Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Да не се дознаеше идентитетот на овој монструмов од тигрите, сигурна сум дека МВР на чело со Гоца и Велики Брат во позадина, немаа да го обелоденат јавно кој е и што е итн... |(
     
    На esperanca, SunFlower94 и slatkichKa123 им се допаѓа ова.
  2. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Зошто разбрав дека немалода покренат обвиненија? Или како можност го кажаа? Срамота. Да ги видам како ке реагираа ако се случеше истото на нивно дете..
     
  3. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Беше ли некој денес на протест?
     
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Da bevme dragi moi nie normalna drzhava...Jankulovska trebashe poditno da si dade ostavka...a ne uste da gi brani...Sramota...mi e sram shto sum del od ovaa mala unazadena drzhavicka
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    [​IMG]

    Brave policeman attacked the most dangerous man in the crowd
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Mалку народ овде има
    ама многу полиција
    секој на по една глава,
    пендрек мава, пендрек мава...

    Македонска полиција подобра е и од ЦИА
    Кој во раце ќе и падне ШТО СЕ РОДИЛ ЌЕ СЕ КАЕ (Буквално) :o :tmi:

    http://www.youtube.com/watch?v=w-IvVswv ... detailpage
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Сакам да кажам...

    Само што го прочитав и останав без зборови :x Жално е тоа што и ова ќе помине како и се друго во државава, колку и да ме боли се повеќе мислам дека и младината која протестира нема да смени ништо... :(
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Сакам да кажам...

    Се знаело уште истата вечер за убиството, полицајци биле вмешани во прикривањето на убиството...останав и јас без зборови, без коментар.
    Се чудам зар е можно да молчиме и за вакво нешто. Деца умираат, а ние бистриме политика и го величиме нашиот премиер. Ова ли е премиер кој се обиде да заташка убиство на млад човак?
    Срамота! :puke:
    Ајде сега скокајте и бранејте го господинот премиер. Ако може ова да се одбрани.
    Амнестија на терористите, затшкување на убиство на млад човек... Што е следно?
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Епа људи мои, ово нема ни у Београду :envy: .
    Алоооо ќутам, игнорирам, ама постов во СДК беше го прочитав и ми се поткрена желудникот, од нервоза.
    Значи стварно толку површно гледање на работите, за срамота е.
    Ај малце погледнете подлабоко, до вчера Бранко беше крив за се, денес Грујо.
    Што е кажи ми според тебе Груевски крив, лично го видел убиството, па тој намерно со умисла го прикрил?
    Баш сакам да чујам одговор, ама концизен а не мешање муда и бубрези тој вака-така, туку прашањето ми е доволно јасно и очекувам јасен одговор.

    Значи мешаме политика и како зачин во ручек, па стварно немогуче е ова, си ја упропастуваме државата, за срамота сме, ние сме биле младина, ние сме биле иднина...
    Ако не чека ваква иднина јас фаќам јажето и правец на кривата цреша во двор се бесам, ама ова најсериозно го мислам.
    Значи луѓе, едно е полиција, друго е полициски службеник, трето е Груевски а четврто е нашето односно вашето површно гледање и припишување се на лидерот.

    Значи крив е убиецот и цела таа багра окулу него, за кои сведокот збори, тие дошле го собрале и го однеле во капела. Јас нигде не прочитав име кое е поврзано со името на премиерот и на нему блиски луѓе. Ќе ми извините знам јас добро што е цензура и што заштита на сведок, но да се разбереме, баграта на тој бивши волк и нему блиските пријателчиња кои му се секако соучесници од причина што свесно го криеле и му помогнале да прикрие кривчино дело-убиство се тие кои треба да гнијат во затвор а не тука да извитоперуваме причи.
    Си оделе вмровциве со наведната глава, си оделе може оти им гори под нозе како со толкав процент гласови да формираат влада кога Албанците имаат плафонски барања, одат со наведната глава оти тој ден само делумно победија а се спремаа за нешто помпезно и тако даље.

    И да, очекувам постов да ми летне во канта ама чисто да ставам до знаење дека понекогаш телефонската жица на бандера не треба да ни го означува хоризонтот на гледање на работите.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    За крив не е, туку оние во МВР се криви што се обидуваа да заташкаат. Се сеќавам на изјавите на Иво кога велеше дека во МВР не биле известени дека се случило убиство, а тие цело време знаеле за тоа. И Јанкуловска требаше да си поднесе оставка, од морални причини барем.
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офи точно, одговорност значи моралната одговорност може да стигне и до Груевски, но едно е морална а друго кривична нели? А кога сме кај моралната одговорност конректно кај нас моралната одговорност скоро и да е само термин, онака колку да има што да наброиме како видови одговорност на државните службеници, а ова нашиве политичари по тоа прашање се доста неписмени зошто во пракса многу, ама баш многу малку министри поднеле оставка повикувајки се на морална одговорност, скоро и да ги нема таквите.

