Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во различно време

Дискусија во 'Врски' започната од askme, 21 јули 2011.

  1. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не иде у предвид тоа ,
    нема да идам ни ја а нема ни он,ако дојде до тоа значи нешто не е у ред

    значи едно големо не
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Денес за прв пат ја начнавме оваа тема, од никаде падна за тоа муабет. Дечко ми смета дека е во ред јас да отидам сама на одмор(доколку не ни се поклопат одморите), па по некој ден да дојде и тој, нормално сето ова го поддржува и кога би имало и деца во целата приказна.
    Но, јас јасно кажав, ако дојде ред да не ни се поклопат одморите, да ни бидат само 3дена во исто време, тие три дена ќе се оди на одмор, никако одвоено, а посебно не би мрднала од дома сама со дете.
    Разбирам јас се, и излегување во град со друштво и шетање, одење по гости сами, но одмор и вакви некои семејни работи НИКАКО одвоено, па и по цена да не се отиде на одмор.
    Мислам која е логиката да имаш некој во животот а да одиш сам на одмор, на празници, викенди и сл. ?!?!?! За мене тоа не е во ред, па посебно не кога би требало жена да оди сама со дете на одмор па и во друга држава, не дај боже да крене температура, за кај е сама жена.

    Од друга страна ги поддржувам врските каде партнерите имаат слобода и си даваат за право да отидат на одмор со друштво без партнерот, нормално за сето ова потребна е голема доверба и е во ред се додека се работи за врска, пак ќе кажам доколку е семејство во прашање, јас сум против ова.
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Мене ми е глупаво ова. Зошто? Толку обврски имам преку цела година,кои ме оддалечуваат од дечко ми, што одморот само со него би ми бил одмор во права смисла на зборот,надоместување за се,а не одвоено.
    Се правиме заедно,зошто одморот би бил исклучок?

    Две изминати лета двајцата не одиме на одмор поради проблеми што јас ги имав,тој направи жртва и не отиде со друштво,а можеше. Ми рече, не одиш ти - не одам ни јас.
    Чувствував грижа на совест признавам и немаше да му се налутам ниту да го спречам да оди, но ако го направеше тоа којзнае што ќе беше со нас, можеби ваквите жртви ни ја зацврстија врската, како што некој тоа го постигнува со одвоен одмор.

    Ама ќе кажам пак, иако не би му се налутила,сепак не би ми било сеедно - едноставно ми е безврска.
     
  4. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    И јас сум за тоа дека ако сака да те изневери може во секој момент... Јас со дечкоми досега не сум одеела на одмор...одиме 2 години, а јас не сум мн голема(16) за да уште сега одиме заедно надвор од мк или Охрид. Но, оваа лето ке одиме за Германија на 2 месеца. Таму е мајками и решивме и тој да дојде. Едвај чекам да поминат тие 15-20 дена и да одиме :) :D
     
  5. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека тој е најголемата причина поради тоа што нема да заминам со моите и со братучедите на одмор, се надевам дека тој ќе го цени тоа, или ќе оди ако јас одам со него, или нема да оди, и со мене ќе скапе тука во Скопјево :D
     
  6. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Заебете доверба откако ке оди со другарите на одмор... Точно дека и до вас може да изневери, но сепак, овде сте вие и со вас се забавува... Ако оди со другарите, со нив ке се опијани, и од 10 вечери тамо ке спие со најмалку 15 женски ;) Инаку што друго би правеле, мослите ке одат во 10 наутро на плажа ? Ке се опијанат и ке си легнат сами? Правете се модерни и созреани, но размислете малку пореално :)

    Исто е и со девојките, што би правеле 5 другарки сами некаде на далеку, место полно со слободни мажи... Плажа, топло време, алкохол и секако неизбежно секс со непознат..

    Ако дечкото ви бил на одмор во Бугарија, а со него имате незаштитени односи - совет да си направите тестови за болести и инфекции :)
     
  7. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Лани бевме одвоено, оваа година тој ќе оди со друштво, душичка ме молеше уште на колена да клекне да одма со него но тие ќе бидат само момци и ми е срам дека ќе испаднам болно љубоморна девојка која не го пушта дечото ни 10 дена. Инаку јас во тоа време ќе бидам исто во Охрид со моите што сеедно ќе бидеме заедно :D