Имаат сосема ок однос. Дури моите често посакуваат да имаат толку добар однос и со брат ми Обично се гледаме за викенд, или одиме или ни доаѓаат на кафе или ручек. Се гледаме и преку недела на кратко, ако ги земале децата од школо, да ни донесат нешто ако биле на пазар, и слично (живееме многу блиску). Еден период живеевме и заедно, немаше ни тогаш проблеми. Некогаш мајка ми знае да напне за нешто, ама сум му рекла да не се замара, и не се замара. Што има да се расправа, нека рече ок и нека си тера по негово. И јас така се однесувам со неговите, а и со моите Муж ми ги вика моите баба и дедо, затоа што тие така сакаа, на мое големо изненадување Ние прашавме кој како сака, и така тераме. На телефон не им се јавува, освен ако има потреба нешто да се договори со татко ми, најчесто ако работат нешто дома. Ни јас не се јавувам кај неговите од чиста мира, освен ако треба да им кажам нешто. Мислам, јас никаде не сакам од чиста мира да се јавувам, подобро ќе отидам на кафе, отколку да се слушаме по пола саат. Главно јас се јавувам кај моите, тој кај неговите. Мислам дека така е поприродно, не може тој да ги мисли моите повеќе од мене, ниту јас неговите повеќе од него. Кога луѓето се ок, ни обраќањето, ни живеењето заедно, ништо не е проблем.
Мојов мушкарац е резервиран, не навлага во детали, не се јавува по телефони, не се умилкува.... Но он е таков и со неговите не само со моите, што мене и ми одговара, донекаде. Не ми се свиѓа што не им се јавува за родендени, имендени, слави и слично, освен ако јас не се јавам, ама кога сме таму е максимално посветен на моите, им прави муабет, со татко ми му оди муабетот. Мислам дека односот им е ОК!
Полесно им е на зетовците. На гости ќе си појди кај баба и дедо. Баба ќе направи ручек, зетот наготово ќе се најади и ќе стани. Во меѓувреме ќе изигра една партија шах со дедото или ќе погледаат фудбал, вести, ќе прокоментираат малку за тоа, малку политика и временска прогноза, ќе се напие сиктер кафе, и ќе си ги облече чевлите (уствари ако се слекол, зошто нели зет е, нему му е дозволено обуен да влези) и ќе си заминат дома со едно пластично од ручекот за да имаат и за вечера. Ако тие му дојдат на гости, ќе си дреми на кауч со баба и дедо, жената ќе трча околу масата, ќе издржи 2 саати со нив, и после на пиво со другарите да се излуфтира. Вака малку сликовито да раскажам. И после се чудат зошто поретко се карале зетовците, зошто како-така 2 саати ќе издржат без да провоцираат, да се зајадуваат, и арни биле.
Зетовците не се караат затоа што се машки. Не се замараат со се и сешто како нас жените. Кога некој ќе им каже нешто, го прифаќаат како што е, без да навлегуваат дали според тонот на гласот или начинот на кој е кажано авторот сакал да каже нешто друго, или кажаното се надоврзува на некој муабет почнат пред една недела, а можеби и не.
Mojot soprug se obrakja so baba i dedo , jas mnogu retko so mama i tato skoro nikogas. Mnogu sum dalecna so negovite , nemam komunikacija ziveeme oddelno. Sepak mnogu musicki mu stava svekrvata na mojot soprug vo glavata. I od taa strana on e vo mnogz losi odnosi so moite. Nema nikakvo pocituvanje. I mnogu pati imam razgovarano no nikako ne odi. I toa e. Kaj negovata majka vazi praviloto jas sum svekrva jas sum od maska strana i mojata majka ne e vredna. Ete taka razmisluvaat lugjeto vo denesno vreme. I navodno ne se mesat nikako vo nasiot brak sto be mi go cestitaa ragjanjeto na kerkickata. E tolku za temava.
Мојот (сеуште вереник) на мајка ми и се обраќа со бабо (а 12 години се разлика), а на татко ми со другар (хахах татко ми инсистираше така да го вика, не бил стар за дедо да го вика). Има супер однос и со двајцата...
