Однесување на полицијата, специјалните единици

Discussion in 'Политика и настани' started by slatkichKa123, Jun 6, 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Масноли јасно ми е мене кај е одговорноста и јас бев прва која кажував дека министерката треба да си даде неотповиклива оставка и сеуште тврдам дека намерно сакаа да го заташкаат случајот што е надвор од било кои норми, ама за жал кривично одговорен може да биде убиецот и оние кои му помагале или биле соизвршители т.е сториле некое од горенаведените дела.
    Жално е тоа што кај нас моралната одговорност речиси и нема некакво значење. Инаку во демократските развиени држави моралната одговорност е и те каква санкција за политичарот, која повлекува низа непријатности од оставка, преку неможност за вршење на функција, па се до губење на тотална доверба кај граѓаните. Еј во една држава имаше случај откриле дека министерот не плаќал минимален данок на имот и човекот си даде оставка веднаш. Ама кај нас изгледа фотељите и се залепиле за г***вите на политичарите, па не можат да станат од нив пустите.
     
    JuLleE and Masnoli01 like this.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    Е во демократско развиените земји каде законот и правата важат еднакво за сите во ваков случај е најнормално поснесувањето на оставка. Зошто? Затоа што при вработување на вакви лица кои се под твоја надлежнодт треба да си добро информиран за неговата стручност, ефикасност и квалитет со кој ќе ја врши работата. Да го направеше ова некој обичен исфрустриран насилник на улица се ќе беше поинаку, но овој е со таа и таа функција па ќе видиме што да се превземе за да издејствуваме олеснителни околности нели :fubar: Ама кои околности ќе се земат в предвид кога жртвата не покажувала знаци на отпор а притоа и бегала за да се спаси (е ова морало многу да го изнервирало).
    Туку да се надеваме дека колку-толку ќе одлежи за тоа што го стори освен ако не му издејствуваат рехабилитационен третман оти големи стресови се тоа.