1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Очигледно си заслепена па не сакаш ни да видиш ни да ЧУЕШ за други луѓе, и ако им судиш на луѓето според нивната партиска определеност, имаш гооолем проблем. Со самата себе.
    Кога се запознаваш со некого претпоставувам го прашуваш, ти за ВМРО да не си? Ако си, ау па ти си сељак, нашето познанство завршува тука. Пошто нели, според тебе 300 и незнам колку илјади луѓе кои гласаа за ВМРО се сељаци.

    Нека го апсат типот, и јас тоа викам, нека згние во затвор, секогаш сум била и ќе бидам против криминалците
     
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    ^^ Не немора да ги прашува, по фаца им се гледа ;) жално е ова во државава, а вие како и вашиот лидер, ништо не знаете, не сте информирани! Е Македонијо..
     
  3. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Гласачкото тело иначе не се бира по сопствен избор нели????Или некој е подржувач на политиката за која се залагаш па ќе те гласа или не е .
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Поприлично се изнанадив кога видов дека имаш 27 години, ај провери да не случајно при куцање си згрешила па место 17 си пишала 27?
    Ти го читаш само тоа што ти одговара, очигледно, во моите коментари.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не реков дека се бира по сопствен избор,постов ти е оффтопик ко што можеш да забележиш,мојот бар се надоворзуваше.Самата пропаганда што ја врши вмро привлекува таква раја,проста,а таа е најмногубројна кај нас,сакале ние да признаеме или не,ама среќа,дел од народов се опаметува,дел си гласа со ладна глава,а дел не ни излегува да гласа,а на вмро толку им е силата,сите ко прави патриоти излегуваат и гласаат,пошто им гори под задникот,имаат интереси,еве освен вработување и забошотување на криминални досиеа и толку е...
     
  6. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Зошто пак се умеша толку политиката во темава?! Наместо да се препукавате кој од кој табор бил одете после пред спомен куќата на Мајка Тереза и придонесете малце(колку толку) за подобро утре- лично за вас. Али ние не, еба*те народот. Седиме дома мрчиме, на 15 години се кур*име кој колку повеќе знаел за политика итн итн. Алоо освестете се дека утре недај боже можеби вие ќе бидете на местото на Даниел или икс случаеви кои настрадале од Алфите( ете на пример како јас)!!
    Факт е дека Вмро ја воведе оваа таканаречена специјална единица- АЛФА . Али искрено не ме интересира политика( ни ВМРО НИ СДСМ) за меене лично не направиле ништо!! Ама сакам помирно утре! А не да ми биде страв да излезам на улица и да не налетам на некој исфрустриран гад од специјалната единица!!!
     
    На JuLleE, julie77 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој знае нешто за детево и дали воопшто е дете? Покажаа ли некој негов другар ,роднина било што на телевизија или некаква изјава по веснициве?
    Извинете може е малку офф топик но навистина ме интересира
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Актуелни политички настани

    Починатото момче не е Даниел, потврди за агенцијата Нетпрес сведокот, кој вчера кажал дека го познава момчето кое завчера вечер беше претепано до смрт.

    Сведокот сега вели дека е подготвен настанот да го пријави во полиција.

    - И јас бев сведок на бруталниот настан кој се случи завчера на плоштадот. Дечкото кој беше тепан премногу ми личеше на еден мој познаник. Премногу се загрижив па па почнав по другари да прашувам дали фамилијата на Даниел е известена. Повратниот одгвор ми беше дека Даниел е жив. За да се уверам лично отидов со неколку другари кај него дома и навистина се испостави дека не е мртов. Се препознав и се извинувам што пласирав таква информација, која се рашири во јавноста - раскажува сведокот за Нетпрес.

    Портпаролот на Истражниот судија вели дека уште се чекаат резултати од обдукцијата на починатото момче.

    Инаку, вчера пред полноќ се раширија гласини дека можеби настраданото неидентификувано лице е еден од ирските навивачи кои дојдоа за фудбалскиот меч.
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    АИТ нема ништо за сега, само различни приказни веќе никој не знае што е точно што не. Не ми е јасно како може само до толку да се ќути ме нервира страшно, што едниве молчат, медиумите сите трчаат со своја приказна, а ние се избудалуваме. Ама тоа е кога оние молчат - МВР, така и ќе биде за жал. Ставени се за молчење бре. Сам дознај си ако сакаш работава.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Излегоа шпекулации дека убиеното момче е навивач на Ирска(на утакмицата што беше...)...Меѓутоа треба да се земат сериозно во предвид следните факти -

