1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^ Објавен е идентитетот. Детето се вика Мартин Нешковски, роден е 1989 година и е од Козле :(
    Сега гледав вести на Алфа тв.
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да од тигрите бил тој, сам се пријавил во полиција вчера.
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сам се пријавил вчера, а утрово Котевски изјавуваше дека нема ништо пријавено во МВР. Лажговци без срам!!!
     
    На BoaVista, Miss-Independent, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Брат ми има непријатно искуство со нив, имал купено за јадење, навечер околу 10 саат и брза кај другар да гледаат утакмица. Му викаат дечко застани, а црна темница ништо не се гледа и тој си продолжил и уште еднаш слушнал: Стој или ќе пукаме! Ќе пукаме бе??? Застанал, побарал да се идентификуваат, а тие одважни, ти си тој кој треба да се идентификуваш :!: Го расчепиле на хауба (со сендвичите во рака), го претресле, му барале дрога. Крајно безобразно, под секое ниво на човечност и понашање.
    Па добро, ако се тие специјална единица тогаш сигурно требале да поминат низ обуки за тоа како да се справуваат со криминалци и како да ги гонат, фатат, апсат, без притоа сериозно да ги повредуваат или не а? Треба да бидат вистинска специјана единица составена од професионалци и соодветно обучени лица.
    А лично јас не верувам дека некој некаде врши обука за тоа како да уапсиш некој со тоа што ќе го претепаш до смрт.
    СРАМОТА и греота е ова што го прават, а го правеле и порано, не е случајов со детево прв, а верувам и нема да биде ни последен, за жал. А бе за такво нешто да направиш треба да си или психички растроена личност или па да немаш грам мозок и човечност во себе.
    Бог нека го прости детето, сочувство до неговите најблиски.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Уште да го слушнеме оправданието зашто така брутално го остепал до смрт обичниот беспомошен граѓанин :tmi:
    Да не бил под дејство на алкохол заради прославата на плопштад??? :fubar:
    Уште такво нешто да изјави и најлогично би било, зашто не верувам дека друго би го опавдало подобро.
    Покојниот нема полициско криминално досие, не бил вооружен, а пред ќотекот кој го добивал не пружел отпор и никаква одбрана :(
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ццц, јака им душа на родителите....... :( ништо нема да им го врати синот- ништо . ;(
    за греотка, богами, потребни се едно огромни проести за ова!
    тоа полицијата се изживува врз Hас!
    и мене ми се има случено, од искачање се враќам, ме застанува на 5м до дома!
    да ме претресел! и уште грубо ми се понашаше, божем тежок криминалец сум!
    немаат што да прават, т.е имаат, уживаат да се прават силни!
    Aјде сега чекам бумбар, да видам баш дали ќе отворат тема и за ова :!: или се уште ќе замараат само со вмро и ништо друго!
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Еве од нивна телевизија вести
    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=76167
    Eјјј со што се бранат сега не било точно,не бил Даниел ,Мартин бил!!!!!!!!
    Како не им е срам!
    Уште он Иво вика,ги држевме информациите во тајност,дур не се откриел индентитетот!!!
    А пред тоа вика,нема траги на насилство на пронајденото тело,му се слошило на дечкото!
    Прават што сакаат, С Р А М О Т А !
     
    На FBI, BoaVista и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас во последниве два дена не слушнав ништо во врска со случајов на СИтел. Кој си ја има муавата на капата си ја брка :^)
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Mалце офф, ама се потрудив на A1 да прочитам, зашто таму најреално ќе прочитам, но вика серверот е презафатен!
    најверојатно од голем број на луѓе, сигурно сите коментираат за страшнава случка!
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еј, комедии се, не сакале да даваат информации.
    Не сакање да се даде информации оди со, „немам коментар“, не сум информиран, ќе провериме, штом имам информација ќе ви кажеме, а не дека немало повреди.

    Јас од вчера не знам кое време не можев да ја отворам страната на А1
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Стварно ова???
    До таму ли отидоа :tmi:
    Изгледа ова за нив и не е ТООООЛКУ битен настан и не ги засега :fubar:
     
  13. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Изгледа дека веб-страната на А1 е укината,јас уште од вчера се обидувам да ја отворам ,неможе :o
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    мило ми е што се расветлува случајот, што злосторникот си се предал на полиција, или го печела совест или некој го поучил како треба, односно му наредил, а не како што почнаа да кажуваат дека на детето му се слошило и од тоа починал, инаку ова се цитирани размислувања на некои симпатизери на владеачкава партија(не од форумџиите), секоја чест на оние кои си беа реални без разлика.

    жално за детево и мислам една добра темелита реформа на сите безбедносни сили треба да се направи како и другите вработени во државните органи ако сака владава сите да ги освои, ај што нема економија и пари, барем нека има правда.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eпа за тоа викам и јас!
    баш сега за 20 минути ќе почне!
    да видиме дали таа бумбарката ќе се осмели да отвори тема за ова!


    уф, баш би ми било мило да се најде некој граѓанин да се јави, и партал да ги направи!
    :envy:

    п.с зашто укината A1?????????? :o
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Зарем веруваш дека сам се пријавил??? Јас искрено не.
    Прво се обидоа да ја заташкаат работата, па откако видоа дека не може да се заташка, се решија на овој чекор. Ако се пријавил уште од вчера, Иво Котески немаше да ја појавува на телевизија и да кажува нелогичности.
    Ќе си ја кажеше вистината и чао пријатно.
    Е сега, читан по странициве на медиумите низ Мк, не се зане причината зошто го тепал детето. Сигурно нема причина- затоа не е објавено. Да имаше причина јасно и гласно ќе ја објавеа и ќе ја ставеа во одбрана на УБИЕЦОВ.

