Зависи за која личност станува збор ако ме повредила лично се грижам за одмаздата, а ако не е ништо посебно си викам Господ ќе те казни
Кога некој навистина ме повредил, никогаш не заборавам. Не е никој повреден од мене за да ме повредува и да патам поради некого. Јас сум таква личност која во моментот кога ме повредуваат не возвраќам, но секогаш, верувајте секогаш покасно ми доаѓа прилика со иста мерка да вратам. И тогаш на особата му давам до знаење да не го прави некому она што не сака да му се направи. Тоа не е и некаква одмазда, но убаво е кога некому ќе му укажеш како те повредил тебе
Одмаздата може да направи да се чувствуваме подобро, барем за кратко. Тоа е факт. Да направи да се чувствуваме моќни, силни, затоа што сме му вратиле на тој кој нешто ни згрешил. Јас знам да простувам, но секако постои некоја граница што не треба да се преминува. А дали се одмаздувам-пред се зависи од ситуацијата, од тоа дали ми е мене дојдено до одмазда или едноставно сакам да си продолжам понатаму со животот и да не се замарам со тоа што било и поминало.
Odmazdata e ekvivalentna na samounishtuvanje. Sekogash vo nas postoi eden del koj saka da se odmazdi i drug koj veli deka toa e pogreshno,no ne kaj site ludje.Postojat takvi sto do kraj kje odat se dodeka ne go unistat onoj koj im nastetil,no toa e vekje gubenje na svoeto jas,zaboravanje za sebe i edinstvena nasa cel e da unistime nekoj od koj sto ne sme ocekuvale da ni napravi nesto,kolku i da e loso. Vistinata spored mene e deka covekot treba da nauci da prosti,no sekogas da pameti koj sto mu napravil,za da toa go iskoristi kako iskustvo i vo segashniot i ponatamoshniot zivot.Bez razlika dali se raboti za drugarka,za decko,ili nekoj rodnina.Zapocnete od sebe...nisto povekje ne iritira otkolku koga nekoj kje ve stavi na IGNORE,i se ponasha isto ko da ne ni postoite. Najgolemata odmazda i voedno najdobrata e da gi pustite tie sto sakaat da go napustat vasiot zivot,a pri toa da se obidat i da vi go zagorcat da si zaminat,zatoa sto vie ne gubite nisto,gubat tie.A tie koi sto ve izgubile kako dobar prijatel,sopatnik ili rodnina...koga kje svatat kje bide docna,i kje gi boli....toa e idealnata odmazda,so koja nema da se izmorite a rabotite sami kje si dojdat na svoe mesto. pozz [mod-kirilica:3twzw62h][/mod-kirilica:3twzw62h]
и јас исто не сум таква, од внатре не ми иди да се одмаздам на добар ( ама ДОБАР ) пријател, и најчесто простувам но, ако се работи за некој што не го познавам многу добро еееее тогаш само да ми згреши па цел живот има да ми плаќа ....... и јас мислам дека не е баш добро но не можам против себе или црно или бело
Не се одмаздувам. Најчесто се однесувам индиферентно и се надевам дека кармата ќе ги стаса! Сепак зависи до личноста, ако ми значи многу, простувам.
HELL YEAH ! Секогаш кога знам дена некој се обидел да ми наштети, да ми ја спречи мојата среќа и да ме натера да заплачам ќе му се одмаздам дупло. Никој во животот не ми помагал да си ги изградам соништата, не па некој да дозволам да ми ги сруши. На такви завидливи и лицемерни суштества треба да им се покаже заби за да не помислат уште еднаш да се мешаат во туѓ живот. Ако веќе биле доволно паметни, нека си го средат својот па после нека се плеткаат во други.
Морам да се согласам. Порано, прочитав една мисла и ми остана во глава.. Не се сеќавам баш како беше реченицата точно, отприлика вака: Направи му добро на тој што ти направил лошо, тоа многу ќе го боли.
ОДМАЗДА..ми звуце како не поимливо за мене, ако сум повредена се дистанцирам и готово, не губам време за одмазда (па макар и да ми се прузе случајна прилика)ми звуче како апсурд
Во глава си замислувам како крвнички ги убивам луѓето кои ме повредиле (вистина ), но се разбира тоа неможам да го направам и затоа само глумам дека не ми е гајле.
Леле колку сте биле фини или лажете Заебавам, заебавам Сите замислуваат: а јас не се одмаздувам, јас не се замарам со тоа, не ми е гајле, не трошам време на тоа, а уствари сите сакаат да се одмаздат некому Кога сум многу луте правам некои ситни одмазди (истите можете да ги причитате во категоријата НАСМЕВКА во ОДМАЗДИ -очигледно таа тема е дупла) но тоа се некои ситни и смешни... се обидувам да не се замарам, и секако не се одмаздувам за се и сешто, но кога некој ми прави ПОСТОЈАНО исто нешто што не сакам, имам моменти на инспирација кога ми смислувам малечка одмазда за да се опамети Спојлер се надевам нема да ме мразите зошто признав дека понекогаш се одмаздувам
Па, нормално дека сите имаме желба да „згазиме“ некој кој не верувал во нас, кој не’ повредил итн. И јас понекогаш помислувам дека кога би била полнолетна би се одмаздила на една личност, со сигурност. Ама, искрено, I'd prefer this: Спојлер
Тоа одмаздата ми е еден вид на самодеструктивност, ко да сакаш да те мачи една иста работа, едни исти лоши мисли цело време...
Е баш сакав да го кажам истото што и BeYourself го кажа преку сликите. Ама, кога некој стварно ќе ме извади од такт, има да го чекам после школо и душата ќе му ја извадам. Затоа што никогаш, на никој му немам направено нешто лошо, очекувам и тие на мене. Ама свашта по светов, расипани, досадни, и пред се глупи луѓе кои живеат од тоа да замараат други и се хранат со тагата и патењето на нивните жртви. Затоа однадвор сум кул, како ништо да не допира до мене, ама бидејќи допира, до крајност ме мотивираат да ги гледам додека пропаѓаат (или да им ја скршам секоја постоечка коска за која се учи на медицински). Сепак, за секој проблем иам решение.
не сакам многу да се одмазувам само во главата си замислувам како би било да му вратам на некого со иста мерка како што ми направил
Многу е тешко некој да ме повреди, тоа го може само некој кој ми е многу близок, не се врзувам многу со луѓе, ама пак затоа тогаш боли најмногу. Не правам планови за одмазда, ама доколку ми се укаже прилика-враќам!!! Имав бивш кој душата ми ја извади додека бевме во врска, а јас глупа го сакам и готово. И сега дојдоа моите 5 минути! Му се одмаздив за Нова година, најдобро што можев! не планирав, ама сам си го бараше. и не ми е криво! ич!!! не почнувам прва и барам да ме остават на раат. Инаку не одговарам за последиците. А ако е ситница, не враќам. Немам време да се замарам
Во прв момент кога некој ќе ми згреши/ќе ме повреди или слично, одма мислам - леле да можам вака да му направам, да му кажам вака и вака, за да се чувствува полошо... Скоро па секогаш многу доцна ми текнува што сум требала да кажам “тогаш’’. Лутината брзо ми поминува, затоа оставам, универзумот крои планови, може не одма, ама ќе се врати кога тогаш.. Само стрпливост!