Незнаев каде да побарам помош, па решив да ви се обратам вас и ако насловот е неприкладен сменете го. Епа вака да почнам, откако знам за себе сум била срамежливо девојче.Не да одам во крајности и да не се дружам со никого, туку премногу сум стегната со непознати личности и се губам, можеби и глупости тропам и после коа ќе ми текне ми се плаче.Па затоа и тешко се навикнувам на средина со непознати луѓе, и доколку немам некој она премногу познат јас мислам ќе потонам вземја.Со оние што премногу се дружам сум опуштена во крајни граници, не се срамам од нив и лапсус да напраам, ќе се насмееме заедно и готово продолжуваме со зборување.Со нив немам проблем.Проблемот е кога треба да зборувам со некои роднини, незнам едноставно незнам што да кажам, добивам напади на трема и срамежливост и под нивно дејство јас ќе тропнам по некоја глупости, или ќе почнам да пелтечам што е уште полошо.Така и денес, бев да закажувам роденден и нешто се избунав кога закажував, почнав да пелтечам и поцрвенав ко доматче.Незгодно ми падна.Ајде завршив работа и излегувам и другарка ми ми вика леле колку само незнаеш да збораш.Требаше вака и вака да му кажеш бла бла..Не се навредив напротив, најдобра другарка ми е и ценам насамо што ми го кажа тоа, барем знам како изгледам во очите на другите.Исто со овие од класот девојчињата, а останам насамо со некоја се си мислам неа и е здодевно со мене и незнам за што да зборувам.. Исто викендов ми се случи друга глупост.Се губам исто така кога зборувам со некои попознати деца од градот, небитно пол.Шетавме со оваа иста другарка, и се сретнавме со едно дете од основно, тој беше собран со така попознати машки, и мајтапеа ромче мало, ја тераа да ни дава пари колку што помнам.Ијас застанав да се поздравам со него и едниот и вика на ромката дај му пари на овие двете(за нас) и јас не слушнав што рече и онака ладнокрвно и озбилно реков немам.Леееле која глупачка, и овие почнаа да се смеат, демек ДАЈ ИМ ПАРИ-НЕМАМ.Да бев некоја поснаодлива ќе свртев на шала, во смисла не слушнав бла бла, јас се усрамив и уште толку потонав,резил. Е сеа,од пријателки ми е срам да барам помош, имам доверба ама едноставно можам за се да зборувам, освен за мојот глупав карактер и срамежливост.Со мајка ми нејќам, мислам дека ќе ме сожалува,незнам како ќе изреагира, затоа сакам од вас да побарам помош.Не можам да трпам повеќе, премногу ми смета ова и им завидувам на оние кои се опуштени пред сите.
Ако точно памтам имаше слична тема, но нека остане тоа на модераторот. И јас го имам овој проблем. Пред некој ден се испозбунив пред соученичка кога ме праша само "Кај одиш бе, Мила?". Јазикот мислам го чворосав. Но, не се срамам потоа, си кажувам било помимало, нема тука ништо срамно, ако таа за мене сменила мислење, сигурно не е крај на светот. Исто така, си вежбам зборување пред огледало.. Кога треба говор некој да одржувам или еве, наставничката ме задолжи да ја предавам следната лекција, ја бришам публиката пред мене и зборам како што сакам да ми биде предадено или кажано. И јас се чувствувам глупаво кога сум до личност со која што не зборам најмногу, но затоа почнувам да црткам нешто. Знам, изгледам како антисоцијална личност, но не ми е гајле, многу полесно е од треснување глупост. Исто така вежбај се брзо и духовито да размислуваш, и јас такви одговори давав, но читај повеќе смешни книги, промислувај ги и ќе видиш како ќе ти доаѓаат идеи.
Јас имам ваков проглем кога после подолго време нема да комуницирам со луге. На пример кога е колоквиумска недела или кога цела недела ќе врне и не искачам нигде освен кога вежбам. После таков хендикепиран период, кога и да искочам сум антисоцијален и јазикот ми е врзан. Но се ослободувам после 15 минути интензивно зборење. Првата средба ја правам со најдобар пријател. Се испоприкажувам, се зезаме до бескрај и после сум како рестартиран Исто така дома кога сум сам, зборувам нис соба, се соочувам со проблемот на антисоцијален. Пуштам музика и играм ретардирано, стојам на раце. чистам за време на играње и сл. Заклучок: More awkward is less awkward
Фактички ни треба муабет со експерт за нашиот проблем, со некој кој ќе не разбере, а тоа сме самите ние... Така да зборување со себе и најмногу би помогнало.
