1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во различно време

Дискусија во 'Врски' започната од askme, 21 јули 2011.

  1. askme

    askme Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Како размислувате на темава? Долга врска, полна со разбирање и доверба. Тој со другари на одмор? ДА или НЕ?!
    да продискутираме.... ;)
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Е сега значи има неколку верзии ситуацијава.
    Прво треба јасно да се посочи дали одбива да оди со девојката, а сака со другарите......или пак девојката не оди на одмор, а тој оди со другарите.
    Како и да е, ако тој пројавил интерес за одење со другарите и ако веќе се договорил, не можеш никако да го спречиш. Ако вечиш дека врската е долга, со разбирање и почит- не би требало да има проблеми :?:
    Од моја страна би рекла дека никогаш не може да имаме доверба во никој, но ти го знаеш дечко ти подобро.....најверојатно му ги знаеш и другарите.
    Направи проста математика, проанализирај малку и мислам дека ќе ја решиш дилемата ;)
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Оваа година за малце дечко ми ќе отидеше сам со друштвото на одмор, сега некако средивме и јас да одам..Пак ќе кажам 99 % одиме заедно. И да не одев не ми пречеше тоа што тој ќе оди, од причина што кратко сме заедно и не е убаво сега јас да му менувам план. А и на почеток на врска не ни сонувавме дека волку многу ќе се зближиме за толку кратко време.
    Но, во долга врска, некако ми е безврска да се оди одделно...Едвај чекаш да дојде лето, а нели штом си долго заедно значи се сакаш и сега да се одделиш, мене лично ми е глупаво.
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Мојот никогаш досега не изразил желба да оди сам со друштво без мене, а и да сака да го направи тоа може слободно да не ме замара кога ке се врати. Не оправдувам, ако се работи за долга врска. :)
     
    На Aniston и anastasijaki им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ние лани отидовме одделно на одмор, јас бев со другарките, он со брат му и уште еден другар на две сосема различни локации.
    Мене ми беше ок, иако околината, такви душебрижници околу мене не можеа да се начудат, па постојано си коментираа, распрашуваа со фацките чудилници, се изјаснуваа со нивни заклучоци што прави тој таму, со колку ли легнал, бре бре ... |(
    просто мигрена ме акна од таквите, ги ставив на игнор и си уживав во мојот одмор.

    И супер си поминавме, немавме никаков проблем после тоа.
    Што е до мене, да си имам доволно пари, секоја година покрај заедничкиот одмор би одела на уште еден само со женско друштво и истата дозвола ја има и он.
    Иако, малку потешко оди сега, сите се спарени, а другите девојки не дозволуваат такви екскурзии повеќе.

    Они едвај се накануваат да истрпат една вечер кога само машките се излезени во град, камоли одмор. |(

    Глупости, многу ми се прости ваквите девојки.
    Полни се недоверба, љубомора, параноја и посесивност.
    Може да оди каде сака и истото важи и за мене.
    Не сме залепени еден за друг со секундарен.

    А таквите кои фрчат со носето и се полни закани - аха, оди ама мене ќе ме нема кога ќе се вратиш, дополнително може само да го накур*ат типот, па да не мора да избега 700 км малку на раат од секојдневието, туку да ја изневери и позади зграда ако му се сака и ако тоа е неговата намера.
     
    На Dpokahontas, Strumfeta93, SexiLy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мое лично мислење :) . Со дечко никогаш не сум била на одмор :lol: . Едноставно не ми биле сериозни врските за да планирам или сакам такво нешто. А со последниот дечко - сега маж и со него не сум била. Имаше оправдани причини да тој неможеше да дојде а јас бев. Ееее со него би одела, знаев дека е сериозна врската. Ова е мое искуство.
    Ако е долга врската а сериозна намерата :) зошто да пречи. Ако се има доверба и памет во глава не гледам некој повод за трескање глава во зид. Ама ако е кратка и несериозна тогаш мислам дека нема потреба од психолошко замарање.
    Сепак индивидуално е...
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Строго НЕ :tmi: Ако е долга врската и ако е сериозно нема потреба од такви екскурзии.. Зошто да сме 1 недела разделени на места каде може сами да правиме што сакаме кога може за тоа време да сме заедно ? Се знае зошто се оди на одмор сам со друштво а ако сака забава со другарите не треба да оди на одмор со нив за тоа да го добие ;)
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Тој беше сам на одмор оваа година, немав ништо против што отиде сам, но бев лута затоа што никогаш не сме биле заедно. Најинтересно беше што ми кажа од кога стигна таму. :lol: Кога ми кажа дека ќе може да си дозволи и со мене барем викенд наредниот месец, престанав да се лутам. Драго ми е што беше сам, затоа што тој ретко се забавува. Искрено како созревам се повеќе ми е важна слободата и довербата во врската. Немам ништо против ако двајца се одлучат да одат посебно на одмор, а можат за себе да си дозволат барем викенд некаде сами. Кај нас е лошо тоа што сите се држат до тоа дека мора постојано да се заедно, што е многу лошо. Гуши тоа. Ако преку цела година сте секој ден заедно, зошто не одморите еден од друг десет дена? Верувам дека тоа позитивно ќе влијае на вашата врска.
     
