1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односи со роднините и поширокото семејство

Дискусија во 'Брак' започната од DaenerysT, 25 август 2016.

  1. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки,

    Не видов некоја ваква тема. Ако се дуплира - канта! Знам дека има теми односи со родителите, односи снаи свекрви, јатрви и золви, ама не видов некоја поопшта тема каде можеме да си зборуваме за односот со пошироката фамилија на партнерот.
    Дали имате некоја негова рода која многу ја чувствувате за блиска, или верувам во повеќето од случаевите некој роднина кој ви иде на нерви. На пример чичко, тетин, тетка или братучедка на вашиот партнер.
    Еве јас имам неколку примери. Мм има неколку братучедки кои ме живцираат. Бидејќи живеат во внатрешноста, многу пати сами си се покануваат кај нас дома да преспијат за да си завршат некоја работа тука во Скопје. Јас и мм живееме сами, па си земаат за право да се чувствуваат слободни да си се поканат сами, и тоа не неколку дена однапред, туку вечерта во 10ч се јавуваат јас утре ќе дојдам и ќе останам неколку дена. И што да им кажеме јас и мм, кога они веќе си ги спакувале куферите и чекирале карта? А си се договоривме јас и он, дека повеќе нема така да ги примаме, ама во случај да се јават барем еден ден унапред, па ќе смислиме нешто дека не сме дома. Вака не ставаат во тесно. Плус, немам време ни да потсредам дома ни да спремам постелнини, па уште треба да му ја мислам и да се вратам дома после работа со време, па и за јадење да правам планови.

    Сега веќе не се замарам толку, ама во почетокот на бракот како и секоја млада снаа сакаш да се покажеш фина и гостопримлива кон роднините на маж ти. А братучедкиве како што си ги дал господ трачарки, па ме зборат низ роднини (читај пола град) дали ми е средено дома или што сум ги угостила за јадење.

    Еднаш во една прилика едната ме има прашано дури и колкава плата земам!!!!!! Не ја удостоив со одговор нормално, само и кажав здоволителна, голема и надпросечна (а нема везе ]:)), ама нека пукнат од љубомора и зборење кај нив низ град како снајка има многу голема плата и скап телефон. Хаха

    Исто има една вујна тракатаљка, ама нејзе не ја есапам многу. Толку и е паметот, жена во години, необразована, цел живот домаќинка и главна тема и се жените од комшилук. Ама овие бре, прости прости немам зборови. А греота млади девојки убави и згодни, место да си гледаат пред себе, снаата главна тема им е на муабет.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Од моја страна не ја поднесувам едната вујна. За среќа, одамна немам конаткти со неа. Од страна на маж ми има повеќе роднини што ме нервираат. Среќа што не никој од нив не живее во Скопје. Кога одам кај свекор ми и свекрва ми на гости ги гледам само тогаш. А тоа е 3 пати годишно.
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не се замарам ни со мои, ни со негови роднини, мм уште помалку. Си гледаме живеачката и детето, да ни биде убаво и средено, си живееме со блиските т.е родителите и сестрите. Со останатите сме во културни односи на блага дистанца. Што би се рекло со никој не сме скарани, но нема шанси да се трупнат така не најавени.
    П.с имаш право кога ќе ти речат утре ќе дојдеме на спиење да кажеш извинете, но не сме во можност. Не е твој проблем што купиле карта, а не прашале. Не се обидувај да се докажуваш дека си гостопримлива и добра за да не те оговараат. Зошто и вака и така пак ќе те зборат.
     
    На ssweety, Sesil, VladeMila и 8 други им се допаѓа ова.
  4. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Ne sum bliska so na mm rodninite so nikoj ni so jatrvata oti me baraat samo koga im trebam za nesto ne sum se karala so nikoj samo so tetata ednas i ednas so jatrvata
     
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Не практикувам близина со роднини многу нити пријатели.
    Освен една тетка што имам на која што можам да и се ослонам и да и кажам секогаш како се чуствувам, на други не им се доверувам нити близина имам. Едно кафе дали би испила со роднини...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Имам неколку роднини со кои сум многу блиска.
    Не идам по гости за слави и родендени на луѓе што низ годината не ги гледам/слушам ниеднаш и не форсирам дружење со роднини.
     
    На malooto и Mr. Right им се допаѓа ова.
  7. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Од моја страна си живеам многу убабо си сестрите на мајками ама не и со вујкото и вујната ц ц ц тие се стварно не културни. Оваа госпоѓата вујна кога требаше да дојде дедоми на гости од мк и кажа на мајками "ако сака и мајкати нека дојде" а бабами не е меѓу нас веке повеке од 12 години , па и кажав лепо фино друг пат тоа да не ја слушнам и ко партал низ врата , да дома во наша куќа таа тоа го кажа...
    Исто си живеам многу со една братучетка другите само озборувачки , што ги немаше ни стапуванје во брак да честитаат ниту пак керка...

