1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос снаа и свекор и мажот како трето лице

Дискусија во 'Брак' започната од OGNOMET, 18 јануари 2012.

  1. OGNOMET

    OGNOMET Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Пишете го вашиот однос како снааи со свекори.Какво ви е искуството лошо добро или не придавате значење.Мојот однос е никаков ,100 пати су му рекла дека женско требал да се роди ,бетер од жена е .Амојот маж го ставам како трето лице во еднина ,зашто ако треба ќе се разведе и деца ќе остави(и го правел тоа си одел кај неговиот татко како што го научил и со денови децата не ѓи гледал,пошто татко него му треба ,а на нив не)ама на татко му нема да му врати или да се скара со него ради децата и жена му.Многу пати сум сакал да се разведам.Ако ја има темава преместете ја.
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Темата за свекрви е преполна,а оваа за свекорот празна :) Изгледа на сите ни се погодени свекорите :lol:
    Јас подобар однос имам со него него со свекрвата,за што и да ми треба се слушам со него,ни звони секој втор ден да не праша како сме,а свекрва ми нема кренато ни еднаш телефон....
    Малку е забеган :?: ,т.е. се пензионира и само се мавта натаму наваму,досадно му е,па само доаѓа кај нас во соба,па не тера кафе да сме пиеле по 100 пати на ден,ама ајде барем има подобра душа од жена му.
    Со мажот ми имаат коректен однос,иако мојот знае често пати да избувне кон него.Порано не беше вака,не беа воопшто блиски,ама многу работи се сменија псоле свадбата,изгледа им се разјаснија некои работи,па решија да омекнат малку :lol:
     
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Јас со мојот свекор имам одличен однос, ептен се сложуваме можеби дека со татко ми се исти :) Исто така и сопругот со татко му е поблизок отколку со мајка му. Ние сме поделени: јас и сопругот со свекорот, додека деверми и јатрвата со свекрвами.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас повеќе не сум снаа, но ете ќе пишувам мое искуство....

    1-Насекаде околу мене, гледам дека секогаш проблемите се меѓу жените. Ретко која снаа се жали на свекорот (освен ако е нопак човек).
    2-Мажите најчесто биле поврзани со мајката (мамини синови), па затоа мајките тешко го поднесуваат тоа синот да има друга жена на прво место.
    3-Жените се главни домаќинки во куќата, па тешко е кога ќе дојде нова жена. Секоја сака по своето. Тогаш треба секоја да си ги знае своите граници.
    4-Жените по природа се пољубопитни, повеќе се мешаат каде не треба и со сила прават проблеми.
    5-Свекорот гледа на невестата со поинакви очи, мило им е што в куќи им влегува млада жена.
    7-ИТН.....да не набројувам.

    Едноставно на ист терен не се трпат две жени ! Затоа најчесто има проблеми.

    Мојот бивш свекор беше за жалење. Беше подолу од мене. Жена му му наредуваше за се`. Кутриот човек не можеше да претне од неа. Не сум му повеќе снаа, ама и ден денес го жалам, познавајќи ја жена му. Можеби не треба да го жалам, туку да се прашам: добро бе, маж си или не си?

    И најбитно, со мажите многу полесно можеш да се разбереш. Да направиш фин муабет, без одма да бидеш испревртен во зборовите, без потоа да те гледа накриво... Барем во повеќето случаи...
     
    На encimenci, srcule25, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. OGNOMET

    OGNOMET Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    НИКОЈ НИШТО НЕ НАПИШАЛ ЗАР СИТЕ ИМАТЕ ПРЕКРАСНИ СВЕКОРИ???!
    МИЛО МИ Е!
     
  6. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Значи и мојот свекор беше злато од човек додека живеевме заедно,сите проблеми беа од свекрва ми немав никави проблеми со него секогаш беше од моја страна многу реален човек,многу реално ги гледаше работите,сега сме под кирија со маж ми и ни е супер кога нема стари околу нас
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Како што тргнало се ми се чини дека повеќе ќе си патам од идниот ми свекор (не сум верена се уште, како е пишано така нека биде) него ли од идната ми свекрва. Абе луѓе, се тој знае, секогаш е тој во право, секогаш и за се другите му се криви, сите му згрешиле во животот :x значи тој е најдобар во се, како Сезнајко од Величествениот е, жими се...
    Нон стоп се закачка, се нешто провоцира, кога ми се запна пред некој ден за банални работи, за глупости, останав ваква :o Му кажав на дечко ми и сега овој Сезнајкото дури не ми ни зборува :fubar: а одоколу пак пробува да провоцира, ама не го регистрирам :rock:
    А да не мисли му се сеќирам? Ма сега ми е многу поубаво, иако на моменти ми иде :punch: :D :D
     