Маж ми мајка ми ја вика „мамче“, а татко ми чичко и името. и на сестра ми знае со даде да и се обрати, иако и јас и она се викаме по име
Od pocetokot nikako nemozese da se navikne da gi vika baba i dedo,majka mi ne se lutese no tatko mi edna den na smea mu rece abe ke me vikas ti mene dedo ili da si ja zemam kerkata . Super si se slozuvame nie i so negovite i so moite,tie si teraat po nivno nie po nase i resen problem
Со неговите немаме никаков контакт (поради маќеата), така што од сам почеток е прифатен од моите како нивно 3то дете и стално викаат дека покрај 2 ќерки си имаат и син. Мојот маж ги сака, почитува, цени како свои родители. Мајка ми ја вика тетка ... а татко ми по име. Никогаш не се налутиле поради тоа, баш напротив отсекогаш викале како му е згодно така. Најмалку битно е како ќе се обраќа дали со баба, дедо дали по име, битна е взаемната почит и разбирање.
Nit vikam mamo i tato na svekrva i svekor, nitu mm im vika baba i dedo. Uste li ne izumrea vakvite gluposti? I toa nema apsolutno nikakva vrska so pocit.
Одличен однос имаат. Сите се викаме на име. Нема мамо, тато, бабо.... Незнам како, ама кога го гледам мм како да го гледам татко ми. Не за џабе велат дека жената ќе избере маж кој е најблиску до татко и
Хах, околу оваа тема никогаш не ми паднало на памет да ставам на ум или пак да дискутирам. Сите со сите се викаме по име, чисто, јасно и гласно. Нема умилкување, нема надимаци, нема формалност не формалност, моралност. Нема ништо такво. Поарно здравје!
Zasega super im e odnosot,a msm deka i taka ke ostane.A i odnosot na zetot i roditelite na devojkata e mn podobar za razlika od sprotivniot pozz
А зошто е подобар?! Бидејки мажите не се како нас жените, да загледуваат, да замеруваат, да разглабуваат, да подбуцнуваат, да се замараат итн.. жена си е жена и таква и ќе остане, има разлика од машкиот до женскиот мозок. Пример, мажите ќе седнат, ќе поразговараат, малку за политика, малку за светот, малку за временската прогноза, ќе станат и ќе си одат, средбата не ја ставаат ни на памет, и капата настрана. А жените што прават, гледаат во лонците и тенџерињата, во најмалите можни ситници, еден збор ќе го размозгаат и испревртат 100 пати и назад и ќе се јадосуваат на крај, ете ти несогласување и расправии уште од старт. Мажите можат да дремат со часови и ништо да не мислат, ама жените не го можат тоа, кутијата кај машкиот мозок се отвара и затвора веднаш по дебата, а кај жените не е така, таа е отворена, тука, за се. Ете баш поради големата разлика помеѓу мажите и жените, настануваат овие работи.
Со ,,баба, дедо, мама и тате,, скарани сме и двајцата, никогаш така на им сме се обракале на родителите на другиот, ниту ке се обратиме. Инаку односот им е коректен, блиски се, со татко ми поминуваат доста време заедно, така им налагаат обврските и работата. Ама таков тип си е тој, смирен, стабилен, не се расправа со никој, се решава на фин начин, а од друга страна пак не знае да се лигави и да се упикува и наметнува.
Јас на неговите ги викам мамо тато а тој на татко ми сеуште го вика со чичко.. Од една страна му е срам да го вика со дедо а од друга страна татко ми несака да го вика така мн бил млад за дедо да се вика.. Хах рече ко зе имате деца само тие смеат да ме викаат дедо... И да, се согласувам со тоа и рофителите на неведтата да се нарекуваат со мамо и тато
На мајка ми и смета пушењето дома ( од здраствени причини ) , па кога ќе запалиме цигари во соба знае да не искара ( двајцата ка деца роџени ) . Најсложни се кога треба да ме лажат како за поклонот за минатиот роденден се тоа се спрема со недели уназад , а јас " П " од "ПОИМ " немав . Инаку во глобала , имаат взаемна почит и би сакала тоа да продолжи како и до сега
Од сам почеток ги завика баба и дедо,немаше проблем со тоа. Инаку понекогаш имам впечаток дека повеќе него го тинтраат него ли мене,зетко демек,сакаш ова сакаш она Имаат коректен однос,без замерки
Мојот сопруг и мајка ми се договорија да не ја вика бабо И сеа по име си ја вика Мајка ми така постаро се чувствувала Зетот рече не е проблем, одговара Татко ми си молчи Имаат коректен однос, и се почитуваат од двете страни. Моите дури некогаш и него го бранат место мене Обично се гледаме за викенди, одиме на ручек. Или па некое попладне на кафе може да се прошетаме