Порано не се одмаздував, доколку некој ми згрешеше го ставав на игнор, прекинував секаков контакт со него и тоа како да не постои. Но, мн работи почнаја да се менуваат само пред 2недели, значи се се случи преку една ноќ што би се рекло.....бевме друшто од 8-9 девојчина секогаш излегувавме заедно 3-4-години едната си има дечко мн долга врска има и не иди секогаш со нас, другата учи медицина и нема мн време за шетање, така останавме 6-7 шо излегувавме секогаш. Но, од пред некое време се појавија и едни двајца машки не знам од каде од нигде никаде, сега му станаја да речам големи другари и тие четирите почнаа да не игнорираат не не викаат за никаде, не ни пишуваат за никаде, а нас двете едноставно не шитнаја без никаква причина, сега со тие машките само излегува се договара заедно за се, и дојдоја и други нивни другари..........и викендов кога бевме излезени стоевме заедно на маса ама исто као странци да бевме, се познаваше дека сме вишокот ние. И не можам да сватам како можи да постојат толку злобни луѓе, да имаш друштво се она и преку ноќ да останиш сам............зато сега сакам да му се одмазадам оти се толку злобни, лицемерни, само за корист.........толку сум нервозна шо ќе пукнам дури не му вратам да плата убо кучки!!!!!! Биди добар се прај му убо, и вака ќе ти вратат, сватив дека не се исплаќа да бидеш добар!
Искрено, одмаздољубливите дури на живци ми одат. И што сега, ти рекол некој збор на страна или те сопнал по пат, не ти било убаво. Штом веќе некој ти згрешил, или те повредил, значи знаеш како е, не е убаво. Зошто да сакаш некого друг да повредиш само заради себе? Се обидувам да бидам повеќе од тоа, да не се симнувам на толку себично ниво, но некогаш мислите летаат и кон планови за одмазда.
Не ми е јасно... Ако некој ти направи нешто добро,услуга некоја-нормално е да вратиш, да се заблагодариш на некој начин. А кога некој ќе ти направи нешто лошо-треба да си ќутиш и да си дозволиш да те гази секој а ако вратиш со иста мера тогаш ти си кривиот, беден итн. Неможе така! Секој треба да си го добие тоа што си го заслужил! Има разлика некој намерно да ти наштети и некој несакајќи да те повреди на некој начин. Јас сум многу добра, предобра, секогаш сакам на секој да помогнам и кога некој ќе ме повреди некако, ајде еднаш ок, ама два-три пати кога гледам дека намерно ме повредува или искористува е тогаш чекај малце си викам колку што сум добра толку може да бидам и лоша! Ретко некој може до толку да ме извади од такт за да изреагирам бурно во момент, најчесто кога сум дошла до таква ситуација ќе си преќутам ама...кругот се врти...ќе дојде денот кога јас ќе му требам нешто или ќе бидам во ситуација да и зависи на таа личност нешто од мене. Е тогаш веќе ќе биде друга приказна! Јас се трудам свесно да не им го правам на другите тоа што не сакам мене да ми го прават! Затоа секој нека си размисли како се однесува кон другите, утре може и тебе некој да ти го направи истото или полошо!
никогаш не сум сакала ниту пак сега сакам да се одмаздувам на некого. тоа е за мене безпотребно трошење на време, живци и што ли уште не..верувам јас дека има други над нас кој одлучуваат со кого како треба да се постапи. да мислам што како да направам, значи дека мојот живот не ми е интересен доволно па ајде да се позанимавам со туѓите животи..тоа ми е некако без везе.. јас си се гледам себеси, и да ми направиле нешто лошо, нека им стои..повеќе ќе ги боли кога ќе видат дека никако не можат да ме повредат и дека што и да направат нема да го придобијат моето внимание. имам јас многу побитни теми од нив.
Е ова ми е мана, но потсвесно сум таква Жал ми е што сум злопамтило, секое зло го паметам додека не се одмаздам. Добро за уште подобро, но затоа пак зло за зло. Мајка ми секогаш ме советува, остај Господ постои.. но јас, ако де знам дека постои, но вака ми е поарно
избегнувам да бидам одмаздољубива и не сум т.с се трудам да не бидам,но потсвесно кога некој ке ми згреши нешто одма помислувам е, сега ке види ќе му вратам исто и ке се сети како ме повредил но секако од тоа не бидува нисто 2 сати додека ми помине лутината брзо пламнувам но уште побрзо се гасам.Мислам ова ми се случува затоа што сум добар пријател знам да слушам кога ќе видам дека тоа му е потребно,молчам како риба,од моја уста никогаш не би излегол лош збор за моите пријатели ,знаам да подадам рака кога некој тоне иако би се удавила и јас,за пријателот би дала се но кога некој неможе да ми возврати ни со грам од тоа јас што го давам и ке ме повреди со некоја негова постапка или муабет што ке го слушнам од други е тоа боли а најмногу ме повредува од се кога пријателот ми иде дома и ми завидува.
