Односот со вашата мајка, откако сте во брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 6 октомври 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.805
    Допаѓања:
    145.853
    Не најдов ваква тема, ако нешто и' фали, избришете ја слободно.

    Се' пишувате за свекрвите, но мајките ги 'тргаме' на страна.
    Многу често се соочуваме со исти проблеми и со мајките, како и со свекрвите, но за тој дел не зборуваме, бидејќи.. нели мајки ни се, од мајка не боли како од свекрва.

    Ме интересира, колку вашите мајки се инволвирани во вашите животи?
    Колку имаат увид во вашето секојдневие?
    Колку често се слушате/гледате со вашите мајки?

    Да одговорам прва. Мајка ми сака се' да знае што правиме, како правиме, зошто правиме и за се' има мислење, како и јас што сум полна со мислења... само што ни се контрастни |(

    На почетокот од бракот, ми требаше многу. Сама не сум живеела, од кај мајка, заминав кај маж |( Веројатно поврзано со тоа да се одвикнам од блискоста со нејзе... па како наивно детиште, споделував се' од А до Ш, ја известував и консултирав постојано.

    Живееме во различен град откако се омажив. Комуникацијата ни беше редовна на почетокот, но со времето се повеќе се изретчуваше. Сега... може да не се чуеме и 2-3 недели и да не почувствувам потреба да ја чујам.
    Се гледаме 2-3 пати годишно, обично ние одиме кај нив на 2-3 дена.

    Во брак сум 15 години. Тој период на интензивно комуницирање, траеше скоро до кај петтата.

    Воедно, тие први 5 години, е оној период кој беше најбурен во односот со свекрва ми. Исто се доверував и кај нејзе и се советував за се', и со тоа триста проблеми си правев... и со едната, и со другата.


    Да ве чујам вас. Повелете :)
     
    На Bozica1980, mareane, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  2. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Откако се омажив скоро секој ден се слушав со мајка ми. Исто така и се доверував многу и сфатив дека е грешка. Иако сум нејзина ќерка секогаш јас сум кривата, а другите се во право. Потоа имаше еден период кога не се слушавме ниту гледавме често, а сега пак скоро по цел ден сме заедно со оглед ба тоа што работиме заедно.
    Во споредба со свекрва ми, можам да кажам слободно дека се исти мозок. Значи, јас имам две свекрви :D
     
    На candy.cane, vitamina, snegulkata и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    15.553
    Не е многу различен од пред брак, разликата е што јас не се потресувам многу многу. Нит и кажувам детали, ниту ме прашува. Зетот си го сака и мисли дека такви треба да се сите. Кога бев тинејџер, ми велеше дека ќе ми ги скршеле рокчињата во брак. Дочека да види дека се читави уште. Не се меша, повеќе кука за себе, а тоа не го поднесувам.
     
    На Bozica1980, Bubce38, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.405
    Допаѓања:
    47.372
    Пол:
    Женски
    Јас многу се зближив со мајка ми.
    Ладен човек сум површински.
    И многу тешко се зближувам.
    На комуникација уште потешка.
    Е последниве две години, почнав да и зборам, да споделувам. Претходно ништо не кажував.
    Со свекрва никад не сум праела многу муабет. Не дека е свекрва, туку таква сум. А и подобро.
    Живееме сами со мм, ама први комшии сме со моите.
    Ич не се мешаат дури и маж ми ги вика за друштво да доаѓаат.
    Наскоро ќе се преселиме, па ќе сме раат сите.
     
    На Bozica1980, Bubce38, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.734
    Пол:
    Женски
    Со мајка ми сум многу блиска, ептен. Во брак сум нешто повеќе од три години ама и покрај обврските барем еднаш мора да ја слушнам во денот. Живееме во ист град.
    Првата година кога се омажив ми беше многу тешка, секој ден поминував кај неа, од работа го терав маж ми да ме носи да ја видам .
    За мешање ич не ми се меша за ништо, а за помош имам секаква и ме подржува постојано, а за финансиски муабет да не правам,и поради тоа многу се нервирам, и тоа ни е единственото несогласување што не сакам се уште да ме мисли за пари, затоа што не се воопшто должни со татко ми да ме мислат за се. Сега треба да се опуштат и да уживаат во годините и внукот.
    Инаку како другарка ми е, често со син ми излеземе во парк, на ручек со неа, а за шопинг секогаш сум со неа. Премногу сум приврзана за неа и покрај тоа што имам 31 година.
     
    На Leo girl, Bubce38, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.164
    Пол:
    Женски
    Навистина убава тема. Само, за жал, јас немам што да споделам :( мојата мајка почина пред да се омажам, таман кога бев на крај со факултетот и баш кога имавме веридба во план :(
    засекогаш ќе фали еден дел од мене.
    колку и да ве нервираат, ви се наметнуваат, ви се мешаат во животот...верувајте дека сте среќни што ги имате!
     
