Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот со вашата мајка, откако сте во брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 6 октомври 2018.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.827
    Пол:
    Женски
    Маме моја❤️
    Единствена моја мајка. Секогаш тука за мене, сега сум во куќата со вереникот 3-4 месеци и не се гледаме често ( работа,уморност, обврски) ама затоа на секој саати ѕвонам само да ја слушнам, зашто мислам ќе пукнам ако не ја слушнам.
    Јас сум била затворен тип , ама сега скоро се си споделувам со неа.
    Прееееемногу ја сакам, она е пола јас, сега се размежнив и саакам да си заспијам до неа ❤️❤️
     
    На cresa-jagoda и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  2. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Односот со мајка ми си остана ист како и кога не бев во врска и мажена и немав деца.
    Искрен, многу поучен од нејзина страна.
    Секој ден се слушаме по телефон или Вибер(најчесто) бидејќи знаеме да разговараме и по еден час.
    Многу си ја сакам она е пола од мене (исто како и моите три деца две близнаци и едно сеуште неродено)...
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Поблиски сме откако не живеам со нив и се омажив.
    Секој ден се слушаме, често доаѓаат кај нас на ручек, ние одиме кај нив, блиски сме многу.
    Една си е мајка, колку и години да имаш и да се омажиш, пак душата ми бара да ја видам и слушнам :l:.
     
    На Te@, hermosa, Anita Nikoloska и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Блиска сум со неа. Но, си имаме граници без да ги поставувам јас.
    Не ми се меша во брак, зошто што и како. Не ме прашува да копка, да буцка. Ако нешто и се доверам и побарам совет тука е за мене, а во спротивно не.
    За детето не ми се меша вака треба онака треба, но се интересира, учи како е правилно, што велат докторите и тн. На почетокот мислеше дека ми е страв ама после се разбравме.
    Не ми се јавува често особено кога сум со мм, кога е слободен или за бебето не сакала да смета, чека во главно јас да ја барам, освен ако не е некоја потреба. Но, јас и се јавувам често.
    Со маж ми има супер однос, скоро се им е со шала и смеа.
    Не доаѓа никогаш ненајавена.
    Ептен е жена со осет и покрај блискоста.

    Ама ако и кажам дека не сум ок, болна сум, тогаш ми се качува на глава.

    Во глобала, ваква мајка би посакала секому и би сакала да сум барем пола од неа.
     
    На 1209, sj *O*, sino.o.oka и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.159
    Допаѓања:
    168.923
    Пол:
    Женски
    После повеќе од 3 години од кога сум го напишала ова, денес за прв пат одам кај мајка ми на гости со мојот син.

    Мила мамо
    Вечер пак ќе си легнеме заедно на спалната, но овој пат ниту ќе фантазираме ниту ќе плачеме.
    Вечер ќе му се радуваме на моето славејче:inlove::inlove:
    Ќе го мирисаш, ќе го гушкаш, ќе го бакнуваш...колку ти посака душа, толку.
    Мојот син е среќен што те има тебе за баба:l::l:

    Биди ми жива и здрава уште многу многу години:l:
     
    На 1209, xplady, *Milicka* и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Дури бев средно бев многу блиска со мајка ми бидејќи немав другарки,и покрај сетиот ќотек,викање омаловажување кои ми ги правеше претходно,и ден денес од ова влечам последици,секогаш ама баш секогаш мислам дека не вредам за ништо
    Во 4та средно си фатив дечко кој не беше одобрен од моите,ми удри таков ќотек на 18 години,клоци во глава,стомак,погрдни зборови,што никогаш нема да ги заборавам
    Заврши тоа после една година,јас тргнав на факултет,се слушавме стално,ама на прсти можам да избројам колку пати ми се има јавено за нешто убаво,секогаш беше расправии за пари,овој вака оној така
    И повеќе не ја осеќав блиска,а сите колешки имаа мајки за кои им завидував
    Се омажив,основав семејство,имам бебе година ипол
    Минатата година дури бев на породилно одевме еднаш во месец по недела дена за демек да се дружат со внукот
    Не заслужила таа жена никогаш повеќе да го види а не да се дружи
    Пред моето дете кое тогаш беше 4 месеци ми се дереше како сум била срам за неа,сум се е***а со тогашниот дечко-демек тоа е нешто страшно и никој тоа не го прај,ненормална сум била,ќе му кажела и на татко ми,ќе се откажел од мене и што уште не,проба дури и да ме истепа на 27 години ама не и успеа
    Една недела не зборевме и и се смирив по убедување од татко ми кој незнаеше за што сме се искарале
    Сега имавме некое недоразбирање со сопругот и низ муабет и кажав,исто и брат ми тргна на работа,па седешекај нас 2 недели,ама живееме во двособен стан,нема место за толку луѓе ама кој да разбере,и зошто сум му рекла да си побара стан,требало јас да го чувам кај мене
    Вчера ми се јави,ми пишуваше како сум срам за неа,ненормална сум била,ороспија,лажлива,неблагодарна,ќе се откажела од мене,ќе му кажела на сопругот за мене што сум правела претходно,вака така,на татко ми исто
    Ова вреѓање беше последно во мојот живот,наместо да се радувам на малото и да уживам во животот јас се расправам со искомплексирани суштества кои не заслужуваат 2% од моето внимание
    Да,таа ме родила ама ништо повеќе не ми дала во животот,секогаш бев план б за неа
    Никогаш не се интересирала за мене,што јас мислам,се молев за едни фармерки да ми купи,не дека немаше пари,туку нејзе ќе купеше или на брат ми за инат
    Решив,бидејќи сум срам за неа,немс повеќе да ме види ни мене ни моето дете,ако мене не ме сака,моето дете нема зошто да го гледа,не заслужила
    Никогаш ама никогаш нема да кренам рака и глас на моето дете зошто уште влечам трауми од детството
    Никому не посакувам ваква мајка,ако уште може да се нарече ова така
     
