Односот со сестрите

Дискусија во 'Психологија' започната од Butovnicka, 8 јули 2013.

  1. Butovnicka

    Butovnicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Имам сестра која е помала 1,5 год и постојано како да постои екој натпревар помегу нас и тоа на сите полиља. Од борба за љубовта на родителите па се до дечковци. За ова последново најмногу ме нервира.Таман ке ми се допадне некој дечко таа ке направи се за да ми го земе пред нос, како да сака да каже: Видиме подобра сум од тебе на секој план. Па ме интересира дали и вашиот однос со вашите сестри е ако.
     
  2. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    224
    Сестрами vs Јас

    Прочитав си имала 11 години а како што велиш сестрати е помала од тебе, а зборуваш за натпреварување во љубовта на дечковци???? :x :fubar:
     
  3. Butovnicka

    Butovnicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Сестрами vs Јас

    А каде тоа прочита или си скарана со математиката? За момент помислив дека сум погрешила јас но изгледа ти имаш проблем со маематиката роденум 1994 па рачунај дали се 11
     
  4. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    224
    Сестрами vs Јас

    самата си напиша на друга тема, меморијата не ти е добра
     
  5. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    314
    Сестрами vs Јас

    Buntovnicka одговорила на феминка која има 11 години. Си се збунила innamylove. :lol:
    ајде и тоа се случува. :D
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.746
    Допаѓања:
    5.359
    Сестрами vs Јас

    како може 2 сестри - да не речам душманки....мене пу пу тоа не ми се случило... а да си поразговарате зошто така прави?што и е проблемот?....
     
  7. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    14.415
    Пол:
    Женски
    Сестрами vs Јас

    сестра ми е постара од мене 8 години ама од секогаш сме имале супер однос :) најголема "караница" ни е кој да иде до продавница :D хахаха што на крај секогаш јас идам ама ако ми иде у прилог мене си докупувам нешто што сакам од парите она што ќе ми ги даде :rofl:
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    53.490
    Пол:
    Женски
    Имам сестра постара од мене 5 години. Во детството се сакавме и немаше меѓу нас никаков проблем, потоа кога таа влезе во тинејџерските години некако станавме рамнодушни и поладни една кон друга. Потоа настапи друг период, кога јас бев во средно а таа на факултет, тогаш се зближивме најмногу. Бевме секогаш тука една за друга, се сакавме, си помагавме, си дававме совети. Сега уште тој период трае и сум многу благодарна што ја имам.
     
  9. Istata od vcera

    Istata od vcera Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    35
    Ja porano se karav ama koa ke pokazes pozitiven aftoritet se smiruvaat stihiite samo treba vreme
     
  10. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    72
    Jas imam 2 pogolemi sestri od mene. Malku pogolemi se od mene i kao pomala ne me primetuvaa mnogu mnogu, no ete porasnav malku poveke i tie se zreli i vo odlicni odnosi sme iaku najgolemata zivee so decko i' (mojot iden zet) i ne se gledame cesto;(, no sepak se gledame preku messenger, Skype i drugi aplikacii.
     
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    20.674
    Пол:
    Женски
    Јас имам две полу-сестри . Таа што ми е по татко , ретко ја гледав , мајка и не и даваше да доаѓа кај нас од страв да не и го земе татко ми девојчето , иако татко ми е релативно мирен и разбран човек и никогаш не би разделил мајка од дете . Затоа и нашиот однос никогаш не бил нешто посебно , едноставно иако знам дека ми е сестра , мене ми е странец , воопшто не сме блиски . И покрај тоа , јас ќе им кажувам на моите деца за неа и за моите две внуки , не сакам моите деца да не си ја знаат фамилијата . Постара е од мене 2 ипол години .

    Сестрата по мајка што ми е порасна со мене . Со неа сум поблиска бидејќи откако паметам за себе , таа е тука некаде , околу мене . Заедно правевме бељи , заедно растевме , заедно излегувавме еден период . Не бев многу блиска едно време со неа , бидејќи западна во депресивен период , и колку повеќе се обидував да и помогнам и да ја поддржам , таа толку повеќе се оддалечуваше од мене . За среќа , тој период помина , и се насмевна среќата и сега сме поблиски од кога било . Ги броиме деновите до доаѓањето на бебушот , плачев од среќа кога ми кажа дека е бремена , истовремено бев многу загрижена за неа и бебето , затоа што на почетокот бременоста и беше ризична , а потоа и Ковид .. За среќа , здравствениот проблем го снема и сега веќе нема никаков ризик за бебето , уште коронава ме загрижува , бидејќи терминот и е крај на јануари , а тогаш се очекува и пикот на вирусот .
     
  12. Siena^^

    Siena^^ Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Сестра ми е помала 4 години. Супер се сложуваме. Секогаш била тука за мене. Со мене порасна набрзина. Ептен имаше разбирање кога бевме помали, не беше тужи-баба и никогаш не ми судеше. Се имаме карано, но никогаш за нешто сериозно. Сега сме уште поблиски, ми помага, ми го чува бебето кога треба да одам некаде, си кажуваме буквално се. Многу е зрела за нејзината возраст. И секогаш била таква, паметам дека и како мала беше таква, никогаш не ме издала.