    Е сега истиот тој кој го сторил делово, а со име Игор Спасов, кој е припадник на Тигрите, заслужува јавно да биде каменуван од сите кои го осудуваат.
    Да види како боли, кога некој ти покажува сила :@
     
    На zhap4e и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Кај мене се отвара. Пробај со chrome

    Причина за смртта на момчето на плоштадот е тепање - потврди судската медицина. Скршеници, удари по слабините, дел од левата страна на телото речиси распаднат - ова се само неколку детали од извештајот што треба да биде објавен.

    А1 ексклузивно во вестите во 16 ќе изнесе нови детали и сведоштва како е убиено младото момче.

    Телото на момчето чиј идентитет се уште е енигма е пренесено во Бутел, но погреб се уште не е организиран.
     
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    А бе таа бумбарката не дозволува име на друга партија да споменеш, веднаш те исклучуваат, а не некој да се јави и да ја критикува власта. И после секој имал право јавно да го искаже своето мислење. Е па драги мои на Сител тоа не е можно, ако не ја поддржуваш власта тогаш ќе молчиш или тие ќе те замолчат!
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ова со детето што му се слошило вчера го имаше на макфах мислам баш така напишано беше и на Форум. Јас баш вчера ги пренесов и приказните на едниве кои велеа тепано е и на другиве. Во едните имаше дете бил сведок, други новинар. Нема врска со никој дека го оправдувал настанот. Хаосот дојде од медиумите.
    Сител воопшто не известија, за канал 5 не сум сигурна ама мислам и тие немаа.
    А1 само го имаа детето сведок и нетпрес, уште некоја страна беше со оваа приказна истава дека било претепано.


    едит: Бланка го кажаа идентитетот на Алфа.
     
  20. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Еве пример за тоа колку се казнуваат и отпуштаат полицајци или алфи!!

    Познатиот полицаец-насилник Воислав С. (27) од Македонски Брод, припадник на единицата ЕБР, бил истепан откако повторно без причина нападнал и повредил момче во петокот во градот. Специјалецот без никаква причина со автомобилски клуч за свеќички нападнал сограѓанин и му ја дупнал главата. Во МВР го потврдија случајот и информираат дека работат на негово расчистување, а против полицаецот ќе поднесат соодветна пријава. За период од повеќе од една година ова е трет пат Воислав С. да претепува сограѓани, а осомничен е и за други инциденти. Додека од МВР повторно објаснуваат дека инцидентот е пријавен во секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди се чини дека на Воислав С. му е дозволено да прави што сака и да ги зема законот и правдата во свои раце.

    Последниот инцидент се случил околу 2.30 часот на улицата Мирче Ацев во Македонски Брод кога Воислав С. без претходна причина ги нападнал браќата Небојша К. (21) и Николче К. (21) и со клуч за свеќички го удрил Николче по главата. По ова браќата му возвратиле со клоци и со тупаници и повикале полиција, а Воислав С. избегал со својот автомобил.

    - Воислав двапати телефонски ми се јави да излезам пред куќа. Кога прашав кој ми се јавува, ми рече: „Војо полицаецот“ и ми се закани со зборовите: „излези да не ве заколам сите дома“. Му реков да не прави проблеми и излеговме со брат ми. Тогаш тој ме фати за палтото, го скина и продолжи да ни се заканува. Јас го фатив за раката и му реков да биде мирен. Брат ми го фати за другата рака и повикавме полиција. Додека ја чекавме полицијата тој успеа да ни се оттргне, зема автомобилски клуч од својата кола и го удри брат ми по глава. Тогаш ние му возвративме и го истепавме. Другото лице што беше заедно со него излезе од автомобилот и извади пиштол за да н` заплаши, по што Воислав влезе во автомобилот и избегаа - ни изјави Небојша К.

    МВР не може да објасни зошто не го санкционирало полицаецот, кој последнава година повеќепати го прекршил законот и продолжува со насилничко однесување.

    Проблематичниот полицаец во ноември лани го прославил раѓањето на синот со фрлање шок-бомба на игралиштето од СОУ „Свети Наум“ во Македонски Брод, а на кое имало ученици. Иако очевидци потврдиле дека Воислав ја фрлил бомбата, два дена по инцидентот во полициската станица во Македонски Брод дошол таткото на полицаецот и изјавил дека тој ја фрлил бомбата што претходно ја нашол во ранецот на Воислав.

    Во август лани Воислав без никаква причина истепал две момчиња во Македонски Брод за што беше осомничен за физички напад. Истиот месец полицаецот предизвикал инцидент на традиционалниот турнир во мал фудбал што се одржувал во Македонски Брод, а инцидентот е снимен со камера на крим-техника од ПС „Македонски Брод“.

    Пред една година тој претепа двајца сограѓани, од кои едниот беше во кома. За овој случај полицаецот е осомничен за нанесување тешки телесни повреди. Казната за ова кривично дело е од една до десет години затвор. Против полицаецот, пред да ги претепа сограѓаните, имало пет службени белешки и налози за наплата на глоба за прекршоци во сообраќајот и за нарушување на јавниот ред и мир со пукање од службениот пиштол пред две кафеани во градот.

    И покрај ова, полицаецот с` уште ја носи полициската униформа. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во јануари лани предложи поведување постапка пред Комисијата за отказ, но полицаецот редовно оди на работа во Единицата за брзо распоредување - ЕБР.

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 3CAC5DB216

    Зошто сеуште не е разрешен овој случај?! Нема власт за полицајците и алфите!!!! Факт!