До сега не сум се одмаздила.Незнам ни јас зошто Но во едно сум сигурна порано или подоцна секој ќе си добие што си заслужува Воопшто не сакам да се замарам со некој кој што ме повредил или ми забодел нож во грбот.Едноставно ги игнорирам и ги бришам од листат на живи,а тоа е најголема казна за нив
Не се одмаздувам, едноставно немам такво срце и душа. Само ке ја избришам таа личност, што многу ми згрешила, од животот мислам дека тоа е доволна казна.
Не сум некое злопамтило, па да сакам да се одмаздувам. Некои ќе кажат одмаздата е слатка, а јас ќе кажам дека не морам да се одмаздувам, има тоа кој да го направи за мене. Верувам во карма, па така знам дека еден ден на тие што нешто ми згрешиле или ме повредиле, ќе им се врати дупло. Затоа не мешам прсти
Не се одмаздувам кога некој ќе ми згреши,а има повеќе такви во мојот живот што ме повредиле поради тоа што сум била премногу добра со нив и го искористиле тоа.Кога се дружзам се дружам вистински и без резерва дека има лоши луѓе се давам за вистинско пријателство,но кога ке ми згрешат нешто прво правам муабет со личноста не бегам и не се кријам ако сум во право па и кога не сум била во право разговарам отворено па ако не бива ништо нема сега јас на овие години да ги превоспитувам луѓето ако дома тоа не си го научиле е тогаш ги бришам од мојот живот во него нема место за таквите.
Не сум одмазодољубива, од причина како што кажаа и некој феминки пред мене-не се замарам со нив.Животов е прекраток за да се замарам со тоа како да му вратам на некој нешто, и да ви кажам право многу енергија се троши на такви работи.Си се концентрирам на добри нешта.А верувам дека има нешто горе и се води сметка за да си добие секој од нас тоа што го заслужил.
Често во моменти на нервоза знам да казам “ќе види“, ама убаво си рекле старите... куче што лае- не каса . Не заборавам- памтам, но не за да вратам на дело........за да и кажам на таа личност во фаца за нешто што ми направила, верувајте со сега сите како попарени биле
најголема одмазда за мене е кога ќе добиеш шамар од едниот образ да им го подадеш и другиот образ,од тоа поголема одмазда нема,и не вреди да се спуштам на нечие ниво за да се одмаздувам.
Не се одмаздувам и со личности кои ми грешат ги прекинувам и оладувам контактите, но никогаш не се замарам со враќање. Има Господ, Тој знае како треба да се одвиваат работите
Немам попаметна работа па да се одмаздувам,тој што ми згрешил кога тогаш се ќе му се врати за тоа јас не треба да си се мешам,убаво си пиша gami луѓето кои ми грешат ги прекинувам или оладувам односите
Јас сум гадно-креативна за одмаздување. Кој што си побарал ќе си добие, ќе најдам начин и ќе вратам секогаш. Таква сум и неможам против тоа. Нема да седам мирна доколку некој не си го добие заслуженото, порано или подоцна. Поубаво е подоцна, одмаздата се сервира ладна, кога најмалку очекува да го боли до срж. Моментално го пишувам рецептот за една и откако ќе ја испечам и ќе олади ќе ја сервирам.
Не сум таков тип на човек, а и не ме бива за смислување одмазди, ама никако не заборавам! ама понекогаш ќе те средам со долгиот јазик! што да правам ептен е долг
И се восхитувам на девојките како тебе, знаат да се одмаздат во иста мерка ни помалку ни повеќе како што некој си заслужил. Бидејки воопшто не ми паѓаат идеи имам таква другарка кога секогаш ќе ми помогне во планот како некому да му се одмаздам. Штета што тој план неможам да го изведам толку добро како неа. Најмногу ми е криво кога заборавам на навредите и не се одмаздувам па одозогоре и помагам на личноста која некогаш толку јако ме зафркнала. Ама се со тек на време. Нема вечно вака да биде. Ќе се научам и јас да враќам
Порано не бев таква и си велев во себе ,,Има господ''...Но кога видов и дека несекогаш е така започнав мисија сама да ја спроведам правдата! И кој ми направил лошо ЌЕ МУ ВРАТАМ двократно па што сака нека е! Не останувам никому должна. Ниту на чесен ниту на план на одмазда!
