Ако сте друштво за журчиња Сончев брег е одлично башка Несебар е многу блиску (1.80 е со автобус а има и бродчиња коштаат 10 лева во еден правец) и Свети Влас е исто толку блуску и се е супер само што водата не е убава. Плажите се прекрасни средени тип топ песокот е совршен ама водата не толку. Не само таму него секаде. Живеев во Бугарија 6 години и ги имам завртено тиристичкиве места уздуш и попреку. Муабетот ми е ако сакате шлапкање во вода и егзибиции ќе се разочарате. Многу има бранови, алги, ежови, медузи и секакви чуда. Последно бев пред во Сончев Брег лани и исто е ко стално не е скапо ниту сместувањето ниту храна и пијалаци. Во секој случај морето е неспиредливо со јадран или јонско ичи во Грција
Booking.com Преку ова некој е резервирал? Сакам појадок ручек и вечера да имам. Сауна. ( алл инклузив) Во јули месец. Несебар или сончев брег. Некој да ми објасни?
Пишуваш место, број на лица и датум од-до И после во филтерс штиклираш дека сакаш all inclusive или евентуално full board (најчесто без пијачки) Штиклираш и сауна Ќе ти ги излиста сите хотели што нудат тоа што сакаш и се слободни на тие датуми
Уште ова. Извини вака што те замарам. Треба да имам профил на страната? Од кога ќе изберам хотел според тоа што сакам. Како одат плаќањата и тие работи?? Фала
Или вака Некој што е бил сместен кај некои од луѓето што нудат на патот сместување ххх... да не има број или нешто такво. Јас бев кај една постара женаЈорданка во стан 5 мин од плажата во Несебар. Ама изгубив број.. а супер беше освен дека на 5 кат ама не е битно Како бирате кај кого да отидете кога ќе стигнете и почнат да ви нудат смештај на невидено. Мојот случај беше на видено ама бившиот ги баратеше тие раб. Ххххх
Можеш да имаш профил, тогаш ти ја зачувува резервацијата на профилот, па после неколку резервации има програма за лојалност каде што автоматски те вклучува и добиваш 10тина % попуст на одредени хотели.. А можеш и без профил.. Јас обично не одам така на слепо. Си резервирам на нет и мирна глава. Барем можам да видам и локација и слики.. а не кога ќе ме одвлече 2км на некоја страна, па не ме бендиса, да тепам пат назад и одново пак да барам..
Здраво феминки Летово сакам да одам во Несебар и затоа сакам да ве прашам за сместувањето и цените. Дали може да се најде и таму сместување на лице место, како во Охрид што е случајот и околу колку се движат цените ?
Би сакала да добијам повеќе инф за цените во сончев брег. Најдовме смештај во хотел со 2* појадок базент и превоз за 7 дена 150€ од лице. Но таму како се цените за храна и пијалоци?
Би сакала да добијам повеќе инф за цените во сончев брег. Најдовме смештај во хотел со 2* појадок базент и превоз за 7 дена 150€ од лице. Но таму како се цените за храна и пијалоци?
Ај да си го кажам и јас моето искуство со одмор во Бугарија, може ќе му помогне некому. Кога бевме на одмор во Сончев Брег, бевме сместени во хотел со 3* со појадок, но само еднаш бевме да појадуваме затоа што појадокот беше рано околу 7-9 часот сабајле, а ние не можевме да станеме. Цело време јадевме надвор, по ланџ барови и ресторани. Во Бугарија се доста пониски цените во однос на околните дестинации, па можеш да си дозволиш јадење надвор секој ден. Плажите се преубави песочни, но морето е катастрофа. Имаше постојано големи бранови, а поради тоа беше нечиста водата, полна со тревишта и медузи кои ти се мотаат околу нозете. Првите 2-3 дена влегував во морето, но после откога видов дека има медузи ми беше шубе да се бањам и само стоев на почетокот на морето или се сончав. Цената на лежалките беше околу 15лв, две лежалки заедно со еден чадор. Имаше многу гужва по плажите. Ноќен живот има и многу, скоро во секој ноќен клуб имаше танчерки. Преполно беше со млади Руси и Германци. Бевме и до Несебар, во стариот дел, убаво е и вреди да се посети кога веќе си таму. Со автобус одевме од Сончев Брег до Несебар и картата беше 1 лев, со такси е околу 15-20лв. А од Несебар до стариот дел се возевме со вовче и баш ми беше убаво и интересно. Но патот до Сончев Брег е многу исцрпувачки, се возевме цела ноќ, стигнавме сабајле во 10ч. Мислам дека не вреди толку возење за такво море колку и да е ефтино се останато. Не би отишла пак. Подобро 4-5 дена во Грција, отколку 9 дена во Бугарија со истите пари.
Пред 2год бев во несебар и на слепо си најдовме смештај. Само што не симна автобусот едно 15жени истрчаа накај нас и нудеа сместување. Околу 350ден плаќавме од човек, соба со посебно веце. Е сега кујни речиси нигде немаат, али затоа нонстоп купувавме готова храна од маркетите што е исто така поприлично евтина. Мене лично плажата ептен ми се свиѓаше, ситен песок, не беше многу прлјаво. Брановите ми се омилениот дел, не искачавме од вода по цели денови. Немаше медузи (бевме околу средината на јули) Луѓето што работеа по маркети итн беа многу љубезни, се трудеа да зборат македонски и ептен беа фини. Би идела пак, многу позитивен впечаток ми остави.
Каде е најубаво морето во Бг? Сакаме да одиме со сопругот годинава ама незнаеме каде е водата најубава?
Свети Влас кај Марина Диневи е екстра плажата. Се наплаќа влез за паркинг кај марината. Ресорт Албена е исто супер, Бургас е добра плажата но таму има бранови понекогаш, Златни Песоци е супер, но одма почнува длабоко, ако не ви е проблем тоа. Најлошитр плажи се Сончев Брег, Равда, Созопол и Несебар. Строго избегнувај ги.
Несебар најлоша плажа? Баш на јужната плажа е најубав песокот и водата. И ко дечко и девојка имаме идено со маж ми, и лани со две годишно дете бевме. Башка што има каде да се шета и шета..сончев брег е на 20 минути.
Се сложувам со ова. Мене ептен ме бендиса и менстенцето и плажите. Не знам што е за другите поим за убава плажа ама мене ми се убави плажите во Несебар. И северната не е лоша, ама јужната е подобра. https://forum.femina.mk/threads/Несебар-Бугарија.13354/page-3#post-4006606 еве слики од двете па видете си дали чинат плажите
Ти ја сликаше? Беше таму? Според долниот десен агол не, јас бев и кажувам истото и @Sesil го потврди.