    На Puffy2019, Purelove92, Bozica1980 и 41 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.805
    Допаѓања:
    145.853
    :hug: знам како е да изгубиш родител...
    Тука си се они сеуште... во нас, во внучињата :*:
     
    Последна измена: 6 октомври 2018
    На Bozica1980, minneymouse82, SummerGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  8. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    5.456
    Kako devojka bevme mnogu bliski.Jas sum teshka na zblizuvanje no taa go znae se nachinot. Od koga se omaziv podalecna strana kako ziveeme vo ist grad. Se plashi da ne I zamerat snaite I celoto vnimanie nejzino e skoncentrirano kon drugite vnuci I semejstva Od brakata. Koga se slusame muabetite se sveduvaat na nejzino zalenje I problmite so ñiv.Zatoa gledam kratko da bidat razgovorite. Nikogas ne shetame zaedno zasto nema vreme. Se pochituvame, no dalechni SME. Cestopati mepodlazuva za da Ne me povredi bidejki znae da napravi nepravda vo odnos na mene.Ne I zameram, sum ja prifatika kako takva za da komuniciram. Nikogas ne mi pomagala zasto spored NEA sum bila silna da napravam se .
    No mi znachi koga Edna's do dvapati godishno mi napravi pita. Mi treba nejzinata druzba I vnimanie.SME zborele mnogu pati za nashiot odnos , no ljubovta doagja Od dusha.
     
    На Bozica1980, Bubce38, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Блиска сум да ама поблиска бев како девојка.. проблеми не споделувам( или ретко,) тргам од тоа дека секој си има свои проблеми не би да ја тормозам жал ми е ја познавам нема да спие мирно и ќе ме јаде јанза и така некако се навикнав да викам добро е супер е и си терам. Па и добро е не лажам :)
     
    На Bozica1980, cresa-jagoda, Bella* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    26.682
    Пол:
    Женски
    Со мајка ми никогаш не сме биле ептен блиски во смисла да можам да и се доверам и да и кажам се. Меѓутоа јас сум таков крут човек, не сакам да зборам за себе и за своите проблеми. Дали тоа е до карактерот или до начинот на кој сум воспитувана, не знам.
    Меѓутоа не постои ден да не и се јавам да ја слушнам. Таа толку направи за мене и сестра ми, живееше никаков живот, се жртвуваше за ние да постигнеме нешто, што никогаш нема да можам да и се оддолжам.
    Живееме блиску, таа доаѓа неколку пати неделно, јас одам поретко зашто одам на смени на работа и немам толку време.
    Син ми и е прво внуче и просто го обожава, а и тој нејзе. Кога и да може го зема да го почува, малку ми забушава во однос на неговата исхрана, ама престанав да и замерувам. Со мм исто имаат многу коректен однос.
    Во ништо не ни се меша, а и не е љубопитна да сака се да дознае. Кога доаѓа кај нас знае некогаш да ми измие садови или да ми запегла алишта. Ми прави зимници и ми сука кога ќе ми се пријаде сукано. :lol:
    Финансиски многу не може да ни помогне, а ниту го очекуваме тоа од неа. Секогаш кога има му дава на синко или му купува нешто. Јас и сестра ми гледаме да и помогнеме колку можеме, за секоја пригода и купуваме подароци и се трудиме ништо да не и фали, зашто тоа е најмалку што можеме да сториме за неа.
     
    На Bubce38, cresa-jagoda, vitamina и 10 други им се допаѓа ова.
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    So majka mi imavme super odnos pred da se omazam a i otkako se omaziv. Mi pomagase koga se omaziv za cuvanje na kerka mi kolku mozese, finanski isto taka. Barem ednas nedelno odevme na rucek a sekojdnevno se slusavme. Ne mi se mesala nikogas no ako ja prasav za nekoj sovet bese tuka za mene. So mm imaa korekten odnos. Sin mi nemozese da go cuva zatoa sto se razbole no koga veke maliot bese 2,5 god zaedno so kerka mi znaese da gi pricuva nekolku casa ako bev nekade izlezena. Za zal pocina pred 3 god. Nema den a da ne ja pomislam. Uzasno mi fala nejzinoto kafe, muabet, sovet. Bese zena so moderni sfakanja i razmisluvase 10 god unapred za rabotite. Zal mi e sto ne pouziva uste so vnucite, so nas..
    Zivot jebiga.. Nema kako sakame tuku kako mora.
    Pocituvajte si gi majkite, sakajte gi, poseteuvajte gi pocesto zasto eden den ke vi falat ke vi bide krivo...
     
