Таткоми и маж ми многу се сложуваат, им оди чадот, се дружат, разговараат, па и си личат во некои карактеристики
Ни со бабите немаат проблем. Зетот е принц на бел коњ, кој ги спасил од ќерката, да не мора имот да и даваат, плус ја напраил поштена жена со деца, за да не биде стара мома. Ди енд.
Плус го тинтраат, за да им ја тинтра он ќерката. Мајка ми си го обожаваше зетко, вајда се чудеше како ме зел
Јас лично сметам дека проблеми меѓу дедовците и зетовите може да има како генерациски разлики, вмешаност во семејните животи, комуникациски проблеми....
Ако е домазет, тогаш може да игра и развод, јер маж не трпи многу качување на глава. Жените биле учени, затоа дома-снаа не е редок феномен. Во принцип, 3 генерации под еден покрив, со мешање во тенџериња, ретко излегуваат на крај, треба цртање граници, држење до истите и мнооогу разумни луѓе. Јас не сум од тие, ни со мајка, ни со свекрва не би можела.А јас штом не можам ни мажот ми не може.
Домазетот може да се скара со дедото само за каучот дома, на кој кревет да си полегнат изморените души, не верувам дека ќе се кара со жените за тенџериња. Ама може и грешка сум. А ако се има повеќе седмоседи, петоседи и фотелји дома, мислам дека супер ќе им биде.
Сега за сега немаме никакви проблеми од двете страни, и се надевам така ќе остане. Тек сме на почеток. Шала на страна, свекрва ми е скроз еманципирана, фина и културна жена и искрено многу ми значат нејзините ставови и совети. Исто и моите се пресрцки и ни помагаат, така да се е ок.