам некому дека не е во право и да добијам едно извини. Одмазда си имам ветено само кај една личност можеби и ќе помине време , но мене нема да ми помине лутината тоа е сигурно Верувајте си заслужила се што ќе добие ...
Јас многу не се замарам со зборови, кој рекол како рекол, ама ако ми пипне некој најмило и најдраго, има да го скинам! Е тогаш планирам одмазда, и тоа не на брзина, лагано....! ....Ќе дојдат моите 5 минути буахахахахаха...........
Одмаздољубива сум многу, сакам да му вратам на некој шо ми згрешил по секоја цена, барем до сега било така.
Несум одмазлива личност ама имам друга маана. Никогаш не заборавам и едноставно свртам грб и ја бришам таа особа од мојот живот. Сувишно би било да кројам планови како да се одмаздам овака не се замарам, а тркалото се врти во круг.
Сум т.е. бев одмаздољубива. Имам сведоци... и признавам, сакав, оф колку сакав да се одмаздам, да осети како боли, да види како е да си разочаран, да почуствува како боли кога ќе ти зарие некој не нож - штрафцигер во коска на грбот и копа, врти, длабоко... Ама се стопирав во вистинскиот момент затоа што сфатив дека така си ја полнам душата со омраза, а јас не сум суштество кое мрази. Не сакав да се трујам, не сакав да ставам знак еднакво со олоши и ѓубриња. Тоа не сум јас! И во име на сопственото јас си реков - не вреди. Друг ќе враќа а јас поарно да ја вложам енергијата во нешто позитивно и во нешто што ќе биде од полза за мене. An eye for an eye makes the world go blind
Трпам , трпам ама кога ќе ми пукне филмот лошо е. Како што реков трпам не сакам да одмаздувам, но во одредени случај враќам дупло
Кога некој нешто ми направи можам само да здивам во моментот и само после неколку минути ме пушти.. ако враќам тоа би било во тие минути кога сум здивена а кога ме пушти повеќе не се замарам...