    Котевски а и остала компанија, портпароли и сл. пиунчиња играат како други им свират, неможе тој да каже имаше убиство макар и со свои очи видел, кога нема писмен извештај, а сега ќе се повикам на претходно повиканото сведочење и ќе кажам дека таа багра, што го собрала детево не била ојле-дојле веруј ми, судска медицина и вештаци, без нивен извештај Иво не смее да писне, така сега претпоставувам јасен е отрпилка текот на настаните и неговото негирање.

    Плус, утре мене недај Боже некој вакво нешто на мое дете да му направи, па мислам во револт ќе ја обвинам државата но искрено јас сум таа што на тој бездушник лично и персонално има да му ѕвиѕнам неколку метци во глава, прво на неговото дете а потоа и нему, па макар и горела на клада на сред плоштад.
    Ќе бараме убиец, конретна личност, кој посегнал по неговиот живот, мене Иво, Јанкуловска, Вмро, Груевски и остали од нивна компанија ништо не ми наоравиле, тој (како и да се вика-не ми текнува) е виновен и ќе сноси казна, тоа што било прослава, тоа што Вмро е моментално владачка партија е мање битно, виновен е тој што го претепал и тие што го заташкале случајот.
    А зошто се труделе да заташкаат и како да го изведат тоа, се за жал само едни од задкулисните игри во политиката, во кои и да сакам неможам да навлезам, прво зашто само ќе шпекулирам, а тоа богами според мене не е потребно за една вака сериозна дискусија.

    И толку фама се крена за овој случај, се запраша ли некој зошто?
    Еве јас ќе кажам, затоа што некој има корист од овој случај, дал игра улога политичката позадина, опозиција и позиција незнам. Но знам дека ми е жал за тие родители, но чисто само за потсетување што се случи со средношколецот кој беше убиен во школски двор со цигла, непосредно пред Мартин.
    Зошто од тој случај не видовме ниту епилог, ниту сведочење, туку ние го заборавивме, но ова го паметиме зошто медимумите не боцкаат.
    Од таа причина, молим лепо без трескање од земја до толку, единствено што можеме да направиме е да се сочуствуваме со семејствата кои ги изгубија своите деца заради некои бездушни дебили.
    А да спречиме за жал не можеме, не сме таков народ, ние сме ќути-трај, (немој ќерко на плоштад има полиција, оди синко во Вмро ќе те примат на работа, ме избркаа од работа па за инат во Сдсм ќе одам, ќе види Грујо маме му е*ам) па макар и дете ти убиле, е се додека така размислуваме ќе мораме да се пазиме и кога одиме по млеко во продавница.
     
