1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Припадник на полициски алфи претепал момче до смрт, тврдат очевидци


    Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.

    “ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден кабел и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г.

    Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале.

    Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес дечкото бил донесен од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство.

    По наредба на на Истражен судија, телото било пренесено во судка медицина и дадено на обдукција.


    Извор:
    http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87462&kategorija=1

    Што мислите? Сте биле ли сведоци на некоја ваква случка? Искрено ми се згади кога прочитав, а сум била и јас сведок на ваков настан..
    Ако е темата веќе постоечка, или има слична избришете ја
     
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    До сега не сум била сведок на ваков настан, не дај боже и да бидам(доста е од вакви настани). Но многу сум згрозена од настанов и од други вакви слични настани. А сето малтретирање што го прави полицијата и специјалните едници е бидејќи нема кој да им застане на патот и да им пререче. Обичниот човек има страв во коски од нив да не му се случи и него истото ако им приговори, а надлежните, па они тогаш се глуви и се прават ненадлежни. Во Македонија се се одвива така, никој за ништо не е надлежен и никој ништо не спречува само од страна гледа што се случува. Жално.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Телохранител на Мијалков со мотор прегази пензионер

    Очевидци тврдат дека Ален Зеќиров, вработен во МВР, возел со 150 километри на час, а загинатиот велосипедист Симо Серафимовски бил отфрлен десетина метри од пешачкиот премин

    Скопјанецот Ален Зеќиров (27), вработен во обезбедувањето на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, завчера со мотор усмртил велосипедист на булеварот Партизански одреди во Скопје. Очевидци тврдат дека тој возел со 150 километри на час, но од полицијата не дадоа конкретни информации за причините за несреќата. Сообраќајката се случила околу 19 часот, спроти Трговскиот центар „Буњаковец“, на просторот меѓу Градежниот факултет и пазарчето. Во трагичната сообраќајка загинал Симо Серафимовски (73) од Скопје, кој во тој момент поминувал на пешачки премин. Тој по ударот летнал десетина метри од местото на несреќата, но се' уште бил жив. Серафимовски починал во болница. Возачот на моторот е повреден и по несреќата бил однесен на лекување во Ургентниот центар, каде што е задржан. Министерката Гордана Јанкуловска потврди дека Зеќиров е вработен во МВР.

    - Жалам за загубениот живот. Без разлика што мотоциклистот е од МВР, процедурата е јасна и според Законот за безбедноста во сообраќајот против него ќе има пријава - рече Јанкуловска.Таа не знаеше дали Зеќиров бил пијан и со која брзина го управувал моторот. Ако против него биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, ќе се соочи со казна затвор и до пет години ако се докаже дека е виновен.

    Зеќиров возел мотор „агуста“, кој може да развие голема брзина. Некои модели чинат и над 100.000 долари, а може да развијат брзина и до 300 километри на час. Очевидци раскажуваат дека кога моторот го удрил, велосипедистот бил отфрлен неколку метри подалеку. По падот Серафимовски се' уште давал знаци на живот. Минувачи веднаш повикале Брза помош, која за кратко време ги однела повредените во Ургентниот центар. Како последица на тешките повреди Серафимовски набргу починал. Граѓаните што живеат во близина на Партизанска велат дека ваквите слики се нивно секојдневие.

    - На Партизанска никој не внимава како вози. Секојдневно овде има трки со мотори, па луѓето ја нарекуваат тркачка патека. Многу млади момчиња загинаа на улиците токму поради нивните лудории. Навечер врие од бесни моторџии кои не внимаваат на другите учесници во сообраќајот и на пешаците. Откако се затопли досега повеќепати пријавив во полиција, но џабе - револтирано изјави скопјанец, сведок на трагичната сообраќајка.
    Во МВР велат дека е направен записник за сообраќајната несреќа и дека ќе бидат преземени сите законски мерки.

    Претходниот ден и министерката Јанкуловска имаше сообраќајка. Несреќата се случила на булеварот Кочо Рацин, пред Олимпискиот базен во центарот на Скопје. Еден од полициските „пасати“ директно удрил во автомобил „застава 128“, а потоа во него удрило и „бмв“ во кое се возела Јанкуловска. Од ударот возачот на „заставата“ бил лесно повреден. Тој веднаш бил однесен во Градската болница и по лекарскиот преглед бил пуштен на домашно лекување. Министерката не била повредена. Одлично се чувствувам. Испочитувани беа сите процедури за движењето на полициските возила. По сообраќајката се направени увид и записник и од Внатрешната контрола на МВР - кратко одговори вчера Јанкуловска.


