Не сум воопшто лоша но ако некој ме повреди секому враќам треба да почуствува на своја кожа за вторпат да не го стори тоа,да го игнорирам значи дека когаш тогаш пак ќе ме повреди,а овака откај ќе го повредам тадури му кажувам зошто сум го сторила тоа и завиоси од ситуација знам да прашам почуствува? гледаш колку е болно?вредеше ли?сега уживај во болката !
Признавам.. премногу сум мрзлива за одмазда. И немам време за тоа,кога нешто лошо ми направиле само гледам јас да продолжам понатаму.
Ауу, големо злопамтило сум. Некој да ми згреши и да ме повреди - нема шанси да не му вратам ! Гадна сум за такви работи, знам...
Не сум злопамтило, нешто што највеќе ме нервира се лошотилуците и човековата спремност за одмазда и враќање „мило за драго“. Толку ми е долно, просто и бесмислено, што не можам дури ни со збор да го опишам. Глупава ми е и изреката, као демек revenge is sweet, мислам - tell me about it ... Не знам што е тоа толку слатко во неа, што ги тера луѓето на сè да враќаат со лошотија. Мене брзо ми минува лутината и доколку некој ми згрешил или ме повредил на било каков начин, се трудам колку што можам да ги избегнувам таквите и контактот со нив да го сведам на нула. Има нешто посилно од личната одмаздата и кога-тогаш удира по глава. Кармата не е само обична кучка, напротив, би додала дека е мноооооогу интелигентна и дека си ја знае работата. Со секого.
Игнорирам. Ако на некого нешто значам или барем сум била значајна на момент, тоа е најголема одмазда.
Не простувам и не забравам. Кога - тогаш ќе дојдат и моите 5 минути ,па наздравје нека му е на тој што ми има згрешено нешто во животов. Уживам да му нанесувам болка на таквите злобни ,ниски хипокрити. Можеби ова ме прави лоша личност ,ама не ми е грижа. Помила сум си јас отколку некој сосем десетти.
Многу напор треба да се вложи за да се скрои одмазда, а таков напор таква личност не заслужува На крај краева, се' се враќа, ама во тој круг моите раце и душа чисти ќе си останат Дали е стратегија на одмазда што понекогаш сакам да им укажам на луѓето колку ме повредиле? Чисто да им дадам до знаење дека со некоја постапка повредиле друга личност. Дали ќе им се врати зависи од нивната совест. Сакам чисти сметки понекогаш, па се отворам. Одмазднички планови не кројам
Во суштина и не се замарам планирајки одмазда ,има некој горе што се гледа па враќа според заслуженото...Не дека не ме повредиле,ме повредиле многу и сум посакувала вака да им се одмаздам,онака во напад на болка и нервоза но се останвало на мисла барем засега...
На кој е потребно ке се одмаздам.Досега не сум се одмаздила,ама еден ден ке се одмаздам на некои личности....
СРЕЌАТА Е НАЈГОЛЕМА ОДМАЗДА.Бидете среќни-тоа за нив е најголема несреќа.И запомнете одмаздата нема да ве направи ниту среќни ниту задоволни ниту пак вие добивате од тоа нешто
Ne,nemam vreme da se zamaram so takvi niski licnosti.Kje cekam da im se vrati.Toa sto si poseal toa i kje si znees.
ДААА и ако некој ме повреди по секоја цена ќе му вратам.Мн пати ми се има случувано во живото да патам ради други,али и они си го добијат нивното.А ако не од мене оставам да и наплате тај шо гледа се одозгоре
Злопамтило сум огромно ама никогаш не кројам планови за одмазда. Како што идеа настаните, си видов оти се си доаѓа на свое место, секој си добива по нешто заради тоа што го направил. Најчесто тоа ми се случува од крајно непотребни личности во мојот живот со кои не сакам ништо веќе да имам и најчесто тие се ниски толку, колку што не вреди да трошам живци и време на нив. Памтам се, кој што ми направил, ама ете многу пати немам сила да му плеснам на некој во лице заради нешто. И тоа ми е најголемата слабост изгледа. Што сакам се со убаво, со мир. Ама се надевам ќе се извитоперчам еден ден и јас. Ама слатко си се смеам кога животот ќе го казни тој некој што претходно мене ме повредил.