    На Offspring и blond им се допаѓа ова.
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Значи и јас ќутам ќутам ќутам и решив да ти разјаснам тоа што не ти е јасно тебе а повеќе од очигледно е дека ама ништо не ти е јасно!
    Како прво убиецот- Е ЛИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ НЕ Е НИКАКОВ ТИГАР (Бивши Тигар е таму во 2001 а сега сме 2011 ) - Што луѓе ни го обезбедуваат пермиерот и дали тие имаат дозвола за убивање? Значи знаеме како одат сите работи во Македонија така да Игор Спасов не му е некој странец на Груевски него се знаат...и ова ти е факт затоа што му е пријател на Урко а Урко му е шеф на обезбедување и прв братучед на премиерот..и како нема тука одговорност на премиерот и како ние мешаме баби и жаби!?
    Друго: И да не е вака како што наведов ( а така е ) и да не го знае премиерот него лично ( а го знае ) ...па негово обезбедување е..ало.....ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПЕРЕМИЕРОТ УБИВА ДЕЦА И ТОА ПО И НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ!!!! И премиерот си слави и нигде го немаше една недела...а и ко се појави глупости тресеше.
    Значи по редот на нештата не Јанкуловска...него Груевски требаше да поднесе оставка од морални причини затоа што убиецот е негово лично обезбедување не припадник на МВР!
    Јанкуловска има одговорност затоа што униформирани полицајци го прикриваат случајот и се соучесници кои дозволуваат Спасов да си замине слободно од местото на настанот иако констатираат дека детето е мртвоа ...ама ајде гужва е ќе го заташкаме...ќе го напрајме џанак и не знам што каде што самите провладини медиуми пласираа еден куп невистини за Мартин дека бил крадец наркоман и не знам што...срамота! А тој ја славел победата на неговата партија, и сакал да се качи на бина да биде поблиску до пастирот...и ете си плати со живот.
    Значи има политика..ние не ја мешаме....ова беше апла прикривање на вистината...полицајците знаеш ли ти зашто го пуштиле слободно да оди? Оти кој ќе му стави лисици жити се на човек прв до Грујо? Не ме зезај...ќе летале од работа, аман девојче од кој свет си!?
    Ете кај има политика од старт до крај!!! Знаеш ли ти што му прават на очевидците од тогаш до сега? Им седат дома по цел ден од ДБК ги притискаат да не сведочат оти тешко нив ќе биде!?!?
    Кај нема политика? Под чие водство се државните институции? Приватни се? Не! На Груевски се!? Да! Зашто...оти тој е газда на државата.
    Никој не меша баби и жаби, се сложувам дека тој треба да ја сноси одговорноста поединечно но ова е случено за време на партиска прослава од актуелната партија на власт, сторител е обезбедувањето на актуелниот премиер...полицајците го кријат трупот, истражен судија не излегува на лице место А МОРААААА, и еден куп работи! Игор не го утепал детето ван должност, негде настрана кога не бил на работа и не е приватна меѓусебна расправија..него во функција на телохранител на Грујо...закана изглада видел во детево дека ќе го утепа за така да реагира.
    Ете зашто е политизиран настанот од почеток до крај и не знам од каде си ама ако не си видела до сега како функционираат работите во Македонија ..запознај се..тука Грујо те куди Грујо те суди.
    И сега....јасно е зошто сакаа да го заташкаат убиството и јасно е колку убиства се заташкани за кои ние не знаеме? Ова крена прашина дека очевидец односно меѓу очевидците беше и новинарка од скај порталот....затоа.
    Иначе кој знае уште колку вакви убиства имаме а ги знаеме нели како несреќни случаи и самоубиства!
    Тоа е за жал реалноста и ради тоа е протестот и гневот кај луѓето!
     
    На silvice и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Најубава еве вака зошто велам дека Грујо е крив.
    Значи за убиството одговара извршителот во овој случај Игор кој е обезбедување на премиерот, кој го убива детето за време на вршење на својата должност, во моментот кога Вмро славеше победа.
    И се ќе беше во ред и никој немаше да се крене на протест и немаше да кажам дека Премиерот и Јанкуловска ми се криви ако не се обидеше од самиот старат да го заташкаат убиството.
    На убиецот полицајци му помогнале да го одвлечка телото, значи и тие трба да одговараат бидејќи се соучесници.
    Обдукција на телото е направена и беше готова до 12 часот наредниот ден. Професорот Дума го изјави ова.
    Истиот ден во 15 часот Иво Котески изјавува дека не постои таков случај.
    По притисок на медиумите и јавноста случајот беше обелоденет.
    И сега кажи ми нема политика во ова? Груевски како премиер и Јанкуловска како министер немаат никаква поврзаност со оваа?
    Ете затоа ми е крив Грујо.
    Немаше да ми биде крив ако тој и министерката не се обидоа да го сокријат убиството и да го заштитат убиецот. И затоа ќе мешам политика во овој случај, бидејќи ја има.
    И знаеш и мене ми се поткрена желудникот, ама не од твојот пост туку од линкот кој го прочитав и го постирав овде.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    многу е осетлива и болна оваа тема,но мислам дека по вертикала мора да одговараат сите па дури и сашо мијалков како шеф во сенка на игор спасов.јас лично го познавам игор,човекот е продолзена рака на фамилијата,и многу важна алка во спроведувањето на партиската правда.рекетар,уценувач ,киднапер и уште што не во служба на фамилијата.преди 3-4 години секој ден беше до груевски како лицен телохранител на сите патување,по дома ,на ручоци, вечери ,но потоа отиде во петата управа или позната како мафијашкото крило во полицијата. одговорен за секој денар рекет,за секоја жртва на дбк.оставка трeба да поднесат сите по ред од грујо,преку мијалков,јанкуловска ,иво котевски па до негоиот шеф урко.жално за детето што загина во цутот на младоста овие убијци ке си ја наредат работата па макар ке изгласат и закон за убиство "убиство за сите што сакат да се поздрават со GLUEVSKI "
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Масолини бре, до Мијалков ли стигнавме?
    Мислам дај молим ти се без вакви пресервања, чисто за компарација:
    Ти убиваш дете на свадба, и сега треба да одиш ти во затвор, другарката ти (зошто ти била соучесник) или треба да оди и мајка ти(зошто не те воспитала да не убиваш луѓе) како и младоженците зошто славеле, а кумот од морални причини пошто бив највесел такоџе оди во затвор.

