Имаше у америка на овааа тема у емисија една видов кратко видео кај шо велеше дека главата на семејството таткото сопругот ако е динервинер победник јадач лапач како да кажам лош знак е тоа црно се пишуе со тој чоек
Тенџерињата фигуративни беа, да може да е и каучот, бормашината, чешмата- јас вака праам и вака е единствено правилно. Подалеку, пораат Ај сега да видиме дали тема домазет има, таму да не преселат
Мм се сложува со моите, ама исклучиво 2-3 дена, не повеќе. Татко ми е тежок карактер, а мм своеглав. Среќа далеку живееме. Исто е и од обратна страна, јас со старите.
Мм е во супер односи со моите. Мајка ми е многу мирна и добра личност. И татко ми е добар ама малку повеќе инает. Ама што и да му кажеш не се лути. Не е од тие што сакаат се по нивно па ако им кажеш нешто се лутат. Мм е во супер односи со нив. И секогаш знае да спомне мајка ти и татко ти се многу добри луѓе. Инаку и тие сами ништо ми немаат речено до сега за мм. Може и немале ни замерка, а и да имале преќутеле пошто ме знаат каков карактер сум. Јас не ќутам, одма сечам. Бабите секогаш го сакаат зетот. Инаку како што најчесто свекрвите не ги сакаат снаите. Дедовците не ги сакаат зетовците исто, (секако со исклучоци)ама не се како свекрвите до тој степен да прават буцки. Не го покажуваат тоа секогаш. Можеби зошто најчесто не живеат заедно. Познавам неколку примери што живееле како домазет, и секогаш имале проблеми со дедото а не со бабата. Најверојатно како што мајката за синот е посесивна, ваљда и таткото за ќерката се осеќа позаштитнички.
Мм и моите се буквално како јас и моите. Уште од самиот почеток го прифатија и не го делат од мене и брат ми .Ама сепак тоа треба да биде обострано,и он е многу добар,културен, ги почитува сите од моето семејство и фала богу до сега не сме имале никаков проблем,се надевам така и ќе остане...Моите не се мешаат во ништо само сакаат да помогнат колку можат од самиот почеток. Дури понекогаш и ако мм се пожали на моите за мене ,јас сум крива според моите хаха..
Маж ми е шајка со мајка ми и сестра ми. Значи некад не се ни консултираат со мене колку со него Буквално како син и брат им е. Ист однос има и он.
Со мајка ми додека беше жива имаа убав однос, но со татко ми постојано се караат. Татко ми е тип на човек што за ништо не се интересира,мрза и е многу ладен, а маж ми е спротивно од него и скоро секогаш се караат.