Однесување на полицијата, специјалните единици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од slatkichKa123, 6 јуни 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Смајлиштосекрсти и смајлиштосипукавоколено пред да му го пукнат него носот.
    Каде живееме...немав желба кафе да пијам и да го сфатам ко корзо...никој да не те рецка дека сакаш порака да му упатиш...таа брклата никад више министерка да не стане!
     
    На faye, DivineChaos и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Кога го слушнав ова на вестите се згрозив.Значи Мартин бил член на Вмро-Дпмне па го убиле, замислете каде ни е крајот на другите кои не сме од оваа партија....Груевски не е крив, ние самите сме си криви..Ама ако така за нас си заслуживме сето тоа што ни се случува :@
     
    На SunFlower94 и FBI им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Мала хронологија на настаните што се случуваа:
    - На градскиот плоштад се случува претепување до СМРТ...
    - Има повеќе сведоци, од кои едниот се посомневал дека го знае идентитетот на жртвата...
    - МВР вели дека починатиот починал од природна смрт...
    - Од Судска медицина велат дека телото е однесено во капела во Бутел, а од капелата негираат (!?)
    - Полицијата МОЛЧИ на прашањето зошто не се прегледа снимката од камерата кој што 24 часа го снима плоштадот...
    - Сите провладини медиуми МОЛЧАТ и воопшто не го спомнуваат случајот со претепувањето...
    - Сите провладини медиуми МОЛЧАТ и воопшто не спомнуваат дека во Скопје се одржуваат протести...
    - На Facebook мистериозно исчезнуваат страници поврзани со овој случај...

    Арно ама, бидејќи вистината е како ШИЛО, таа изби на површина...
    Денес МВР мораше да признае дека смртта настанала како последица од претепување, а идентификуван е и ТЕПАЧОТ...

    И прочитајте едно лицемерно соопштение
    Со други зборови, Јанкуловска остро реагира до Јанкуловска!
     
    На esperanca, SunFlower94, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    Актуелни политички настани

    Момчето што загина пред „Мепсо“ носело симболи на владејачката партија16:31 | 07 јуни 2011 ФОРУМ
    Припадникот на полиската единица за специјални намени „Тигар“ кој е осомничен за убиството на момчетот на скопскиот централен плоштад „Македонија“ ноќта во неделата кон понеделник бил на должност во обезбедување на прозлавата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ


    Припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов го усмртил 22 годишниот Мартин Нешковски од скопската населбата Козле, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи.
    Портпаролот на МВР, Иво Котевски, рече дека Спасов по идентификувањето на момчето, сам се пријавил кај својот старешина. Тој додаде дека тепањето се случило додека полицаецот бил на службена должност, и требало да го обезбедува плоштадот поради прославата на ВМРО-ДПМНЕ.
    Котевски информираше дека убиеното момче можеби и самото било дел од прославата на владејачката партија, бидејќи носело симболи на ВМРО-ДПМНЕ.
    „Семејството е информирано врз база на идентификацијата, се очекува веројатно истиот да биде идентификуван и од неговите најблиски. Откако е добиена информацијата дека се работи за насилна смрт и откако беше идентификувано и лицето кое е убиено, обезбеден е и осомничениот и со него во моментов се разговара во службените простории во МВР и во текот на денот по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и истиот заедно со доказниот материјал ќе биде изведен пред истражен судија“, рече Иво Котевски.
    Тој додаде дека по завршување на службениот разговор ќе се знае повеќе и за мотивите односно за причините поради кои се случило убиството.
    Од МВР велат дека и покрај тоа што инсистирале било кој граѓанин кој има какви било податоци околу случајот да го пријави во полиција, сепак немале ниту една таква пријава.
    Братот на момчето веќе разговарал со полицијата, и кажал дека и порано го немало по неколку дена, и затоа семејството не реагирало откако не се вратил дома вечерта.
    Од истражниот судија се очекува да се добијат повеќе детали за тоа како настанала смртта.
    „Првично од тоа што го знам од разговорот, осомничениот вели дека воопшто не знаел во прв момент дека момчето починало, можно е да се работи и за убиство од небрежност“, рече Котевски.


    извор http://daily.mk/cluster3/6fc2a457942bd2 ... 9e0/768225


    едит овие сметаат дека бил на забавата на Вмро и носел нивна маичка, според а1 носел кремова маичка со црни риги...
     
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Изјавата на мајката,
    и ова неможе да биде намештаљка на А1 затоа што мајката го збори пред камерите,па затоа ќе ве замолам без такви непотребни глупости.

    :x
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полека со изразите, форумов колку и да е анонимен по потреба не е анонимен баш. Не се знае кој каде ќе заврши, заради претерувањата. Инаку, не се согласувам дека Македонија станала во наводници полициска држава, напротив полицијата си ја врши својата работа, ако.
     
