Мислам дека нема ваква тема, а за да ја отворам ме инспирираше еден статус што неодамна го прочитав на Фејсбук: „Зошто вие родителите мислите дека е срамота да се покажува љубовта и нежноста меѓу сопружниците пред децата, а кавгите и недоразбирањата не?“ Па, и мене ме интересира да ви кажам право, што значи би сакала да слушнам мислења од женички во брак. Јас разбирам дека глупаво е да се лигавиш пред децата што е и многу нормално, но зашто понекогаш еден краток бакнеж да не се размени пред децата? Макар на излегување и влегување. Нема дете кое што не се радува кога родителите ќе ги види да се бакнат или прегрнат или да почувствува дека се среќни. Гушкање како на пример седење еден до друг гушнати, зашто да не? А додека пак дел од родителите неможејќи да се воздржат си упатуваат по некој навредлив збор или ќе си префрлат нешто во нервоза и ете кавга. Па и да не испадне кавга децата и тоа го приметуваат. Зашто првово да се смета за срамота и табу тема а патем ги усреќува децата, а обратново да е дозволено во нервоза а го постигнува спротивниот ефект кај децата? Или ова произлегува од себична природа, приватноста на ниво ама кога сум нервозна не можам да се воздржам ради детето? Да се разбереме, јас сум против зборување за било какви приватности пред децата, но зборам за разменувањето на оваа ситна нежност. И колку треба да ви оди сопругот на нерви за да не можете ни пред децата да преќутите за мир во куќа и нивно спокојство? Јас би рекла сексот во спалната соба, ама и кавгите во спалната соба. Ниту сакам децата да слушаат за што се караме и колку се караме, ниту пак да ги вознемирувам.
Ние често си покажуваме нежности од типот бакнеж на образ,прегратка,држање за раце и сл пред керка ми.За неа е сосема нормално тоа,дури се случува ако ние се гушнеме и таа да дојде да ни се придружи.Кога седнуваме на маса за ручек ме мести да седам до татко и со изговор Вие сте Залјубени треба еден до друг да седите .Значи добро влијае сето тоа на неа.Интимности од типот на секс или прлјав разговор не се одвиваат пред неа никогаш.Мислам дека како еден ден она ке гледа на врските,односите мн зависи од она дома што го гледа. Што се однесува до кавгите се случува пред нејзи да се запречкаме но и да се смириме и извиниме еден на друг исто пред неа
Баш убаво и слатко. Ете доказ дека на децата тоа им годи и им влијае позитивно. За секс и слични интимности се разбира дека не е убаво, таман работа. А за влијаењето во право си, мајка ми од мала ја слушам со нејзините размислувања како во брак не било исто, љубовта се менувала, се се менувало (се мисли во негативен контекст)..... Јас пораснав мислејќи го тоа се додека како голема не почнав сама да гледам обратни примери и дечко ми многу влијаеше да не размислувам така и успеа, со тоа што ќе се уверам 100% само кога ќе се омажам. Ете до колку влијае. Тој ми вика нема врска, може и поубаво да биде. Затоа и ме интересираат различни гледни точки.
Сметам дека разменувањето на нежност меѓу сопружниците пред децата, како на пример прегратка или краток бакнеж (да не се разбереме погрешно, значи тука не мислам на бакнежи кои наведуваат кон предигра за секс ), детето го наведуваат да чувствува дека во неговото семејство има склад и хармонија. Тоа го забележувам кај мојата ќеркичка. Кога сопругот ќе ме гушне, кога ќе ме бакне или на шала удри по задникот, или кога ќе почне да трча по мене и да ме скокотка, ќерка ми скока веднаш врз нас, се приклучува во играта и таа не гушка и двајцата, ќе не почести со по некој бакнеж во образ или ќе застане од страна на татко и, па ќе трча и таа по мене да ме скокотка и сите сме среќни и се смееме, некаков посебен сјај добиваат нејзините очиња. Меѓутоа треба да постои граница помеѓу пристоен и непристоен бакнеж. Секој родител треба да знае дека кавгите пред децата имаат долготрајно влијание врз нивното емоционално здравје, како и на одлуките кои тоа дете ќе ги донесува во сопствените односи, подоцна во животот. Страшно е кога детето гледа како родителот губи контрола, бидејќи токму тие родители се центарот на светот за своето дете и кога тие родители не се цврсти, стабилни и разбрани, детето добива впечаток дека на никого повеќе не може да се потпре. Детскиот свет е поприлично мал и е сконцентриран најмногу на семејството. Доколку семејството е дисфункционално, тогаш детето има добар потенцијал да ги имитира своите родители, па агресивно да се однесува спрема своите врсници или сосема спротивно, потполно да се повлече во себе,избегнувајќи ги кавгите и задржувајќи ги по секоја цена хармоничните односи, па макар и да трпи психичка или физичка тортура, што исто не е добар исход. Кавги постојат во секое семејство, да се разбереме. Не е нормално се да е совршено и идеално, тогаш тука некој глуми. Меѓутоа, решавањето на проблемите не смее да има публика. Секогаш конфликтот може да почека, па дури и ако не се решава на лице место, подоцна може да има поедноставна разврска, бидејќи тогаш бесот кај двете страни поминува и наместо афективно, се размислува со чиста глава. Израснав во хармонично семејство, каде моите родители постојано се држеа за рака кога шетаат, се нарекуваа со зборови од типот, „љубов моја“, „злато“ и сл., си лежеа еден на друг во скут додека гледаат телевизија, си разменуваа скромни и кратки бакнежи пред нас и мене сосема нормално ми е таквото однесување и истото го практикувам и пред моите деца, бидејќи чувството кога ќе ги видиш родителите дека и по толку години брак сеуште се сакаат е непроценливо.
