1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Каде се родителите на момчето, зашто нити еден од медиумите не дошол до нив. Не може да велат едни го тепале, новинарка видела, а никој од медиумите не објави, први беа НЕТПРЕС со нивната сторија од сведокот, кој што е момчето од А1.
    Пак зашто никој не се потрудил да стигне до родителите, да откријат идентитет на момчето, не може некој да скрие тепано дете, тоа ќе има повреди сериозни повреди на главата од она што го опиша детето на А1, нема како тоа да го скријат од неговите родители. Не знам што е со случајов ама се она што не го знам страшно ме нервира.
    А и во станицата кај Алфите вчера разбрале од вестите на А1, сите ги гледале и биле изненадени за тоа збореле, никој не знаел... па ако е вистина, можно е да е само еден и блиските колеги да си ги убацил за да се прикрие или и јас веќе не знам, пошто ми смрди цела приказна за тоа кој е сведок и се останато.
    Жално е сево ова дури во 16 саат да објавуваат а се случило претходен ден на полноќ, пак некои воопшто ниту да спомнат. Трагично. Од толку новинари никој да се ангажира на ова.
     
    На sanjaeva и maja8 им се допаѓа ова.
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ние на ретардирани ли ти личиме? Ти имаш ли било каква информација за Алан Зекиров? Или се правиш наудрена како повеќето твои сопартијќи на форумов (пред фактите премижуваат бидејќи не им оди во нивни прилог да кажат нешто лошо против глујо, бидејќи работните места им се во прашање...) ? |( Со цел памет мислиш дека Ален ќе лежи во заљтвор за тоа што изврши убиство? Хаххааа...Оди види го - се шета со Мијалков по цела Европа, јаде, пие од наши пари, спие во вип апартмани, шета пи...ки по Малдивите и стојко не го боли за ништо... |(
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Како симпатизер на десницата се наоѓам прозвана во постов. Незнам зошто не ги читате постовите. Јас никогаш на пр нереков дека ВМРО се совршени, но тие се најблиски со својата програма до она што јас го очекувам од оваа наша држава.
    Однесувањето на Алфите во повеќе наврати е за секоја осуда. Но за овој случај ... не ја знаеме сеуште вистината, па да се воздржиме од коментар?

    А за тоа дека работните места ни се во прашање.. хммм ај бујрум кај мене на работа, па ете за твој ќеиф ќе кажам пред сите дека сум за СДСМ и ќе видиш дека и по таа изјава јас ќе бидам сеуште на тоа работно место.

    Ретардирани - не, исфрустрирани - да! и со право. Секој невработен млад човек има да право да биде исфрустриран и да критизира ( да ја критизира владата). Сите ние се школувавме со надеж дека ќе имаме убаво работно место каде ќе дојдат до израз нашите способности.


    Не се сите вработени неспособни, нечии квалификации се потребни во фирмите без разлика на тоа дали се црвени, жолти или зелени.
     
    На baguf4e, zhap4e, sonce777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Срамота. С Р А М О Т А.
     
  5. Tommy

    Tommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Кога ке го видите составот на тој дел од полицијата, не ме чуди што направиле вакво нешто ...

    Знаете каква фраза ги "краси"-

    Прво удираат, а после те прашуваат што си згрешил....
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Греота за детето толку малдо да загине, а за алфите немам коментар, спомни ги и одма те асоцираат на удри мавај и не прашувај. Што и да направило момчето, па и со оружје да се заканувало во најлош случај, немаат право да го претепаат на смрт.
     
  7. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    There is a law of neutralization of forces, which hinders bodies from sinking beyond a certain depth in the sea; but in the ocean of baseness, the deeper we get, the easier the sinking......
    James Russell Lowell
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    нели е малку чудно што никој до сега не успеа да ги исконтактира неговите, да дознаат адреса каде живеел, да се јават расплакани роднини, да се деси некоја поуверлива ситуација.. нисто нема од све тоа за сега.. искрено и би сакала да е некоја политичка глупост .. све е подобро од тоа да умре дете на улица
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пред малку по ФБов прочитав дека детето било од дом :?:
    http://www.facebook.com/event.php?eid=227968970546590
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да јас бев сведок на 2 вакви случаи:
    1. Пред 3-4 години на плоштад бев со друштво...тука некаде 12:30 или 1 кофа еден од алфите се затрча и бркаше еден дечко 16-17 години, го фати и под скалите на влезот на ГТЦ го претепа....не можев да догледам до крај, ние си отидовме.
    2. Во мојата населба многу шетаа алфи...вртеа кругови по населбава и фатија дечко и девојка кои унаку се шетаа, дечково почнаа да го претресуваат,немаше ништо, а девојкава почна да им бега, и се дереа да се врати, него го внесоа во колата и си отидоа. (девојката не им беше толку битна)
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Нови протести за убиенотo момче

    Закажани се нови протести во 16 часот пред споменикот на Мајка Тереза по повод убиството на 23-годишното момче за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

    И покрај тоа што убиството се случило пред голем број сведоци на градскиот плоштад, изненадува молкот и затвореноста на институциите.