  7. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Повеќето од вас се водат по вестите на а1. Детето кое е убиено, славело победа најверојатно пошто имало мајца на ВМРО, не кремаста како што пишува и кажале на а1. Лицето кое што го претепало до смрт само се пријавило и сега е во затвор, ќе му судат ако е крив ќе го осудат и готово.( инаку ако е специјалец не мора да значи дека е член на владеачката партија, може да е дури на СДСМ ) Има секакви будали и тоа не е ништо ново, нека гние во затвор. Вие го направивите како ај сеа.. груески го пратил тој полицаец да убие рандом дете ( плус „негов човек “ ) за џабе. Глупости, ставрно уживате приказни да си правите, али моќта на медиумот е голема а1 добро пере мозоци.
     
    На bitter-girl и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ако?
    На едно убиство ако да се каже?????Ват д фак?
    И ти сама го покажуваш стравот од власта ,кој таа сака да ни го влее.
    Не се знаело кој каде ќе заврши ради претерувања.Ај нека дојдат да не уапсат и нас или убијат ако не.
    И гајле ми е,и во лице има да им го кажам ако имам можност,па што сакаат нека ми направат.Ради такви преќутувања отидовме кај што не треба.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Дали работата на полицијата е да убива луѓе? Извини ако е така, јас не сум знаела.
    Инаку, со ваков памет, Господ нека ти е на помош.
     
    На SunFlower94, skyAngel, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не работата на полицијата НЕ е да убива луѓе, и мојот памет со докази работи а не приказни од медиумите. Докази. Како за Љубе уште не е докажано што како, кога ќе се докаже ќе видиме, така и за ова. Кој го убил ЌЕ ВИДИМЕ.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Kои докази??
    како нема докази? Mалце беше мајката на детето што се појави пред камери?
    Aма не, не станува збор за брат ти, братучед ти или нешто твое!
    жалосно е со вакво размислување, млада си ....
    и не е должност на полицијата да тепа и да убива беспомошни деца
     
    На CoverGirl10 и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Види, во некои случаи полицијата може била брутална, во овој случај тоа нема врска, мајката на детето таму била видела како го убиваат ?! Гледала, очевидец е ? НЕ.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    доволно што детето и е мртво!
     
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    претепан е ! убиен е ! во центар на Скопје никој не можел да му помогне.. тоа е страшно..
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ееее во кривичното право има и сторител, извршител на делото, а не само дело и санкција. Е тој извршител НЕ Е ПОЗНАТ. Точка :)
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    Портпаролот на МВР, Иво Котевски, рече дека Спасов по идентификувањето на момчето, сам се пријавил кај својот старешина.
     
    На FBI и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како прво лицето не е обичен човек туку носител на функција-да ги заштитува граѓаните,а не да ги убива!

    Како второ,може ако сака да е и за ДУИ човекот,тоа не ме интересира,тој е претставник на МВР-Гордана Јанкуловска,дел од владата на РМ ,која е во рацете на ВмроДпмне.
    Затоа и постои одговорност на секоја функција.Затоа и премиерот може да побара одговорност од министерката и да и побара оставка.

    И не зборете лаички работи во кои не се разбирате.
    Ама ово ти е добро "ако е крив ќе го осудат и готово".
    Каде ви е хуманоста и човечноста алоо?!


    Едит:Оу мај гад Плавуша ти знаеш нешто за случајов ,прочита нешто на темава или само така ти дојде да пишеш ,па си викаш ај ќе пишам????
    Сторителот го приознал сам своето дело ;)
     
    На esperanca, SunFlower94, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.827
    Најстрашно во целава ситуација е што доколку немаше сведоци кои се дрзнаа да кажат што виделе, и луѓе кои вчера излегоа на протести, овој случај ќе се заборавеше.
    Во свет, после ваков случај се бутка власта, ама ај среќа имаат овие што немаат уште формирано влада, па нема што да се бутне. Ама среќна сум што има протести и треба да има секој ден, се додека не се најде решение за оваа бруталност.

    И да, пазете што пишувате, ќе влезете на црна листа на вмро, па нема да можете работа да си најдете, или ќе ве начекаат алфи :D
     
    На SunFlower94, JuLleE, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    па што ако немаат формирано влада, се додека не се формира важи стариот состав, а најчесто министерот за внатрешни си дава оставка.
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    http://www.youtube.com/watch?v=bKNxYpvJ ... ture=share

    И пак се наежив и солзи ми дојдоа од видеово, истовреме полна со омраза и гнев заради муабетите дека поради непостоење на казнено дело соучесништво од страна на потрчковците на убиецот, истите се ослободени од обвинение. Недостиг на докази??? Малку се сведоците? :envy: :@

    До каде вака? :envy: :@
    Во каква држава живееме?
    Во какво општество ќе живеат нашите деца?
    До кога ќе не замолчуваат?
    До кога ќе не сецкаат на парчиња?

    Утре можеби јас ќе бидам Мартин, Мирко или Стојко.

    Почит за жртвите на полициската бруталност, но мртви или живи сите сме веќе жртви на полициската ни држава; и тиа што загинале, и нивните семејства, и ние кои сме угнетувани без трошка милост.
     
    На esperanca, julie77, pink4ever и 1 друга личност им се допаѓа ова.