Сега за сега малава има 7мес па не знае толку ама и некои работи ги разбира. Еве пример-пред некој ден она со мм си разговараме и наеднаш на играчка се развикавме лелее кога почнала да плаче а никогаш се немаве развикано пред неја. Др пример си се гушкаме со мм и она си ига на тепих и вика мм ајде да легнеме кај неа и да се гушкаме заедно кога почнала она ааах хаааа хааа лелеее бре како се смеееше. Така да карање и викање пред деца ни јас ни мм не сакаме а некоја прегратка и бакнеж сум за тоа оти знам тогаш децата се многу срејкни кога гледат насмевка и њубов кај нивните родители.
Немам дете, ама сум дете, барем бев додека не станав возрасна. Моите ретко покажуваа физички љубов еден кон друг пред нас, ама емотивно отсекогаш се поддржувале и кажувале гласно, во смисла, важи, ќе ти помогнам се што треба. Една сцена никогаш нема да ја заборавам, во едни ултра тешки моменти, татко ми ја зема главата на мајка ми во раце и и рече - држи се, заедно сме во ова, не те пуштам. Години после тоа, заедно се и се држат еден до друг и нивното покажување на поддршка и љубов ми дефинираше многу моменти понатаму - изборот на човекот во мојот живот беше во моментите кога сфатив дека ме поддржува, кога сфатив дека во најтешкото ке биде тука за мене. Ако не физички, родителите треба пред децата да покажат дека се сакаат. Оти основите за љубовта се учат дома.
@Cka ова си го пишувала кога малото Ц'киче не беше родено Што мислиш сега за Вашето влијание врз малото ? Јас мислам дека кај децата многу влијае каков однос имале родителите. Што гледаат- тоа ќе прават. Ако дома има расправии, кршење, тепање...тоа ќе им дојде како нормална ситуација па мислам дека љутината ќе ја манифестираат агресивно (како и нивните родители) Ако се е со мирно и тивко, полесно ќе научат да го сфатат секој проблем а и да се справат со него.
Сакам кога ќерка ми не гледа среќни. Често знаеме да се прегнеме и бакнеме, па се гушкаме сите тројца, а таа се топи. Па често знае и да ни ги спојува главите, за да се бакнеме. Секако тоа е обичен бакнеж, краток. Сакам да не гледа среќни. Е сеа вулгарности не дозволувам. Сакам да расте во хармонија, не сакам да го осети тешкиов период низ кој поминуваме.
Ние разменуваме нежности пред децата, а кавгите се трудиме да ги решаваме без нивно присуство. Се прашувам и тоа дали е добро. И моите родители исто се однесуваа и пораснав мислејќи дека во семејството не треба да има никакви расправии. А реалноста е поинаква.
Мене моментот кога го држиме еден од нас малото па се бакнуваме односно си даваме еден бакнеж и се насмевнуваме а оно гледа се смее на глас и со рачињата не турка и мене и него со главите и вика "па" ми е бесцнет. Да не се лажеме дека не сме најсупер никогаш и не сме безгрешни никој од нас али гледаме да сме океј пред децата. Да бидеме уствари природни јас и маж ми... Нити форсирања нити криенки нити расправии се е природно.. И да се скараме тоа се одвива со разговор
@referentka случајно видов таг Многу пазиме пред малата. Нема кавги, мрштење, негативна енергија. Осветлива е многу. Кога ние се гушкаме и она се гушка. Ако се бациме мора и нејзе. Мислам дека и е нормално дека се сакаме ние двајца ама и она да е у среде среќна е кога сме гушнати и тоа прави уште повеќе да се гушкаме Ретко се лутиме пред неа, но дискутираме несогласици. Да чуе дека секој има став, се бори за него со аргументи, попушта, се извинува, слави победа... Не верувам дека секогаш разбира што зборуваме ама тонот на гласот и е битен. Многу често покажувам радост дека тато си иде, за да сфати дека е радост тато. Кога мама го сака тато и она го сака. И ако тато ја сака мама и она ја сака. Мисла м дека од сега се прават темели за тоа каков маж ќе сака и она кога ќе дојде време.
Најчесто се гушкаме пред децата . Не сакаме караници пред нив , ама некогаш кога сум нервозна знам да повишам тон на маж ми и да го икарам ако нешто погрешил ( ако заборавил да ми купи благо , а јас сум во ПМС ) , ама караницата завршува со гушки . И децата ги карам ако нешто погрешат , ама потоа ги гушкам и им објаснувам дека тоа што го направиле не е добро , дека постапиле погрешно и сл . Не паметам дали се имаме искарано со маж ми пред децата . Мали се сеуште за да разберат некои работи , ама се во свое време .