Да прашам нешто, не сум доволно информирана, мислам дека темава е најсоодветна. Само што ми соопшти газдата дека годинава немаме право на одмор бидејќи сме го 'искористиле' за време на карантинот. Некој поинформиран од мене да ми каже точно???
Законски стариот одмор нели можеа да ни го земат газдите заклучно до мај за да не остануваат денови. А нов годишен одмор од 20-22 дена ти следува секако од 01.07 законски. Освен ако си на Определено на договори имаат некои други математтики со деновите не им ги разбирам Едит: да не ме разбереш погрешно. Пишав 01.07 бидејќи до 30.06 се користи стар одмор. Инаку со почнување на годината од 01 јануар синго добиваш ток одмор. Он за време ма карантинот ви исплаќал 100%плата?
Не ни исплаќаше 100% плата, туку скратено. Ама не беше во загуба голема што не работевме затоа што е ординација и фондот му исплаќаше секако пари за матичните пациенти, што се на мое име, ама тоа е друга тема.
Абе ако не "Ќари" македонче кој... важно си имаш ти одмор законски нека не те прави будала како може така а што да правиш приватно ако ти треба по некој ден? И за карантините фирмите работеа кој од дома кој со дозволи за работа
По истекот на 3 месеци се враќа работникот на работа? И од ново почнуваат да течат 6 месеци до стекнување на право на годишен одмор, и фактички со неплататено се губат привилегии како одмор, к-15, стаж..?
Разбирам. Ама како што слушнав од страна и од други професии, државно и приватно, им рекле немаат право на одмор.
Точно е. Сестра ми работи во приватна фирма. Кажуваше пред некој ден дека оваа година одмор нема. Еден период фирмата беше затворена и вработените седеа дома. Ете ти го одморот.
Јас колку што разбирам се е во мирување. Не губиш ништо, си продолжуваш каде што застануваш, само стаж немаш за периодот на неплатен одмор. Може грешам, ама вака јас си го сфаќам овој закон.
За државно они стариот им го земаа нов сите си имаат...глеј немаат право да ти укинат 20 и кусур дена ако е така тоа ти е платен одмор за кој ти следува 100% плата. Законски такво нешто не постои а тоа што газдите рекле нема одмор..може мислеле да не планирате одмори пошто му требаат луѓе да разработи пак отпочеток. Еве и нив ги разбирам Мислел како да даде плата, како никого да не избрка и сега му треба вработениот турбо за да ја надомести штетата...Но тоа не значи дека понатака нема да имаш одмор. Се зависи од бранша на фирма, газда и колку изгубил и колку работа ќе има за време летна сезона... бар тоа е мое мислење.
Приватна фирма на крај сама ќе си одлучи дали може или не може одмор. Тоа не значи дека важи за сите или дека Некој им дозволил тоа да го прават. Можат комотно да си ги пријават тие газди само фала богу во оваа беспарица никој нема да ризикува да пријави по цена да изгуби работно место...Ама далеку од тоа дека ова важи за сите фирми Платениот Одмор си е загарантиран.
А дали по истекот на 3 месеци има обврска работодавачот да го врати назад работникот? Доколку имаат претходно потпишано договор кој е валиден... Нашето право и правен систем е такво да кој како му одговара го интерпретира... Затоа и сакав да прашам
Колешка требање да почне на работа на 05.06.2020 година тогаш и престана породилното боледување од 9 месеци. Но ФЗО и испрати решение дека породилното отсуство се продолжува до траење на мерките за ковид 19. Е сега градинките ќе почнат на работа на 09.09.2020 година и логично би било да почне колешкава на работа. Што велите? А од друга страна јас сум бремена и треба да ме ослободат од работа но мене нема кој да ме замени.
Ако не земе нега за дете или некој друг вид боледување или одмор-сигурно ќе почне Не може да работи од дома?
Па тоа не ми е јасно дали треба да почне на работа од 09.09 (без разлика дали со нега или одмор ќе земе) или и продолжува породилното боледување до декември на пример.
Сега продолжуваат мерките да се ослободат вработените кои се хронично болни и оние кои се бремени. Според мене исплатата на породилното боледување кое е на терет на ФЗО со оваа одлука од 09.09.треба да се прекине со тој датум. Фондот не треба да им плаќа за породилно отсуство по истекот на девет месеци, зошто тие се вејќе со продолжено боледување над 10 11 месеци