    - На градскиот плоштад се случува претепување до СМРТ...
    - Има повеќе сведоци, од кои едниот се посомневал дека го знае идентитетот на жртвата...
    - МВР вели дека починатиот починал од природна смрт...
    - Од Судска медицина велат дека телото е однесено во капела во Бутел, а од капелата негираат (!?)
    - Полицијата МОЛЧИ на прашањето зошто не се прегледа снимката од камерата кој што 24 часа го снима плоштадот...
    - Сите провладини медиуми МОЛЧАТ и воопшто не го спомнуваат случајот со претепувањето...
    - Сите провладини медиуми МОЛЧАТ и воопшто не го спомнуваат дека во Скопје се одржуваат протести...
    - На Facebook мистериозно исчезнуваат страници поврзани со овој случај...
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Дали е Даниел или Ѓоко или Петко или некој си дечко од Ирска,ова е ненормално луѓе!Не е нормално да претепаш човек до смрт,па уште и припадник на некоја си единица Алфи која не си ја извршува ефикасно работата.Место тие да спречат такви инциденти,тие ги предизвикуваат,само затоа што им се може и се чувствуваат ко газди!
    Без разлика,во 4 кај споменикот на Мајка Тереза!Страшно,нечовечки.
     
    На lolyta777, Phyramide, Dafnee и 2 други им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Очигледно не сте запознати со големата стапка на криминал во нашето општество. И зошто имаше потреба од овој АЛФА тим.
    Не велам дека нема некои што ептен се занесуваат...
    Но, ниедно нивно однесување не е без причина.
    И не мислете дека е баш така лесно некој да нападнеш, да го тепаш и малтретираш. За секоја употреба на физичка сила, мора да имаш потоа писмено образложение зошто си го направил тоа, па ако оние над тебе сметаат дека неправилно си употребил физичка сила, отиде курбан казна, а може и отказ.

    И да, благодарение на токму оваа специјална единица, многу криминалци се таму каде што треба да се-зад решетки.

    Немам намера понатаму да коментирам, иако можам книга да ви напишам за ова.
    Толку од мене. Фала, чао :hai:
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    И јас можам книга да напишам Блонд со неколку свежи и нешто постари случаи со Алфи и со обични полицајци и тоа колку се толерирани само затоа што се заштитени од партијата...тие приказни на друго место.
    Значи,перчење со службено оружје после работно време,потоа додевање на своите подредени,малтретирање и одење пијан на работа не поминува ни со суспензија,а камо ли со отказ.Се што е направено преместен на друга позиција,па дури и подобра од претходната...Абе ајде...
    А за насилнициве да не правам муабет.Зарем му личев на криминалец кога ме застана во сред центар да ме идентификува и да ми прави муабет кај сум тргнала и што правам во животот,а после извесно време,лани летото,да ме ограбат со торба со лап топ и документи и да урлам ко ненормална зошто мојата логика велеше дека ги има на неколку стотици метри...а извини...ете тоа е приказната.А да посочам,во близина на влада беше случајов...
    Другар мој беше претепан од нив пред летна дискотека од чисте мире,зошто наводно се буткал,а диското си има редари ваљда а?!Ама нема везе...така е,тука се тие за криминалот,а криминалот рака под рака со нив,телохранители му се.

    За да бидеш чувар на редот,мирот и правдата потоа,треба да имаш углед,а не да бидеш било кој собран од улица.
     
    На julie77 и Andzelika им се допаѓа ова.
  14. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Blond ајде кажи ми чим си толку запознаена, зошто без ниакаква причина мм беше претепан од еден од "фините и кулутрни" припадници на Алфите?! Ма дај ти се молам. Искрено мене ми се гади од тие животињи :@
    Да да сигурно :clap: Затоа ене ги уште млатат по улици?Ете кажа дека си добро уаптена во работата на алфите кажи ми 3ца кој биле отпуштени или казнети?! Немааааа.
    Не битно секој си има право на свој став.

    Се што велат сведоците е точно, телото на убиениот е со многу големи повреди од удари – до толку што левата страна на телото била во распаѓање во текот на обдукцијата, велат за „Плусинфо“ сигурни извори од Институтот за судска медицина.

    Според тоа што ни беше кажано на институтот, телото на убиениот за чиј идентитет се уште нема официјална информација, било донесено за обдукција вчера претпладне, обдукцијата е завршена бргу и телото потоа било пренесено во фрижидерите во капелата на градските гробиишта „Бутел“.