  9. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Еве годинава не одиме заедно на одмор од повеќе причини испадна така иако сакавме да одиме заедно. Немам причина да бидам љубоморна важно ми е убаво да си поминам на одмор а и тој кога веќе не може заедно да одиме, не е крај на светот. Се сложувам со Трендафилка кога би имала повеќе пари би заминала на одмор еднаш со него, еднаш со другарки и еднаш со моиве. И јас задоволна и тие задоволни 8)
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    38.276
    Пол:
    Женски
    Јас и дечко ми прв пат оваа година ќе одиме заедно на одмор, 3 год сме во врска и до сега одевме одвоено.Лани јас не бев на одмор од финансиска причина, но тој беше со другар и мене тоа воопшто не ми сметаше.Полани бевме јас со друштво и тој со друштво во исто време на исто место па бевме и заедно и одвоено.

    Немам против да оди сам со другарите на одмор секако доколку и тој нема против да одам јас со другарките на одмор сама.Би ми било единствено криво и би била лута доколку јас имам средства и сакам да одам, а тој сепак ме остава сама и заминува со другарите и покрај фактот пр. секоја година да идел со нив, исто и ако ситуацијата е обратна би го сфатила ако ми се лути јас да постапам така.

    Ако си верувате еден на друг мислам дека нема место за паника, не значи дека само доколку е на одмор или далеку од тебе може да те изневери.
     
  11. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    До сега ни се нема случено а и немаме некоја желба да одиме одделено..но еве ако некогаш сакаме зошто да не...како тој студира во друг град а јас во друг живеам јас така цела година врвам па сега за 10 дена ако оди негде на одмор сам чудоо..освен ако мене ме одбива за да оди со ддругарите на то би се лутела
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не би ми пречело слободно нека оди ако има желба, нормално би го мислела често што прави, со кој е сега и би си правела филмови во глава, ахам да еве сеа и се пушта на некоја :lol: Но ние имаме врска, па и брак да имаме не сме во затвор двајцата па нема мрдање и со лисици споени еден со друг да сме! Досега не бил без мене на одмор, бил на некој ден надвор од Скопје, ич не го замарав ни го расрашував до детал, мразам онакви муабети полни со љубомора ко божем бил на викенд и 72 часа се сексал со некоја. Сметам дека тоа ќе се примети веднаш, не дека сум сигурна дека не ме лаже, на никој не верувам 100% па ни себе.
    Јас пред некоја година имав повеќе средства бев со него на одмор, бев со другарките, бев со моите на одмор. Ништо не ми рече, додуше на крај на летото пререче дека многу помалку сме се гледале :D
    Лани имав избор или со него на краток одмор да одам или со моите родители на одмор од соништата, а плус мајка ми имаше здравствени проблеми па ги одбрав родителите. Ич не се каам, а и тој ни на секунда не ми пререче.
    Забраната за одење оделно на одмор ми е како ризичен степен на љубомора. А таа ич не ја оправдувам. :!:
     
    На senza.parole, Doozy, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Немам никаков проблем тој да оди на одмор со другари, во моментов е на одмор со другари :) ете тој имаше повеќе средства од мене, па можеше да истера и со мене, а сега и со нив. Да можев и јас ќе одев со другарките ама меѓу море и езеро си го избрав морето т.е дечкото :)
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Зошто да не одиме одвоено? Доколку не сме во можност да се усогласиме со тајмингот за одмор, или еден од нас има проблем со финансиите, ако има некоја понуда која му се допаѓа може слободно да оди. Истото важи и за мене, нормално. Не е фер да се спречува некој да не оди на одмор, а има каде, кога и со кого. Одморот на сите нас ни е и повеќе од потребен, и сметам дека секој од нас треба да ја искористи секоја шанса.