    На Purelove92, Bozica1980, IAmPresident и 32 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.805
    Допаѓања:
    145.853
    На cresa-jagoda и riba79 им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    20.826
    Пол:
    Женски
    Треба да се отвори и тема: Односот со вашата мајка откако и вие станавте мајка! Кога ја прочитав темата прво на тоа ме асоцираше.

    Никогаш не сум се доверувала ниту на мајка, ниту на најдобра другарка. Отсекогаш чував се во себе, па така немав потреба да се доверувам ни откако се омажив.

    Пред да се омажам 6 години веќе не живеев со моите па мажењето не ми претставуваше некој голем проблем.

    Но, откако се омажив сфатив колку многу ги сакам и колку многу ми недостигаа. Не ми беше убаво што наместо со нив јас сум со свекор и свекрва.

    Мајка ми никогаш не ми се мешала, но нејзе за се можам да и вратам. На свекрва демек од почит дека е мајка на мојот маж не и враќам и собирам се во себе. Затоа и мислам дека свекрвите повеќе не нервираат и ги збориме и на форумов.

    Синоќа ми се јави и ми рече дека дека ме сакала и сакала да ме слушне. Цела вечер се утепав од плачење. Сега кога знам што се правела за мене таа реченица премногу ми значеше.

    Ретко се слушаме, ретко се гледаме, ништо не знае за мојот живот и брак, но како поминува времето би сакала заедно да живееме.
     
    На Kija94, ane.bella, Bubce38 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.050
    Допаѓања:
    135.224
    Пол:
    Женски
    Најдобра другарка ми беше, и пред да се омажам, и откако стапив во брак. Најдобрите и најпаметните совети ги добив токму од неа, за жал не ги послушав сите. До последно се бореше да ми даде се што може да ми даде, бидејќи мислеше дека повеќе му дале на брат ми, а нема врска. Јас само сакам да беше уште меѓу нас...
     
    На HardSex, Bozica1980, ane.bella и 27 други им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    29.771
    Пол:
    Женски
    Ниту со мајка ми ниту со свекрва ми живееме во исти град, со двете се слушам секојдневно, со свекрва ми од почит, а со мајка ми ради силна потреба која ја чувствувам, не и кажувам се, на пример кога ќе се разболам, кога ми е тешко на душата преќутувам... и така
     
    На Bozica1980, Bubce38, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.004
    Допаѓања:
    282.455
    Немаме многу близок однос.
    Повеќе би можела за татко ми да зборам зашто сме далеку поблиски.
    Не се гледаме секојдневно ама затоа пак креваме слушалка за да чуеме.Доволно е гласовите да си ги чуеме.Не збориме со саати.
    Не знае се за моето секојдневие,планови и потреби,доволно ја измалтретирав претходно со сознанија за минатиот брак и жал ми е за тоа.Многу се секираше кога дозна за некои работи.
    Гледам често и да се гледаме ама времето не дозволува баш секој ден.
     
    На Bozica1980, ane.bella, Bubce38 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    72.604
    Се слушаме скоро секој ден. Се гледаме на 2 или 3 месеци по некој саат, некогаш кога маж ми е на пат спие кај мене оти ми беше страв. Сега не иде веќе.

    Јас си отидов од дома на 18 А се омажив на 30 И ништо не смени бракот. Скоро се е исто откако се иселив и омажив.

    Се се смени откако родив. Тогаш сфатив многу. Тогаш сфатив колку ме сакала.

    Не сум мамина маза. Ама се сакаме и ако си требаме тука сме. Не сакам се да знае и не знае. Или си мислам така. Кога се слушаме само кажувам битни работи. Никогаш повеќе од 5 мин не зборуваме. 2 пати у ден може да се чуеме само ако има потреба.
     
    На Bozica1980, Bubce38, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    10.386
    Пол:
    Женски
    би рекла како девојка помалку контактирав со неа и помалку и кажував за мене отколку сега кога сум мажена. Нема ден да не зборуваме преку тел ,еднаш на две три недели се гледаме кога одам на гости и имаме повеке муабети. моите проблеми никогаш не и ги кажувам зошто знам дека после ке ме испрашува и тормози , бидејки нели нема човек без проблем или некаков стрес. мн пати ми се наојга за децата ако треба да ги причува на неколку сати или ден два. се на се задоволна сум и од мајка ми и од татко ми .
     