И јас го имам истиов проблем. Пред најдобрите другарки и пред луѓето со кои се чувствувам слободно сум опуштена и без проблем го кажувам она што го мислам, се шегуваме, се смееме. Ама пред други сум спротивното. Молчам повеќе, не сум опуштена, се срамам. Едноставно како нешто да ме држи одвнатре, не ме пушта да се искажам. Децата во класот ме знаат како срамежлива и молчалива, но таква сум само пред луѓе кои не ми се во мојата комфорна зона. Тука е проблемот, треба што повеќе луѓе да дозволуваш да ти влезат во твојата комфорна зона. За жал повеќе луѓе ми се надвор од таа зона и затоа ме знаат како повлечена а јас во себе знам дека не сум таква и дека сакам да бидам опуштена и дружељубива. Исто така мислам дека помага и кога другите ќе забележат дека си повлечена и сакаат да те опуштат. Најлесно ми е кога преку другарките се запознавам со други луѓе, така мислам дека полесно ми е да ги вклучам новите луѓе во комфорната зона. Како и да е, најпотребно е да веруваш во себе па и да мислиш дека си треснала глупост насмеј се иако не се чувствуваш така. Интересни се на другите тие личности што се шегуваат на своја сметка. Еве се трудам се повеќе да бидам опуштена во очите на мнозинството.
Леле а јас мислев дека сум единствена што има ваков проблем. Јас сум премногу срамежлива, кога сум во друштво со непознати постојано ќутам, ако нешто, некој ме праша се трудам одговорот да биде што по краток. Единствено сум скроз опуштена и немам никаков срам пред дечко ми и група на луѓе што ме знаат долго време, што си ги сметам за помали братчиња. Значи пред нив знам и глупости да тресам, и вицови, и зафрканции и се. Исто и со роднините, едвај два три збора разменуваме и тоа е тоа. Кога сум сама у соба, пеам гласно, чистам, јадам, играм, читам на фемина истовремено. И сум се обидела да сменам нешто, да бидам по комуникативна, по опуштена пред непознати, и не можам и крај. Таква сум тоа е.
Се вежба ова. И јас бев исплашена и здрвена пред непознати, ама кога почнав секојдневно да комуницирам со луѓе што не ги знам, се опуштив. Се уште не сум најкомуникативната личност на светот, ама далеку сум подобра од претходно.
Се пронајдов.Како јас да сум го пишувала текстов... Пред моите најблиски другарки сум ептен опуштена кажувам вицеви, смешки, случки, дешавки се зезам, се смеам а со тие од клас незнам никаков муабет да направам како да ми е врзан јазикот ...Некој ќе ме праша некое едноставно прашање а јас целата чуствувам како да се препотувам и црвенеам... знам и понекоја глупост од трема да треснам па сите ке ми се изнасмеат и после многу ми е криво и се нервирам ми е криво што ќе помислат дека сум глупа ...И мене ме знаат како срамежлива во клас ама воопшто не сум таква со другарките.
исто и јас сум многу ќутлива. не сакам кога зборувам, пре би слушала отколку што би зборувала. тоа ми е многу голем проблем. и со најдобрите другарки што ми се не можам да зборам. не знам што муабет да им направам. мислам дека порди тоа што не зборувам ќе ги загубам. чуствувам во последниве две недели најдобрата другарка дека се одалечува од мене. сигурна сум во тоа. како да нема доверба во мене. како само јас да сум и се доверувала за моите проблеми. секогаш е така, а се почувствувам со некого поблиска и гледам дека ме разбира, ќе споделам некој проблем со него и потоа се одалечува од мене. совет?
Секогаш се однесувам свое и лабаво. Ако сум во јавност или на некој настан со непознати, се понашам културно и сум потивка.
Јас не знам да бидам лабава Истиот проблем го имам, не знам да зборувам и глупости тресам пред нови луѓе. Или ќутам. Двете се исто зло 20 години не го сменив тоа и се помирив.
Порано бев ваква, па се ставив во позиција секој месец да сум со нови луѓе и немав ни т од трема. Ама периодов се приметив пак ми се враќа тоа срамот пред непознати и многу ме нервира, не сакам големи гужви, мразам кога некој ме зјапа или кога се збори пред повеќе. А го имав проблемот под контрола
Многу тешко се приспособувам, тешко се вклопувам во друштво на нови луѓе, затоа и избегнувам нови познанства. Претпочитам да си останам во мојата безбедна зона, иако можеби пропуштам некои работи.
Мене ми многу тешко оди со нови луѓе, не можам да го држам муабетот да си го спасам животот. Срамежлива сум и скочанета кога запознавам нови луѓе, иако сакам да ширам познанства. Често таа срамежливост луѓето ја мешаат со ароганција и ме сметаат за bitchy личност - буквално ми го имаат кажано ова, ама одвнатре ретко се чувствувам така. И криво ми е затоа што се чувствувам дека пропуштам скапоцени луѓе кои добиваат лош впечаток за мене.
Од , мислам дека позатворен човек од мене нема на планетава кога се во прашање нови луѓе . Ми треба најмалку три пати да се сретнам со некој , за да отворам уста и конечно да направам " два реда муабет " со некој . Полот овде не игра никаква улога , иста сум и со мажи и со жени . Ме нервира страшно , а не знам како да си помогнам . Затоа и многумина сметаат дека сум лажга , се правам недостижна или имам его до плафон , а кога подобро ќе ме запознаат велат : " Па ти си била многу пријатна личност , човек може да разговара за се со тебе , не очекував дека си ваква , на прв поглед изгледа како да си со его до плафон " ... Е да , таква сум , можеш да ми кажеш се , на секоја тема , ама пусти срам ..