    Мислам алооо, неможе да бараме вината да ја превземе некој трет, некој надвор од игра, виновен е тој кој со физичка активност ќе изврши противправно дејство. Соучесници му се оние кои активно и свесно го помогнале извршувањето на таквото противправно дејство.

    Мислам дај не фантазирај, сите што ги наброја се надвор од случајот, случајот е убиство во кое јасно се знае убиецот и нема што тука да бараме нечија вина.
    Бил телохранител на Груевски, па што?
    Што значи тоа и каква врска има тоа?
    Пак ќе кажам ти си убиец и работиш кај извесен газда Зоран, утре ја убиеш колешката Мирка, и сега Зоран и шефот Горан треба да одат во затвор зашто ти си ја убила Мирка?
    НЕ, многу просто и јасно, нема овој бил на овој, оној на оној.
    Вината, последиците и казната ќе ја сноси Спасов и верувам неговите пријателчиња кои му помагале, а сега тој што работел, кој му бил другар и тако даље е мање битно.
     
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Најубава не е така.
    Точно знаеме кој е убиецот ДА, не го оспорувам тоа, и ДА треба да си ја одлежи казната.
    Јас не реков да оди Груевски или Јанкуловска во затвор прво нема правен акт по ова дело за кој тие би излегле пред суд...збориме за ОДГОВОРНОСТ ...и ти објаснував зашто тие имаат одговорност и зашто цел народ ги гледа криви и нив....што реално се. И ДА ако одам на свадба и убијам дете ќе е крива и мајка ми што не ме воспитала, освен нели ако имам психички проблем да сум лудак или шизофренична значи со дијагноза и и покрај тоа ќе има мајка ми одговорност затоа што не ме сместила во институција а сум со дијагноза!
    Ако Кумот или другарка ми, го земе детето да го крие негде во грмушки за да не се дознае дека сум го убила ДА и тој и таа ќе сносат одговорност и тоа се вика сооучесништво и е тешко кривично дело скоро еднакво на убиството и се лежи многу години во затвот за тоа дело. И да, ако работам за газда Зоран и сум НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ односно на работа и ако за време на работа ја убијам колешката Мирка оти сакала да влезе во канцеларијата на газда Зоран а при тоа да видам дека е невооружена и да има беџ на кој пишува дека работи за газда Зоран...ДА Најубава и газда Зоран одговара. Значи сноси одговорност.
    Немој ти да ги мешеш бабите и жабите и не фантазирам јас и како можеш да речеш ПА ШТО АКО БИЛ ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ГРУЕВСКИ?!?!?
    Баш од тие причини одговорноста е голема и кај Груевски и кај Јанкуловска!
    Друга работа..лажењето! Нели беше тигар кој не бил на работа? Нели негираа дека е од обезбедувањето на Груевски!?
    Како сега излезе дека бил од обезбедувањето и бил на работа односно на служба?
    Сакаа да го скријат убиството, ја замајуваа јавноста, не излеле истражен судија на лице место ШТО Е НЕДОПУСТЛИВО ЗА ВАКВО КРИВИЧНО ДЕЛО, не лажеа како малоумни да сме. И Јанкуловска излегува на ТВ и мува не ја лази?! Молим те, па можеше барем човечки да постапи посекако владата беше техничка и да даде отказ од морални причини а во наредната пак ќе си ја вратеше Груевски и така во формирање беше владата..ама ни тој мал човечки акт не го направи!? Е тоа е цела БЕДА!
    Немој ти се молам значи не фантазирам јас...него ти фантазираш...не ме зезај стварно примерот ти е небулозен и неиздржан и воопшто не ти држи вода! Како викаат за деца деликвенти или општо деца кои се палави или разгалени и тн.: РОДИТЕЛИТЕ СЕ КРИВИ.
    Така е и тука.
    Јас сфаќам , можеби го знеш лично Спасов, или Грујо, или како и да е...ама аргументиве ти се смешни ( без навреда молим те само дискутирам ).
    Мислам стварно можеш повеќе да се информираш за кривично дело убиство и се тоа иако јас сум сигурна дека знаеш кој колкава кривица носи, дека соучецништво е тешко дела казниво со голема казна, знаеш ама буквално се само ете од твои некои причини ги негираш тие работи свесно.
    Ок, тоа е твое право да негираш а ова не е мое мислење него ФАКТИ а ФАКТИТЕ неможат да се побијат иако со оваа влада видовме доста чуда па кој знае уште што невозможно ќе го напраат возможно.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Значи вака кривична одговорност за убиство треба да сноси убиецот, во овој случај специјалецот кој го извршил дејствиетио на извршување, а дејствие на извршување кај конкретното дело е секое дејствие со кое е извршено лишувањето од живот.
    Е сега, проблемот се јавува за останатите двајца или тројца полицајци кои помогнале во прикривање на делото.Во кривичниот законик постојат одредби за соизвршителство и помагање во извршување на кривично дело. Соизвршителство е ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело. Помагање е кога некој со умисла на друг ќе му помогне во извршување на кривично дело. Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на сторителот за извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на кривичното дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.
    Е сега полицајците му помогнале на извршителот да го прикрие кривичното дело, но таа помош не била однапред ветена, затоа не можат да се сметаат за помагачи. Токму поради ова кривичниот законик ппредвидува посебно дело кое гласи Помагање на сторител во извршено кривично дело. Според ова дело тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен или тој што крие осудено лице или презема други дејствија со кои се оди кон тоа да не се изврши казната, изречените мерки на безбедност или да не се применат воспитните мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом, ќе се казни со парична казна или со затвор до
    една година. Во ставот 2 од ова дело се вели - тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