    p.s. Првото лето се случи да не сме заедно на одмор, т.е. јас бев, тој не беше никаде на одмор тоа лето. Башка, ептен бевме тазе, јас веќе имав уплатено кога почнавме. :P
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Ми е глупо во долга врска да одиме разделено кога можиме да одиме двајцата заедно и прекрасно да си поминиме , а ако е кратка врската и не сериозна тогаш тој со другарите јас со другарките тоа е нормално не дека не му верувам на дечко ми ама не знам некако ми е глупаво тоа долга врска а оделено на одмор
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    зошто да не ?
    добро сеа секогаш она старото,што ли ќе прави,може ли да ме излаже,да не ме вара,да не не го прави тоа што ми кажува..
    епа девојки како што ние имаме потреба од другарки и тие имаат потреба од машко друштво.
    јас не гледам проблем ако отиде со другарите на одмор ама баш никаков,мојот минатото лето беше прво со друштво па после заедно,пред да отиде му зборев вака така,но ако сакал нешто ќе направел,нема причина за нервоза.
    добро секој си го знае својот партнер и секој знае до каде и колку може да му верува :)
     
  17. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    глупаво е да ме одбие мене заради другарите , но сепак зависи од ситуацијата , од врската итн .
    Не му забранувам да оди со другарите , ниту он мене , но сепак тоа си го дозволуваме сега кога имаме можност и двајцата да да одиме заедно на одмор и плус со другарите /другарките .
    Бевме во јуни заедно , во меѓувреме јас еднаш до грчка и два викенди со другарките на викенд , он е моментално со другарите на одмор , во август ке одиме пак заедно .
    А да имаме само 15 дена можност за одмор и он да ги искористи за со другарите - богами би се наљутила .
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да пишував мислење на темава само 8-10 месеци порано, ќе кажев сам по сам на одмор .. страшно.
    Сега нема да пишам така, и баш тоа предизвикува насмевка на моето лице.
    Оваа година ќе оди сам. Свесна сум дека ќе скисне 25 дена ако не и месец, ама не ми смета.
    Искрено, јас и бев таа што му реков оди оваа година сам.
    Баш во долга врска довербата е поголема.
    Да, јас ќе го мислам, да ќе имам бош денови, ќе ми биде тешко, ќе ми недостига, можеби некогаш и ќе се подкараме, но ако тој сака нешто да направи може и тука. Кога ќе ми се јави и ќе ми рече легнувам да преспијам после ќе те барам, слободно може да си викне некоја, да си ја изе*е и никому ништо.
    А не ми смета што ќе оди сам и од друга причина освен што му верувам.
    Претежно кога одиме заедно како лани и прехлани, одиме со друштво и јас и тој се караме заради други. Секогаш заради други ќе ја спукаме ние. Во 20 и некој ден сигурно 5-6 пати заради друг се скаравме. А кога сме сами се е совршено. Затоа ќе го одвлечкам на два три дена сами да одмориме од се, а додека е тој на одмор ќе спремам испити. После тоа следат нашите денови.
    А ќе се одвлечкам и на викенд со другарките да ги изненадам пошто и тие пак отидоа и ќе скиснат.
    И тој ништо нема да ми пререче.
    За многумина сум будала што таму ќе има и девојчиња а тој нели сам без девојка му, а тие слаби, убави, плус има една бивша мувачица со која ме има изварано пред некои четири години, и пак не ми смета. Сега не ни прават муабет ама нема врска. Битно таму ќе е а подобро за мене би било да не правам караници за џабе.
    Му верувам, кога ќе ме погледне во очи и ќе ми каже немаш потреба да се грижиш за ништо јас му верувам. И доколку направи нешто со било која јас ќе знам. Го знам.
    И кога ќе се врати таков црн, убав, најубав, а јас ослабена, некако знам дека врската ќе ни биде на уште повисоко ниво од ова... а јас едвај чекам. :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Оправдувам. Една врска не значи прекинување на сите други контакти, не треба човек да се отсече од светот. Многу честа грешка во долгите врски, луѓето стануваат ограничени и гледаат само за нив двајцата, другите, ма кој ги ферма.

    Ако ви е страв дека ќе ве изневери, тогаш довербата е на многу ниско ниво во врската. Затоа што, едно зрело момче, со јасен став за животот, кој ја сака својата девојка, не оди на одмор да брка пичиња. :D Кога ќе слушнам коментари од типот - ќе се опуштел, ќе се заборавел... А-л-о, демек ова е шестгодишно дете па ќе се заборави. :fubar: За мене, за сите созреани и самостојни луѓе, опуштање не значи и заборавање на девојката дома. Опуштање е да се изнарипаш со другарите/другарките, да се изнажуркаш, да лежиш на плажа, абе се што ти душа сака. Плус, кој сака да изневери, може да го направи тоа додека вие комотно спиете и го сонувате како ве гушка. :x

    На крај краева, која сум јас да судам. Како ви одговара правете, само немојте претерано да љубоморите, забранувате и да се заканувате... Љубовта бара слобода. Уживајте малку повеќе, а замарајте се малку помалку. ;)
     
    На butterfly.93 и duffi им се допаѓа ова.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    So mene na odmor zaedno <3