Порано бев многу одмаздољубива. Јас по природа сум многу чувствителна, искрена и човек од доверба. Мислев сите се како мене и кога неколку пати се уверив во спротивното и се изгорев сфатив дека е време нешто да изменам кај себе и да не седам со прекрстени раце туку да почнам да враќам мило за драго. Но не ме направи тоа подобар човек, ниту пак се чувствував подобро. Оставив автобусот Карма да си го направи своето. Верувале или не навистина се чека малку подолго но се исплати. Застанува на секоја станица ако имам среќа го начекувам и јас, се качувам си седнувам со пуканки во рацете на задното седиште и си ги полнам белите дробови. Кармата е на моја страна, на никого не му останала должна.
По природа не сум одмаздољубива, или враќам во моментот кога сум лута или не враќам. Многу брзо ми поминува лутината и после заборавам. Како што рече bitter-girl, оставам автобусот Карма да се погрижи
Интересна тема значи кога бев во пубертет.т.е. средно ,ако некој ми згрешеше или ми направеше нешто што би ме повредило одма си мислев-ќе видиш ти .како ќе ти се одмаздам.и некогаш и сум се "одмаздувала" ама сега кога размислувам на тоа ми е смешно,и сега ми се случува да ме предаде некој кому сум верувала,ама едноставно оставам на времето да му се "одмазди",да му се случи истото што и мене да види и сфати како боли и како е,кога на некој му муслиш лошо-со лошо да му се враќа.едноставно мислам дека Господ гледа,и на секој ќе му даде што заслужил,а јас ако се замарам да му вратам би си го трошела времето и секако енергијата,и би се спуштила на негово ниво,наместо да се замарам за мои битни работи.како викаат-Господ забавува-но не заборава
Јас сум чудно чоече, одмаздољубива сум ама никад не сум дочекала прилика да се одмаздам некому затоа што секогаш им се враќа со полошо од она кое сум го наумила...секад Изгледа фаќаат клетвите мои и да не ги помислам си фаќаат
Во основа никој не ми згрешил дотолку да посакам да се одмаздувам,оние кој ми мислеле лошо едноставно ги одалечувам од мојот живот. Еднаш само се имам одмаздено на еден нонстоп нешто збореше за мене а немам појма зошто,му кажав неколку пати да престане тој си продолжи да си збори,па јас фино лепо си станав едно сабајле рано на шофершајбната му искршив неколку јајца залепив на нив весник и си отидов Тоа дека лето се залепија јајцата за весник нема никаков начин да се одлепаат освен промена на стаклото и веќе не слушнав ни збор да прозбори за мене Сега не би направила такво нешто ама тогаш младост лудост.
Во зависност колкава е грешката и во толкава мера ќе се соочи со одмаздата.Малку ако има згрешено или пак ненамерно згрешил тогаш може и да му се прости зашто секој во животот на моменти греши само оној што не се родил нема да биде грешен
Во хороскоп сум скорпија, а тоа значи дека сум луда по одмазда Само го чекам правиот момент и тргнувам во напад. Не можам да се помирам со фактот дека некој што ми направил лошо, ќе си помине туку-така
Чудна работа е ова одмаздава кога ја планираш наопаку излегува или не се остварува, но кога најмалку очекуваш сама ти се мести, само ладно да ја сервираш ! јас сум била во ситуација кога сум помислила на одмазда, но никогаш не сум ја остварила и кога ми се пружила шанса, незнам зашто, а кога некој сака да ми наштети у момент помислувам како да му се одмаздам, ме држи тоа чувсто максимум 2 дена после мува не ем лази, попуштам. кога бев помала секогаш сум се обидувала на одмазда но никогаш не ми успеала!
Она што го научив во врска со тоа како да реагирам ако некој ми нанесе некоја повреда или неправда е-никако!Нема потреба од ковање планови за одмазда.Бидејќи Бог,кармата си го прави своето,сите ги стигнуваат последиците од сопствените постапки,така да сум се уверила во ова.Сум пробала како помлада со примена на одмазда и не сум нашла задоволство,а нема поголема сатисфакција да не мрднеш ни со мало прсте,а да видиш како страда пред твои очи личност која ти нанела огромна болка.
pa so znam po priroda sum si druzeljubiva i miroljubiva mi imaat zgreseno megutoa nemam srce da im vratam.kojznae mozebi sum glupava mozebi naivna no ne sakam da povredam nikogo posto koga mene me povredile znam kako boli.ima dve izreki koi mi se moto na ovaa tema.vika: SAKAJ GI TVOITE NEPRIJATELI-TIE SE TVOI NAJGOLEMI OBOZAVATELI. Ili: TOA STO MI GO KAZUVAS DA MI BIDE A TOA STO MI GO MISLIS NEKA TI BIDE.i kraj
значи досега никогаш не сум се одмаздила на никој но искрено во моментов има една личност на која не и посакувам баш убави работи сепак јас нема да и наштетам како и да е ќе ја стигне неправдата
Не се одмаздувам,самото тоа што не се замарам и со 2-3 збора упатени на особата, се осеќа како гом*o!Тоа ми е доволно,да ја спуштам особата,тоа ми е некаков вид одмазда!!!
Порано многу се трудев некому да се одмаздам. Трошев време, енергија на тоа. Повеќе не. Си седам мадро, си продолжувам со животот без да се трудам и на крај иако не сум вложила труд личноста фино си пропатила. Чекањето се уште ме нема изневерено, затоа си чекам и после му се смејам на истиот.
понекогаш помислувам на одмазда мегутоа кога ке помислам дека некој горе гледа све се откажувам и му препуштам на Бога
омраза .... не ја поднесувам мајли сајрус ... ама да мразам некој ... која сум јас да мразам? Едниот Бог суди за нашите гревови, па и за неговите/ нејзините
Никогаш не сум се одмаздувала,кога би го правила тоа,тогаш би се изедначила или па би била полоша од самите тие
Признавам... се одмаздувам - секогаш. Кој и да ми згрешил немам ништо заборавено и на сите им имам вратено на некој начин порано или подоцна. Не дека седам дома и планирам туку речиси несвесно се наоѓа ситуација да направам нешто што ќе ја повреди личноста ако претходно ме повредила макар и да ми значи многу и да е се во ред и пред и после тоа. Таква сум... и не дека би сакала да се сменам, убаво ми е и вака.
Во принцип секогаш велам дека гледа Тој од горе и враќа на секој. Верувам и во карма. What goeas around, comes around.Навистина е така. Ама не оставам се на судбината. Некогаш преземами моја иницијатива . Ако не преземам си допуштаат многу, до тој степен да те направат од г*мно подоле. Е нема . Враќам и тоа со камата, па уште еднаш нема да му текне да си има работа со мене.