    МВР се уште не го утврдила идентитетот на момчето. Велат дека никој до сега не пријавил во полиција исчезнато лице, ниту пак убиство.

    Единствен доказ за сега останува мртвото тело кое се наоѓа на Институтот за судска медицина, но ниту таму и по 36 часа, не соопштуваат од што починало момчето. Молчат и од скопскиот кривичен суд - немаме коментар е одговорот што го даваат на прашањето што видел истражниот судија Колишевски, кога излегол на лице место.

    За сега, за она што се случило на прославата на ВМРО-ДПМНЕ постојат две верзии - официјалната на МВР е дека на детето му се слошило и починало на лице место, но голем број сведоци го потврдуваат спротивното, дека виделе припадник на специјалната единица Алфа, облечен во бела маица со тетоважа на раката, како го брка момчето низ градскиот плоштад.

    Момчето паднало, а полицискиот припадник, почнал да го мава со клоци по главата и телото. Откако видел дека детето не дава знаци на живот, почнал да го прска со вода. Според сведоците, момчето 45 минути лежело на тревникот, покриено со најлон, кога дошла Брзата помош.

    Инцидентот на нозе крена илјадници млади луѓе од земјава. Вчера шест часа стотици млади протестираа и парадираа низ скопските улици. Бараа одговори за она што се случило вечерта на 5 јуни, на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ.

    И додека истражните органи молчат, протестите за расчистување на овој настан продолжуваат во се поголем број.
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Актуелни политички настани

    Даниел бил од дом...
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Никогаш не реков такво нешто, ама кога веќе се препозна, ете и сама си кажа...
    Не се правам наудрена, немам никаква информација за типот, пред 2 години не следев политика и незнам ни кој е, ни што е, ниту сум запознаена со случајот -едноставно не ме интересирало (не дека сега нешто ме интересира многу)....
    Ама од ваша гледна точка-
    сите ВМРВОците се убијци и криминалци, СДСМовците светци.
    Перењто мозок на А1 успешно реализирано ;)
     
  15. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ах бе, само незнам со сила се праите наудрени УБИВААТ ЛУЃЕ алооо! И знаете зошто се куражат? Зошто знаат дека ќе поминат неказнето. Ајде кога веќе се фалите Груевски ви дал учебници, а да ги отворевте малце? Каде со овој памет? И после некој ќе рече ради името не не примаат во ЕУ! :headbang: :headbang:
     
    На lolyta777 и julie77 им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не ми ги отвара алфа ова нетов, а ова плус инфо слабо и тие имаат пишано. Нешто озбилно не е во ред и не ми се допаѓа ама ич. Се надевам тоа што ќутат од МВР не значи дека ќе забошотат него дека за некој ден ќе излезат со име и презиме на алфата „херој“ и спектакуларно апсење на тимот тепачи, како што беше со Љубе, Велија и сите останати.
    Тогаш ич нема да се загрижам за нарушеното право на алфиве.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Абе Маја,никој не рече дека од СДСМ се светци или било која опозиција,само фактот е тој,дека претежно сите ВМРО-овци се сељачишта и копуци од проста причина што таа партија не одеше по линија селективно да бира гласачи туку најде начин како да ја потпали простата раја за да гласа за нив и при тоа да ги стави под нивна закрила.
    Сите тоа го зборат,ти негираш...ок,живеј во некоја друга реалност.Не е за а1 работата или не знам кој.Фактот е тој,ако сакаш прифати,ако сакаш не,од таа партија освен сељак јас за друг тип на човек речиси и да не сум чула.
    Нека го апсат копуков како и што сите ги апсеа и тоа само за финансиски криминал (дали?!),а тек за убиство...
    Ајде попладне сите на простест!
     
    На Offspring, JuLleE, AnoreXic и 2 други им се допаѓа ова.
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    И мене ми е чудно што нема информации за семејството, ама како и да е. И на нив може да вршат притисок за да молчат. Се е возможно во оваа држава. Одам на протест. Не е нормално да молчи власта. Срамота.
     
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    maja8

    Никој не рече дека СДСМ-овците се светци...Значи како успевате да премолчите пред факти и аргументи, тоа е нешто невидено...Кога нешто не ви оди во прилог на партијата, тогаш не знаете, не сте информирани и сл... :tmi:
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тоа се отпадници од општеството ... од нив не може да се очекува никаква етика на однесување со народот. Луѓе со ограничен мозок во кој само центарот за насилство и демонстрација на моќ работи.
    Тие немаат врска со она што значи вистинска полиција. Тешко нас со ваква "единица за ред и мир" :|
     
    На JuLleE и zhap4e им се допаѓа ова.