    На 1209, Ljubova, Pepsii и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Шо подалеку од таква жена, не знам како може своето родено чедо толку да си го мрази и да те моли татко ти не попуштај кажи му се шо ти зборува и дека е за на психијатар. Дете твое кај неа никако.
     
    На anggell, sj *O*, MG3 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучи сурово ама ваква мајка поарно да ја немаш отколку да ја имаш. Жално е некој со свое дете да се однесува како со најголем непријател. Нема право да те навредува, омаловажува и постојано да ти приредува само проблеми и стресови. Мислам дека треба да прекинеш секаков контакт со неа. А еден ден кога ќе остари и кога веројатно сите ќе и го свртат грбот ќе те моли за да и простиш ама не заслужува.
     
    На Ljubova, Pepsii, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    На твое место би ја блокирала на телефонот на мт, зошто може да и текне да му се јавува или пишува лаги или глупости, од инат.
     
    На MG3, mira.mira и Lea.Messi им се допаѓа ова.
  10. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сме биле премногу блиски. Сега сме и поддалечни. Ми се јавува само кога има некој проблем, не ја интересира многу за мене. Зафатена е и со работа, нема многу слободно време. Се гледаме еднаш неделно или еднаш на 10 дена, се слушаме преку два/три дена.
    Некогаш со токсични луѓе и да ти се родители, треба граници да ставиш некои за твое добро.
     
    На Ljubova, simply-red, Pepsii и 7 други им се допаѓа ова.
  11. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Неможам да го замислам денот ако не и се јавам, на секои 2 саати и звонам само ја прашувам како си, што правиш и после пак ќе се слушнеме. Без мајка ми мислам дека неможам да функционирам, сега сме во очекување да ја викнат за операција да прави мислам срцево ќе ми пукне од мисли што и како ќе биде.
     
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    И се јавувам секој ден. Не за да оговарам или сум зависна од неа ниту да го прераскажам денот ,туку бидејќи сум посесивна исплашена лудача. Се случува да ме мавнат лоши мисли и да мислам дека им се десило нешто не само неа туку и на брат ми или сестра ми.
     
  13. Верверичка26

    Верверичка26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мајка ми си е посебна приказна. Научена сама со татко ми, дека сестра ми е во странство со семејството, откако се омажив иако живееме 8км далечина а секој ден работи во мојот град, некако не е тип кој живее за децата и внуците. Ниту изразила желба да чува внуци, ниту кренала тел да види шо сме како сме, жена што дома освен маж и нема никој. Самите постапки нејзини ме оддалечија од неа. Првото дете царски го родив, имаше компликација мораше така, за подоцна да слушнам од неа дека јас не сум родила природно само било рагање...роман можам да напишам среќа што не сум на некој зависна од нив, исто ми се фака
     
    На Ljubova, Pepsii и Mic18 им се допаѓа ова.
  14. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Samo sto zavrsiv video pozivot so nea... uste pred da se omazam si imavme ubav korekten odnos...cel zivot i velev deka mi e najdobra drugarka i deka nikogas nisto nema da sokrijam od nea-i taka e do den denes....
    Si imame razbiranje,pocit,ljubov,sloga....sekogas mi bese podrska vo se!
    Se sekavam ednas napraviv greska ocekuvav deka ke me zdobi od kjotek ( togas bev 15 god) ona dojde si sedna do mene so muabet mi objasni kolku e pogresno toa i deka ne planira da me kazni no ocekuva od mene da se potrudam da go opravdam nejnoto poverenie vo mene.... Nikogas poveke ne ja izneveriv doverbata....
    Majka mi za se e tuka za mene! Dodusa i tato si go sakam mnogu no ne e toa temata sea :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Оффф. Прикаска за себе е темава. Не сакам да пишувам работи што ќе ме навраќаат на темава.
    Никогаш не сме можеле да се разбереме на фин начин, нема ни да можеме. Колку сум на дистанца од нејзе, толку поарно за моите нерви. Комплетно губам контрола на моменти, не можам да ја трпам со нејзините глупости. Она е човек што е во нејзин затворен круг на умот, не прифаќа ништо, а се меша, дава непобарани мислења, па после се кара што не си применил. :D Вечна жртва на сопствената глупавост. Вечна жртва на сопствениот отров.

    Чудно како може човек да не може да профункционира со некој што те родил. Откако сум мажена сум пораат бидејќи е многу полесно, не креваш на телефпн кога не ти се слушаат глупости и токсични работи.