    Од страна на мм (кога бев мажена) све је отишло во вода уште ..80-те години па дури и јатрвата се нервираше за мене (слушам уште ја болело к*е за мене ) кај одам што правам , дали работам и како можам луксуз да си дозволам ама изгледа не гледа дека мојата и нејзината работа се 2 света различни...

    Како помлада се секирав да не згрешам нешто некому додека мене ме газеа сега воопшто не се секирам :D
     
  8. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го напишала ова и за тетката се е точно
     
    На SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Тетка ми, тетин ми и брачеда ми ми се најблиски. Тие ми се фамилија и највеќе ги сакам. Тетка ми ја сакам повеќе од мајка, зошто таа така се поставува кон мене и кон брат ми и сестра ми.
    Идол ми е и не можам да го замислам животот без неа.
    Имам роднини кои не ги гледам често, тие се втори братучедки на родителите и живеат во странство. Кај нив важи правилото дека само тие мора да се среќни и имаат по многу распаднати бракови, ама финансиски се држат добро. Ме прашуваа дали имам дечко...
    Чичковци на татко ми и братучеди на татко ми се отров. Луѓе што гледаат материјално да те искористат или да земат нешто што мислат дека им припаѓа нив. Од вакви идиоти ми се повраќа. Ниту сакам да ги видам, ниту да ми излезат пред очи. Не се роднини ова, со комшиите некои луѓе подобро живеат од колку со роднините.
     
    На SummerGirl и EminemsGirl им се допаѓа ова.
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Таман се спремав да го пишам ова истово ама до словце истово.
    Со моите најблиски не се замарам , вујко, чичко итн, а камоли со неговите.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Од страна на мм ептен го почитувам неговиот стрико. Човекот е луд 100% таков човек еднаш на светот се раѓа, со него можеш да се заебаваш, не се лути и ако е на негова сметка, многу позитивен лик, секој што го познава истото за него го мисли.
    Со останатите сум во ок односи. Немам лошо мислење за никој од нив.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Od strana na tato,mojot lev cicko pijanica i negovata zena,ziveeme vo"ista kuka no sreka vo stranstvo se pa se trpi inaku
     
  13. ilina-m

    ilina-m Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Има неколку братучеди - машки женски од страна на маж ми што ги чувствувам како свои.
    Има неколку стрини две три, што е страшно нешто ако кренам телефон кај свекрва ми и ако е некоја од нив. Во состојба се да зборат по 15 саати а ништо да не кажат....
     
    На Sesil и meckicka им се допаѓа ова.
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Мојот однос со роднините е театар. Они се професионалци глумци значит слободно ги препорачувам на Стивен Спилберг да си ги земе ,подобри глумци немат од нив .
    Они дури се способни да плачат пред други без да осекаат ништо , па одпосле ги оговараат другите и се смееат . Они велат секогаш кога ке имаш мака обрати се кај нас , али кога дошло такво време е тогаш вртат грб. Значит Професионалци глумци !!!
     
    На theowndemon, Miss666 и meckicka им се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Јас сум во коректен однос со сите роднини, од моја страна или од страна на мм,без разлика!
    Не станува збор за чести средби и огромни близини, но одвреме навреме испиено по некое кафе и општи муабети ми се доволни за да одржаваме супер однос!
    Сосема нормално ми е одвереме навреме да се слушнеме, да договориме средба, да направиме муабет... СО некои семејни ликови полесно ми тече комуникацијата, со други малце напорно но засега не паметам со некој да сум се замерила.

    Единствено замерувам на ненајавени гости ( а сум се нашла во таква ситуација), но постепено и тоа го средувам поточно подкажувам дека очекувам да подигнат слушалака и да ме известат дека ќе не посетат.
     
    На toogood и tina-63 им се допаѓа ова.
  16. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Јас и мм гледаме повеќе да држиме дистанца од роднините од моја и негова страна ... оти колку сме поблиску побрзо ќе се замериме.... и ако јас чувствувам дека од негова страна некои роднини не ме сакаат баш...само ми прават лице, бидеки пред мене мм имаше врска од 5години и како неа повеке да ја сакат, мислеа дека јас сум ги разделила итн. но најважно ми е јас и мм да се сакаме и почитуваме и нашите најблиски(родители,сестри,браќа) ....
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Си имам дистанциран но многу коректен однос со сите.
    Знам да заседнам и со часови да зборувам со некоја од дотичните личности, ќе се видиме муабет муабет, смеа и седенка сосема доволно и расположливо кога се има време, место и желба.
    Убаво е кога човек си има еден муабет со сите, не форсирачки туку случаен и незачестен.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Од сите роднини само со вујко ми си живееме.. останатото е на ignore