ахххххх одмазда што е тоа мене колку и да ми згрешат колку и да ме повредат јас неможам да се одмаздувам бидејќи премногу сум добра па неможам да им наштетувам на луѓето но затоа на тие што ми згрешиле господ ќе им врати
Зависно,ако ми стапнат на нервот тогаш се одмаздувам и тоа не еднаш него 100 пати и да ПОГАДНО од тоа што ми направил тој. Сум се одмаздувала многу пати на многу луѓе,освен на моите "другарки",едноставно немам срце (за жал) иако тие ми ја имаат направено најголемата рана што ден денес неможам да ја заборавам.Ете едносатвно неможам да ги повредам иако немам никаков контакт со нив и имам многу шанси да ги уништам.
Јас не можам да им вратам на луѓето со зло, едноставно не можам да се изедначувам со нив. Како да сум од друга планета. Ако некој ме навреди ја трпам, а после дома се јадам и ми се полни срцето со гнев. Едноставно не можам во моментот со таков нивни начин на зло да ги победам. Но, сум дочекала во многу примери на таквите подли луѓе да им се врати со многу големи зла, несреќи и слично, многу покасно, да им го гледам сеирот.Но што е тука поентата, мене не ми треба да им се врати нешто или да им гледам сеир. Мене ми е потребно да знам во моментот што да правам со нив и болката што ми ја нанесуваат
Јас во животот немам и ќе немам срце на некој да се одмаздам.Одмаздата според мене е многу големо зло,животот е едне брзо минува нема потреба да мислиме на одмазди.Иако некој луѓе се толку многу злобни па за се се одмаздуваат,но еден ден и на нив Господ ќе ѓи казни за одмаздите што ѓи направиле...
Не сум човек со лошо срце, но сум големо злопамтило. Ретко кога некој може да ме повреди, ама навистина ретко. Но, ако тоа го стори, можеби не веднаш, можеби се со насмевка ќе претрпам, но кога најмалку ќе очекува ќе му вратам!
Одмаздата го уништува животот на тој кој мисли да ја спроведе. Сум простила премногу работи, не сум сакала да се трујам со негативни емоции. Не знам кога ја прифатив глупата идеја за одмазда, на личност што ми значеше, а ме повреди, но, во првиот чекор кон нејзино остварување, тргнав во своето уништување.. Знаев дека не можам да го повредам, а сепак се изглупирав крајно, и мислам дека колку што го повредив него , себе дупло се повредив... Душата ме боли..
Одмаздољубива не сум. Понекогаш ако некој многу ми има згрешено знам да вратам мило за драго. Ама во повеќето случаи си го користам мојот долг јазик и враќам со збор директно.
Ova e mozebi mojata najgolema mana.Jas koga togas vrakam moze da pominat i godini ama ako nekoj mnogu me povredil bilo koj da e ke mu vratam.Nebi mozela da izdrzam a da ne vratam
Најголема одмазда е заборавот т.е. да го заборавиш тој што ти наштетил на некој начин. Прости , заборави , продолжи со животот! Сум чувствувала гнев , лутина , сум посакала лоши работи да им се случат на тие што ме повредиле Додека го посакував тоа и се оптеретував со нив чувствував само немир и назадував се повеке и повеке , ништо добро не произлезе од тоа , но во моментот кога се прибрав , се помирив со ситуацијата и заборавив доживеав напредок во мојот живот полека работите си дојдоа на свое место . А тоа што станав смирена , воспитана ,успешна е најголема казна и одмазда за моите непријатели !
Одмазда е мал збор со прилично големо значење. Лесно е да кажеш „ќе ти вратам дупло,ќе ти се одмаздам за се“ но тешко е тоа да се направи. Не само од таа грижа на совест туку и трпение. Велат времето враќа,јас се држам до тоа! Како кажал Господ „Кога некој ќе ти удре шамар,сврти му го и другиот образ“...Друга е таа одмазда за љубовта и тие таки работи приврзани со неа...мислам дека тогаш тоа се решава со еден добар разговор. Убав збор и времето се најдобар лек за тоа.
Јас само ќе речам ``Немој да му го правиш на друг, она што не сакаш да ти го прават тебе`` . Ако некому сториш нешто неубаво, го повредиш, или на било каков начин му нанесеш зло, биди подготвен истото да го почувствуваш на своја кожа. Ако не ти се одмазди оној кого си го повредил, тогаш некој случаен минувач низ твојот живот ќе ти наплати за се Лично јас секогаш им простувам на луѓето, никогаш не сакам да им вратам, на тоа ме научи татко ми, секогаш да простувам бидејќи тоа е човечки и тоа е патот кој води кон душевен мир Но никогаш не им се лутам на оние кои сакаат да ми се одмаздат, тоа е нивно право нели? Сум заслужила да ми биде вратено во иста мера. Но така уште повеќе ми е жал за нив, бидејќи така само себе си се повредуваат уште повеќе. Што и мене ми нанесува поголема болка. Треба да знаат дека животот е тркало и дека кога тогаш се се враќа. п.с Што вика мајка ми, ``Еден ден и ти ќе имаш ќерка, ќе видиш дали ќе ти биде убаво кога ќе те нервира како ти мене``
Само ќе цитирам ’’Слабаците се одмаздуваат-Силните простуваат- Интелегентните игнорираат’’ Крај на приказната
МОЈ ЧОВЕК! Мора да вратам, па макар и после 15 години! Кога јас или некој близок мој е неправедно повреден....па нема да оставам сметките да бидат непорамнети