    еве го тоа за кое збори фемина
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Последно што најдов на темава со телохранителов е дека во декември е објавено дека сеуште е отворн случајот. Така што, не е дека поминал туку-така, сеуште има случај кој кога-тогаш ќе се затвори некогаш.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Страшно јас за нив мислам дека им се може што ќе посакаат....
    Народот најчесто од нив се плаши...
    И всушност работат на тоа, не остана друго па со наредби од искомплексирани политичари кои кога ќе дојдат на влас ги користат да му се одмаздат на политичкиот противкандидат само ја докажуваат непрофесионалноста...
    А да не зборувам во какви се смешни, трагикомични и случаи кои не се од голема штета на државно и безбедносно ниво ги активираат...
    Простаклук :fubar:
     
  6. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Овс што се случува е страшно. Има ли некој во државава што е надлежен кога ќе се случи нешто вакво? Не. Без осет докажуваат моќ. На кого? ..
     
  7. LittleMissSunshine

    LittleMissSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Колку што ми текнува и овој случај не го решија :^)
    Полицајци го демолираа Процес?!


    МВР вчера одржа прес-конференција, на која образложи дека досега внатрешната контрола не утврдила оти припадници на полицијата учествувале во тепањето и демолирањето на скопскиот ноќен клуб



    Нападот во дискотеката "Процес" го има извршено полициска формација. Од она што се гледа на снимките од подземниот паркинг во ГТЦ се работи за специјална полициска формација. Обучени момци. Се гледа како од возилата земаа средства што им служеа за овој варварски чин.
    Ова вчера го изјави пратеникот Есад Рахиќ, брат на косопственикот на "Процес", Сеад Рахиќ.
    Тој вели дека истите луѓе, видени на снимките од паркингот во ГТЦ, потоа го нападнале обезбедувањето на дискотеката од две страни. Според него, ова било направено за обезбедувањето да нема време да реагира. Тој додаде дека е загрижен за безбедносната ситуација во земјава и побара премиерот Никола Груевски да ги разреши министерите за одбрана и за внатрешни работи.
    - Прво, имаше три камиони со тешко оружје кои слободно се шетаат низ Македонија, а потоа следеше упад на полициска формација во дискотека, каде што гости претежно беа малолетници, при што имаше тешко повредени. За помали грешки во други држави паѓаат влади - вели Рахиќ.
    Тој не сака да шпекулира која е заднината на целиот случај.
    - Очигледно еден дел од полицијата си ја заврши својата "работа". Сега очекувам другиот дел од МВР да ги демаскира и да ги приведе овие лица пред органите на правдата, изјави Рахиќ.
    Вчера пак за тешкиот инцидент во дискотеката "Процес" прес-конференција одржа помошник-министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, Воислав Зафировски.
    "Поради јавно изнесените сомневања по медиумите дека полицајци учествувале во вандалскиот инцидент во дискотеката "Процес", МВР спроведува детална внатрешна истрага за расветлување на случајот. Извршивме детална проверка на здравствената состојба на 270 од 470 припадници на полициската единица СЕБАР, кои критичната вечер не биле на должност. Кај ниту еден од нив не е утврдено никаква повреда, што би индицирала дека е добиена за врема на инцидентот. Останатите 200 припадници ноќта биле на должност на своите работни места - објасни Зафировски.
    Тој додаде дека на видеоматеријалите во еден момент јасно се гледало дека лице со тупаница удира и крши стакло. "Тоа лице би требало да има повреди на раката, а кај ниту еден припадник од оние испитаните не е евидентирано такво нешто" - рече помошник-министерот за внатрешна контрола.

    Тој беше дециден дека ако се утврди од истрагата оти учесниците во вандалскиот чин се припадници во полицијата, тие ќе биле соодветно санкционирани и со кривични пријави ќе биле предадени на судот.
    "На вакви лица не им е местото меѓу нашите редови"- изјави Зафировски.
    На прес-конференцијата беше кажано дека МВР поднело барање до централата на Градскиот трговски центар за да ги добие видеоматеријалите кои се снимани од камерите на нивната безбедносна служба.
    Од друга страна, пак, Оливер Богоевски еден од претепаните обезбедувачи на дискотеката е сигурен оти напаѓачите се полицајци.
    "Сите имаа пендреци и пиштоли" - вели тој.
    Истото го тврди и вториот повреден, Тони Манев.

    АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ БАРА
    Гордана Јанкуловска мора да понесе одговорност
    Либерално-демократската партија смета дека министерката за внатрешни работи мора да сноси одговорност за саботниот инцидент во скопската дискотека "Процес", во кој четворица членови на обезбедувањето и еден малолетник беа претепани од триесетина маскирани и вооружени лица. Пратеникот Андреј Жерновски вели дека се враќаат старите методи на заплашување на граѓаните.
    - За време на инцидентот бев во непосредна близина. Не го напуштивме локалот се додека не се разотидоа напаѓачите бидејќи удираа во секој случаен минувач. Кога излегов надвор буквално газев во локви крв. Подготвен сум да се јавам како сведок ако тоа од мене го побара полицијата, - рече вчера Жерновски.извор-вечер
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Маја,тебе толку многу ти е мила партијата,што дури ни човечки живот не те колеба.
    Карма ис а бич,уат гоус араунд камс араунд.

    За муда да ги бесиш сите на плоштад.
    Гнаси.
     
    На lolyta777, enca.69 и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    кои муда??? 8) тие немаат муда!
    све дунди!
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Да бе, ќе се затворат кога врбата ќе роди грозје. За 30 минути има три вакви, да не зборувам колку се прикриени. Зарем нема момчето семејство? Нив ќе ги лажат дека умрело детето онака, од некоја причина ко од Хаус.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Maja ти наивна се правиш или наивна си?Кога-тогаш ќе се решел :D :D Ех, две гопдини се поминати, тој решетка не виде,уште на работа оди и трои државни пари, случајот ќе се решел...да, кога ќе се смени власта :)
     
    На slatkichKa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еве сега на А1 кажуваат за детето.
     
  13. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Да беше само овој случај добро ќе беше. Пред една година лично видов како Алфи за „загревање“ претепаа еден човек, а потоа тивко си го ставија во багажник и си отидоа. На сред бел ден. И НИКОЈ ништо не направи.. Полиција ли да викнам? Поенатата ми е дека не е возможно да се спречат, и тоа е тоа.
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Иво јаден не знае, не било пријавен настанот, ој боже. И толку од приказнава, еј, новинари алоо не ми се верува.
     
  15. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Касно пуштив, сега слушам за Љубе.
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Актуелни политички настани

    Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.

    “ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден kabel и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. ;( Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г.

    Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо :x го гледале.

    Извор: Нетпрес


    леле сирото дете ;( , можам да замислам како им е сега на родителите, здраво право ќе излези и како ќе се врати или нема да се врати.

    и после нека некој ми каже дека сме безбедна држава.

    им следува отштета од државата но ако се смилуваат...
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Лилит ако реално ги гледаш работите ( а не сакаш реално да ги видиш) ќе видиш дека во ниту еден момент не го оправдав убиството на детето, и дека цело време велам дека сторителот треба најстрого да се казни!
    и верувам дека ќе се казни
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    НИшто им порача на тие што имаат сознанија да пријават, тој не бил информиран, бидејќи немало пријавен таков случај, имало само нешто за на плоштад што се случило, а овие само ја пренесоа информацијата од Нетпрес.
    Има поважни настани бре. Каде се троши за ова сега ем новинар, ем простор |( .
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Греота детето......кој сега ќе биде казнет за тоа злодело. Верувам никој! Ќе се заташка и како ништо да не било.
    Во овој момент можам слободно да кажам дека ги мразам!!! Го пушташ детето во град, а таму некој си неписмен и ненормален го претепува до смрт. Малку совест, малку да покажеа.
    Сега Никола ќе се дуе на телевизија, ќе се краси со перја за добиените извори.
    Аман бе луѓе, ружи ли ви цветаат со власта ????.........јас насекаде само црнила гледам и нерегуларност!!!

    Уште пак на биопсија утврдиле дека немало траги ан насилство, а очевидец кажува дека детето било брутално тепано. Јас знам на кој му верувам. Не се умира од два шамара :@
     
    На lolyta777, julie77 и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  20. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Е јас кога пријавив за семејно насилство кај соседите, каде мажот буквално ја претепа жената до брза помош стигна, кога бевме во полиција со мајка ми, прашав што се случило со тоа и ми рекоа дека нема пријавено таков случај. И после праведна била полицијата. Сепак, мажот кој го изврши тоа е припадник на партија (не е релевантно која). Срамота.

    .. :/