    На Bubce38, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    28.040
    Пол:
    Женски
    @WildMk твојта мајка како мојта свекрва, се сака да знае, за се има мислење и мора да дели совети како таа мисли дека е најдобро. Нејсе.
    Јас со мајка ми и општо со никој друг не сум толку блиска у смисла да споделувам се, таков човек сум и проблемите си ги преќутувам и чувам во себе, не сакам да ги дискутирам со друг, ако ми треба помош за нешто ќе побарам или совет, онака се да си кажуваме не си кажуваме, како пример свекрва ми и ќерка и.
    Се слушаме секој ден откако се преселив, па и онака обично се јавуваше на паузата кога живеев дома. Ќе ме праша што правам, дали сум добра и тоа е тоа.
    На почетокот се скаравме дека не сум сакала многу да одам, а јас ако верувате секоја недела сум барем 2 дена таму, со преспивање, морам да признаам дека најмногу си одам ради кучето оти многу ми недостига ама сепак.
    Ме нервира тоа што кога седнеме дома ми вика ај сеа да си муабетиме како мајка и ќерка, таа реченица ми брка во џигер оти секој ден се слушаме и немам кој знае колку возбудлив живот па да и кажувам авантури од секој ден.
    Онака за односот ни е океј,не ме нервира оти генерално не се меша за ништо, секогаш вика деца вие сте попаметни знаете како треба. Ако и побарам совет ќе ми даде. Супер е за такви ствари. На гости ми има дојдено само двапати до сеа, не замара и не напнува без причини.
     
    На Belgin1, cresa-jagoda, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    So mojata majka ne sme bile nikogas bliski. Bogami ne ni znam sto se podrazbira pod "bliski", sto sega treba da raspravame I do koj stepen?
    Nie sme dva razlicni sveta. Ja pocituvam I sakam , se razbira, ama ima nekoj svoj nacin na interpretacija na nstata, a toa ne sum Jas.
    Za mene Nisto NE E Problem, za nejze I najmali sitnici se.
    Mene nikogas nisto ne me boli, ako me boli ke se napiam apce I ne objasnuvam detalno "grutka vo grlo, topka vo zeludnik, noze isprepleteni kako spageti,.....:lol:",
    Jas treba da pravam korekcija na vidot I za mene toa e rutina na zivot, si znam den, doktorot rece 20 min operacijata ke trae I OK, Toa Ne e problem. Ke dojde denot ke se zavrsi rabotata.
    Za majka mi nemanje vanillin seker na sred process na pravenje blakce e IMAM PROBLEM. I sega koj ne gi poznava takvite luge ke se strekne I ke pocne da snima filmovi sto li e problemot.
    Zatoa mozda voopsto nesakam da otvaram moabeti od tipot treba nesto zdrastveno da se koregira ili da se izvadat dokumenti, padnalo nesto pa se skrsilo pa sega treba da go nabavam, pa nekoj nesto rekol pa kako se custvuvam ,... Da e majka mi ke si gi vrti moabetite koj I rkol, sto I rekol I cel nok nema da spie, Jas ke si legnam na stomak I ic ne mi cue, odma top ke zaspiam.
    Nesum toj covek mozda I zatoa sum suvoparna vo mislenja pa nemame od sto da razvieme moabeti.

    Se slusame ednas nedelno ponekogas I vo dve nedeli ednas I stalno istoto "dobro sto ke kazes". E sto da kazam MAMO, nisto nema. Ako kazam plan za nekoj proekt odma ima mislnje I postapka kako najdobro se pravi. Mene toa ic ne mi odgovara, kutam, klimam so glava I tolku. Ne sakam sugestii, pravam kako znam I umeam I gresno da e Dobro e. Pojdena od toa na moeto dete nikakvi soveti ne mu davam , ostavam toa da pravi kako misli deka treba pa I da zgresi, a za mene NISTO NE E GRESKA osven PROBA, pravi kako misli deka e najdobro. Vazno e da se trudi, Jas na ovoj svet vecno nema da bidam pa najobro e uste sega da prakticira samostojnost I selektiranje na odluki.

    Majka e, ja sakam I I pomagam vo onoj del vo koj mozam. Sekogas naogam objasnuvanje za njzinite mislenja ama ete nacinot na koj gi objasnuvame nestata ne ni e ist I zatoa nesakam da navleguvam vo diskusii :x. Neznam kolku noki nema da spie, resenie nema da najde.
    Zal mi e koga place sto e tolku osamena, a od druga strana ne razbiram kako tolku ima potreba za razni luge I interakcija. Jas godina nikoj da ne stretnam nema da najdam potreba za toa, nekako sama na sebe sum si priatelka, I vo toj pogled sme razlicni.
    Majka mi uziva da raskazuva sto I se slucilo, pr; kako ja fatil dozd I kako nakisnala pa cevlite ziva voda, pa kola ja isprskala (kako da bira samo toa sto ne I se sviga, mora da e toa tragicno :$), od druga strana ako mene me slusas bi rekla "me fati dozd I me izbanja do gaki, a Jas uzivav so race siroko rasireni barajki uste I uste".
    Ete taa e taa razlika pomegu koja ljubovta ne povrzuva :inlove:.
     
    Последна измена: 8 октомври 2018
    На Bozica1980, Espadrila, Bubce38 и 16 други им се допаѓа ова.