    Извор- http://www.plusinfo.mk/vest/4374/Obdukc ... l-pretepan

    И после ова некој ќе ми каже дека не се прави се само за да се заташка работава?!
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Блонд има икс случаеви каде што Алфи без причина претепале, најчесто роми, па после овие претепаните го добиле случајот пред Меѓународниот суд за човекови права(зошто државата ко по обичај не им обезбедила заштита), па државата им исплаќала оштета и слични ствари. Од тие причини не можете да не убедите дека Алфите го штитат народот, кога сите знаеме што и како е. Да, тоа што ти си го напишала е добро, така е по дефиниција и така треба да биде, ама реалноста е далеку од тоа, за жал. А за тоа си свесна и ти и јас и сите други, нели ;)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    мене ова сега за сега ми е најлогично ,бидејќи доколку дечково беше од Скопје или некаде од македонијава сигурно ќе се појавеше некој роднина,другар ,познаник што и да е.Можеби затоа и толку се ќути по медиумиве затоа што со ова сигурно ќе се појави некој меѓународен проблем.Во секој случај дали наш или странец одговорниве во државава треба да се подзамислат кој покрај нас и нив ги чува односно конечно да донесат закон за обавезен психијатриски преглед за сите полицајци,војници,специјалци.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Караваните си врват и покрај што кучињата лајат, значи ние овде може да солиме памет на милион страни но никој од Мвр нема да седне на нашата Фемина и да прочита каков е нашиот став, туку треба народот масовно да се крене доколку сакаме ситуација да се реши до крај.
    Пред неколку недели бевме сведоци дека убија млад средношколец и тогаш имаше голема фама, еве помина одреден временски период и тоа полека се заборава, единствено семејството ќе си пати по изгубеното чедо.
    Во никој случај не ги оправдувам полицијата, алфите и кој ли уште не, тие можеби дејствувале со причина но ниту една причина не е доволно голема за да се посегне по нечиј живот. И да бил макро, наркоман, дилер и најголем криминалец не смее некој така крвнички да му одземе живот.

    Зборот ми беше од седење на компјутер и типкање разни пораки не постигнуваме ништо, потребни ни се конкретни дејствија кои директно би влијаеле до властите, џабе ни се тука милион примери за непрофесионалното однесување на алфите, искажување револт кон нив, и наместо да излеземе на масовен протест ние тука дискутираме или се пречкаме со комшиката додека пиеме кафе.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И јас не мислам дека им треба баш некоја посебна причина. Секогаш се нервозно настроени и се обидуваат да те изнервираат за да повишиш тон, па после некое време да си го добиеш ќотекот затоа што ти си повишил тон. Така оди тоа кај нас и тоа е докажано во повеќе случаи.

    Јас сум имала непријатни искуства со припадници на Алфите во два наврата. Еднаш ми ја превртеа цела ташна на хауба (истото и се случи и на другата девојка) и ја “размонтираа“ колата на другарот, само затоа што сме седеле на Средно Водно. Почнаа со црн хумор и му собраа 3 кутии цигари на другарот, да си се почастат де. Среќа жива немаше ќотек.

    Во вториот наврат ме убедуваа дека Личната карта ми е фалсификат ама тогаш почнав и да се расправам. Сакаа да ме носат во станица. И ме убедуваа дека можеби дома имам машина за фалсификати, затоа што по некоја случајност не ме завеле во базата на податоци на МВР.
    Им кажав да ме носат во станица, а ако излезе дека немам машина за фалсификување ќе ги тужам.

    Пола од работното време им претставува изигрување Џекови низ Скопје и малтретирање невини луѓе.

    Искрено, кој и да е жално е. Но, во случајов е подобро да излезе дека бил странец, бидејќи меѓународниот фактор ќе реагира, а во тој случај некој сигурно ќе одговара ;)
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Имиња не споменувам, ама ќе пишам само дека има токму 3ца на кои во моментов ми текна што лежат во затвор. Од работа ги собраа и правец притвор.
    Најмалку 30 лица познавам кои беа казнети на плата (3,6 месеци по 15%) поради злоупотреба на службената должност.

    Како и да е, секоја приказна има две страни. Во случајов онаа што вие ја знаете т.е медиумите ви ја пренесуваат и онаа што ја има полицијата.

    Боа, па токму тоа и јас го напишав, оние што си го злоупотребуваат работно место-им доаѓа крајот т.е ги стигнува казна.


    Малце офф топик,ама веќе кога ги спомена баш Ромите, и они не се баш цвеќе за мирисање.
    Еднаш ми истрча едно дете на пат, на кој возев 30 (бидејќи е целиот со дупки) и среќа што полека возев и детето само се удари од страната и падна. Стана. Ништо не му беше. Јас нормално излегов да видам што како е, да не му се случи нешто. Кога ми се насобраа Роми околу мене, па кога почаа да викаат по мене, да сликаат со мобилни, да снимаат. Ми побараа оштета на лице место 300 евра или ќе ме пријавиле.
    Јас веднаш си повикав полиција (едно што страв ме фати, друго што си бев чиста и не сакав утре,задутре да миј стигне покана за во суд).
    И веднаш судски вештак дојде на лице место ( и нормално јас си го платив потоа) да потврди која е можната максимална брзина да ја достигнеш на тој пат, во такви услови). Ама смотан народ бе, му велеа дека сум возела 90-100. А на тој пат не можеш 50 да качиш, а не пак 100 :)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Стварно ова ромиве,мизерија,дај да ги убиеме сите зошто си имаат чудни нарави и однесувања.Што живеат јас не знам.
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.