Има неколку особи што би убила на лице место .Ако ми се укаже шанса,има како бубачки да ги згазаммм.Верувам дека Бог се гледа од горе и ќе им врати,ама сакам и јас лично да видам кога ќе ми излезат пред очи,тогаш нема сила која може да ме сопре! По природа сум мирољубива,но ако некој си го бара-ќе си го добие
Порано, како помала, ако некој ми згрешеше одма мислев на одмазда. Не сум човек кој се одмаздува, ама барем ќе му паметев и кога-тога да му вратев ако ми се укажело прилика. Ама тоа беше порано. Сега сфатив дека со одмаздата ништо не добивам, напротив си правам полошо. Затоа кој ми направил нешто лошо, го откачувам. Не сакам такви луѓе во моја близина и не сакам да се замарам со нив.
За љубов се умира, за одмазда се живее!-не знам каде го прочитав ова, ама многу ми се допадна.Може да се каже дека сум од оние луѓе што си го следат ова-forgive, but not forget...Можам да простам се, па дури и тоа нешто многу да ме повредило, но никогаш нема да заборавам ни најмали ситници што ме повредиле.Одмазди ретко спремам, затоа што не дозволувам да ме повредуваат често, па немам ни мотив .Но, кога ќе одлучам да се одмаздам на некого, е тогаш станува опасно...
Мене па колку и да ми згреши некој ниту му го памтам ниту се одмаздувам,едноставно не се замарам.Немам попаметна работа ке планирам одмазда кога ке ми згрешат ги бришам од листа,а најголема одмазда си ја прават самите што секогаш на крај пак ми доагаат на врата и им е потребна помош од мене...
кога ќе ми сторат лошо мислам веднаш на одмазда .. но кога ќе оладам сваќам дека небитните луѓе и работи треба да ги снема затоа ги бришам .. " ги сместувам доле кај мртвите" ии си кулирам УБАВКО ми е така Секако на крај виновникот ќе си го добие своето според заслуга
Оставам кармата да си го стори своето. Не сум злопамтило, знам да простувам, а ако веќе не можам да преминам преку некои работи, тогаш ги шкртам од мојот живот луѓето кои ми згрешиле. Не се оптеретувам и не ја трошам енергијата на осмислување одмазди и тоа како да се раздолжам.
Зависи од ситуацијата некогаш да а некогаш не ама јас сум личност која сепак можам да кажам која врака
јас сум јака само на зборови, секоаш викам она ќе направам ова ќе направам ама само во тој момент на бес, после тоа не се замарам едноставно. И да можам коо сакам да уништам со тие работи што и знам за нов. Сите имаат доверба во мене и се ми кажуваат, не сум таква личност и не сакам на никој да му наштетам. Carma is a bitch тоа ми е доволно да го знам
Мразам да се одмаздувам од причина што само избрзувам и после се осеќам виновно.. Прва година кога бев се скарав со тогашната најдобра другарка за некој глупости и бидејќи и го знаев пасвордот се уклучив и со уште една другарка и направивме многу проблеми, што го јадеше од соучениците го изеде но и со нејзините испаднаа проблеми, па на крај сакаше да ме тужи се знаеше дека сум јас но за среќа поминав само со разговор кај психологот и жал ми е што ја изгубив..Еве веќе колку години поминаа никаков контакт немаме.. Еднаш една соученичка ме навреди и место да и вратам со исто а толку просто беше јас после часови ја претепав.. Друг пат една поранешна другарка исто ми направи лошо, па наместо да се одмаздам со збор како што ме навредуваше, јас реков дека ќе си одам од кафулето и по 5 мин се вратив ја бутнав од стол и со нога ја удирав по лицето..Само што дојдов дома ми се јавуваа дека ќе ме пријават ама помина некако.. Уште колку проблеми имам правено крај им нема..Ама незнам да се пресметам со збор или по некое време таква сум и многу ми смета тоа
Абе ако некој ме повредиј ке ја виде и црната страна на светот и јас него ке го повредам дупло повеке Спојлер кога шетавме ме истопија со вода (шише вода ми устурија врз главата јас него со сок Гази за да не те газат..............е на мене овааа фраза ми е жив прумер и ме опишува 40% каква сум.
Секој го добива заслуженото,можеби нема до таа мера но мора да знае дека како што мене ми нанел/а болка мора да го почуствува истото, ама тогаш кога воопшто нема да се надева.Убаво е чуството да му покажеш некому дека се има граница.
До пред некое време не се одмаздував воопшто,дозволував сите да ме газат,си ќутев и трпев. Но,откако размислив и сватив дека на овај свет сум сама и дека морам сама да се изборам за да сум задоволна од себе и својот живот, свртив нов лист и живеам со правилото: Онај што ти прави добро три пати врати му подобро,а онај што ти прави лошо,врати му со лошо.
одмаздата мили мои ладна се сервира..... не се повлекувам јас така лесно....ќе направам се ама се за да го зацрнам да звучи грубо ама да! и јас не заслужив вака да ми направат па ми направија и кој кој ќе ме жали мене ако не јас сама! само нека помине време.....ќе пати и тоа како
Има ПОВЕЌЕ НАЧИНИ. Можеш тотално да го игнорираш и да го откачиш. Може заби да му покажеш. Може со убаво да ја расчистиш работата. но најтешко е кога некој од зад грб ти прави зло, те прави да те мразат или имаат погрешно мислење за тебе битни луге и му веруваат и не го издаваат кој е, а ти изиграваш будала и тој си го гледа сеирот. ЈАС ВЕРУВАМ ДЕКА ГОСПОД ИМ ВРАЌА НА ТАКВИТЕ, ама нека чува од нив
Епа, морам да си кажам дека сум многу одмаздољубива. Море ќе видат сите бре со кој си играат мајтап. Има да ми падне на колена, ама нема праостување, како во потписот подоле. Скорпија сум во хороскоп, можам да дадам единствено објаснување. Јас сум дури и горда дека се одмаздувам. Ништо не смее да осане неказнето. За најмала грешка, се плете гооооолема одмазда. Па да не му текне уште еднаш да се поигрува со мене. Јас така се сум решавала. Прво ќе ме понижи, потоа ќе го улововам, ќе почекам малку дедек да заборави, а потоаа,.. опара-тропара... отиде...ете така, сметките ни се завршени. Да знаат сите која си!!!!!!!!! Нема тоа така.
Токму така ilipili ако не им вратиш мислат дека сме будали е па несме секој си го добива по заслуга тоа е прекрасно чуство,никому не дозволувај да те повреди,но кога ќе му враќаш тоа треба да биде најубавиот момент за да почуствува каква болка ти нанеле,тоа јас редовно го практикувам и така и ќе продолжам поздрав