    Кривичниот законик познава и други дела како на пример - Непријавување кривично дело или сторител во кое се вели - Службено лице кое свесно ќе пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години.

    И сега вака реално кога ќе ги прочитаме битијата на сите горенаведени дела, ќе пронајдеме одговорност на другите двајца полицајци и по основ соизвршителство и по основ на делото Помагање на сторител во извршено кривично дело и по основ на делото Непријавување кривично дело или сторител. Затоа е апсурдно за ова дело да има само еден сторител, само еден одговорен и само еден осуден.

    Е сега за одговорноста на Јанкуловска и Груевски. Нивната одговорност може да биде само морална. По мене министерката требаше да си даде неотповиклива оставка од морални причини, а Груевски да ја прифати, посебно по онаквиот срамен и беден обид за прикривање на делото. Ама за да дадеш оставка од морални причини треба да имаш доблест, совест и чест, кои после овој случај и министерката докажа дека ги нема, за жал.
     
    На Blanca, Masnoli01, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Боа браво, па требаше некој вака правнички да даде осврт на случајот.

    Овој пат ќе бидам кратка и ќе се надовезам на Боа, моралната одговорност која ја бара Масолини е тесно врзана со индивидуата, и неможеш да ја очекуваш од секој, така да сега треба да се молиме Спасов да го стрпаат во затвор, да не фати момакот некој врска па да помине неказнет.

    А Масолини, јас и ти овде до утре сабајле можеме да исправаме криви Дрини, ти пишав примери, ти и во примери од секојдневниот живот пак ги гледаш од твоја призма, така да не гледам причина да се препукавам со личност со ограничен хоризонт на лични ставови.
     
  20. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    За едно си во право: Не до утре до бескрај можеме јас и ти така затоа сега ќе бидам кратка и јасна:

    Прво прочитај ова
    : http://www.plusinfo.mk/vest/18551/Advok ... -na-Martin
    Второ: Жити се прочитај што си напишала? Да гледаме да оди Спасов во затвор дури не фатил ВРСКА?
    Мислам доволно од јасно е дека или тераш инат, или не читаш ништо од весници, не следиш вести или не си информирана или стварно провоцираш!? Мислам човекот му е на ГРУЕВСКИ ПРИЈАТЕЛ!!!!! Каква друга врска му треба? Или Груевски е ТУРИСТ , СТРАНЕЦ во Македонија...не е ПРЕМИЕР...не!
    Не зезај.....
    Поздрав и тоа е тоа што сите ти го кажуваат зашто има политика и зашто ги мешаат и нив кога прашуваш зашто ги мешаат нив и зашто го политизираат случајов и дека одговорноста е на Спасов само и он да оди затвор а притоа кажуваш дека тој "паднал од Марс" и го утепал детето и сега се молиш да не фати врска па да излезе!?!?
    Ете читај што ќе ти кажам: Ден нема да одлежи во затвор....ДЕН!
    Зошто?...Нека ти објасни некој друг од мене доста е.

    П.С. - И БОА и сите други да разјасниме! Болката е кај Груевски и одговорноста...нели како што кажува Најубава2010: моралната е тесно поврзана со индивидуалната!!! А тоа не смее така кај Груевски оти он е СВЕТЕЦ! Тука боли, тоа е цел муабет!