не дека сум одмаздолубива , напротив секогаш сакам да им помогнам на сите, и на тие што ми згрешиле, таква сум по природа, ама паметам, и секако вракам, понекогаш и со посилно од тоа што некој ме удрил, а знам ама ретко да се налутам и да цекам погоден момент за одмазда, ама тоа е ептен ретко
Ми се случило да ги начекам моите 5 минути и да се одмаздам, па и иронично да се насмевнам и да потсетам дека од мене секој добива тоа што заслужува! Тоа не значи дека правам стратегија како да му вратам на некој што ме повредил, далеку од тоа дека до тој степен се замарам со одмаздата, но ако ми се пружи прилика (а најчесто ми се пружи ) тогаш го газам и се одмаздувам! За одмазда треба да се бираат средства, за да не излезе на крај дека сме се одмаздиле на личноста која заслужила но истовремено сме се изглупирале пред луѓето околу нас! Пример, ако некој со зборови ве повредил тогаш не би требало вие со ќотек да му се одмаздите ! На неговите зборови возврати му со зборови кои се болни за неговата психа! Барем јас така правам, затоа одмаздата ја сметам како моја одбрана а не како пакост која треба да му се нанесе на оној кој не навредил!
Јас ќе одговорам на ова прашање : 15 Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат! 16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри! 17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе! 18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! 19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.” 20 Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.” 21 Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро! 14 ”Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. 15 Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.” 35 Моја е одмаздата и наградата во времето кога ќе им се сопне ногата. Зашто е близу денот на нивната пропаст, нивната судбина им се доближува брзо!’ 30 Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!” И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.” 1 Бог Господ е *одмаздник Боже на одмаздата покажи се! 2 Стани, *Судијо на земјава, дај им отплата на гордите. 3 До кога грешниците, Господи, до кога грешниците ќе се фалат, 4 мрморат и кажуваат неправда, до кога ќе зборуваат така сите што вршат безааконие? 5 Го газат Твојот народ, Господи, и го озлобуваат Твоето наследство; 6 вдовица и сирак убија, и придојден убија. 7 па рекоа: Господ нема да види, ни Бог Јаковов нема да дознае. 8 Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаметите? 9 Оној, *Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види? 10 Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знење, зар нема да казни? 11 *Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни. 12 *Блажен е оној човек, кого го казнуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот закон, 13 за да му дадеш мир во лошите денови, додека за грешникот не се ископа гроб! 14 Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство. 15 додека правдата не се обрне во суд и по него не се држат сите прави по срце. 16 Кој ќе се крене за мене против лукавите или кој ќе стои покрај мене против оние што вршат беззаконие? 17 Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот. 18 Кога ќе речев: ногата ми се поколеба, - Твојата милост, Господи, ме помагаше. 19 Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја. 20 Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој. 21 Ја ловат душата на преведникот и осудуват невина крв. 22 Но Господ е мое прибежиште и Бог мој - сигурност во надежта моја. 23 Он ќе го сврти врз нив нивното беззаконие, и според злобата нивна ќе ги погуби Господ Бог. 44 А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, 45 за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните. 46 Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците? 47 И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и назнабожците? 48 Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.” Има уште ова е се од библијата има кој да суди, ЕДЕН е за сите
И јас сум многу слична со твоето размислување. Кој ми згрешил ќе си го добие!!! Многу добро смислувам одмазди и многу добро ги спроведувам! Кој си заслужил си знае И за тоа се сложувам дека одмаздата се сервира ладна кога некој најмалку очекува, тогаш е најслатка Кога сите мислат дека си заборавил и си простил, ти напаѓаш
Злопамтило сум и не можам да си помогнам со тоа... Мора, ако не сега по пет години ќе му памтам ама ќе му вратам. И ретко кога планирам, едноставно така „спонтано“ ми иди. А некогаш и да не се одмаздам сепак памтам и ќе ја гледам таа личност со доза на резервираност, па и другарка да ми била.
Не би рекла дека сум тип на човек кој се одмаздува - спрема разни гадости и смислува сценарија Верувам во она '' Што си дробел тоа и ќе сркаш '' . Не само кога некој нешто лошо направил/кажал туку кога и самата јас сум сторила некоја глупост. И,секако - не ми се губи време на одмаздување за некој поболен свет ( се извинувам на изразот ) но понекогаш луѓето се однесуваат нечовечки и нетолерантно