    На okcenzi и OGNOMET им се допаѓа ова.
  8. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    jas ne sum ni mazena ni verena no ziveam kaj decko mi ...mojot odnos so tatko mu e prekrasen,uste pred da zaminam da ziveam kaj niv dodeka kontaktirav so decko mi preku mob,net i tatko mu sekogas mi pisuvase na skype i si praevme muabet..mn e dobar,se slozuvame mn.za site problemi so nego zboram,dodeka so majka mu na decko mi za nisto ne zboram,znaci skoro ic ne kontaktirame,osven za ispiti koga imame,kako pominavme i nesto opsto dobar den,utro.. :D na pocetokot se osekav uzasno oti jas sum komunikativna licnost a taa e bas sprotivno od mene ama veke se naviknav i ne mi e cudno... :)
     
  9. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    јас сум веке трета година во брак,не толку лосо со свекорот немам некои посебни проблеми зосто многу ми е страм од него многу слабо ретко комуницираме
     
  10. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    ЛЕЛЕ !!!БЛАЗЕ ВАС СО ДОБАР СВЕКОР.ЈАС НЕМАМ СВЕКРВА ,АМА СВЕКОР МИ ВРЕДИ КАКО ЗА 5 !!! 9 ГОДИНИ СУМ ВО БРАК И НЕМА ЖИВ ЧОВЕК ШТО МИ НЕМА РЕЧЕНО -КАКО ГО ТРПИШ ЈАКА ТИ ДУША- .АМА ТО Е ,ЌЕ СИ ПОМОЛЧИШ ЗА ДА СИ ПОМИНИШ.НЕМА ФАЈДЕ ОД КАРАЈНЕ,САМО СЕ ШТО СИ РЕДАМ НА СРЦЕ...ТОА Е ДРУГА ПРИКАЗНА...
     
  11. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Свекорми и свекрвами се супер мора да се пофалам јас дури не ни знам што значи свекрва и свекор. Имаме различни свакања ама ми го почитуват и практикувата моето. Некад дури и не ми е јасно зашто се караат. Ама какви свекори има бетер од квачки и во женски ѓаки да се мешат :)
     
  12. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    Ама какви свекори има бетер од квачки и во женски ѓаки да се мешат
    за тоа сум жив сведок,дури ми се меша и во ручек како се правел,да беше некој кувар полесно ќе ми беше,ама вака.....правам само кога не е тука :)
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Напрај му финта на свекорот...следниот пат кога ќе готвиш ако почне за нешто да ти се меша ти само подади му ја вилушката/лажицата или што и да имаш во рацете и речи-изволте, штом знаеш како, еве повели направи, јас ќе те гледам па следниот пат ќе нема потреба да стоиш до мене....ајде изволте, научи ме. :lol:
    Ќе му се плашам и ќе чекам да не е тука, па да направам ручек...како не бе, нема проблем.

    Така пред едно 4-5 год. додека пеглав, дојде свекор ми и ми вика-вака не се пеглаат алишта, треба прво од наопаку па после на лице, двапати се пеглаат, мораш од двете страни.
    ( знаев дека тоа беше масло на свеки, затоа што истото и таа ми го имаше кажано, за се` женава се мешаше, па и за пеглање алишта...па му се издрдорила на стариот као демек ај сега и тој ќе ми соли памет и ќе ме учи, демек него ќе го послушам :fubar: ....а јас еден инает своеглав и умислен, плус тазе невеста...мене некој памет да ми соли и да ме оговара дека не знам да пеглам :o ....јас изненанеџена и увреџена :D )
    Јас ваква :$ Ај си преќутев, не реков ништо...во меѓувреме и мм го запознав со случајот (ептен бев тужи-баба :D )
    После некое време пак ме виде како пеглам, дојде и ми го повтори истото...само го погледнав и му реков-изволте покажи ми како, плус додека пеглаш јас ќе одам да спремам ручек....се задтка и излезе...од тогаш ни збор, ни сугестија за ништо. :!: :D
    Нема лабаво...малку итрина и толку.... и нормално средени односи и подршка од мажот, да не си имаш дополнителни проблеми. ;)
     
    На simonice, verica81, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Мојот свекор за разлика од свекрвата МНогу ме сака Ме фали ми купува сладоледи,чоколада,јадења,кога иде на дуќан кога сум во фрка ми помага со муштериите сака да си дискутираме за теми што се актуелни и кога е тој таму никој не смее да рече нешто за мене бидејќи тешко него ;)
     
  15. Teona-s

    Teona-s Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Кај мене и двајцата се исти.И просто се чудам како успеале толку години во брак да останат :D Се они знаат нема место каде што не го пикат носот |( Ама како што викат турците со помин нека е :)
     
    На Sibela22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Зошто мажот да биде во трето лице :^) па нема да се мажам за нив,глупости живи да дозволам да ми се мешат во се тоа нема да го доживеат ни на сон ние ќе си одлучуваме сами за се :emo:
     
  17. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Мојот свекор си вреди за 5 свекрви. Луѓе, Господ грев да не ми пише,ама едвај цекам да му го викнам погребниот оркестар..
    Се он знае, секаде се меша, дали биле децата банјати, дали биле најадени? Како јас малоумна да сум, па ќе ги оставам така да шетаат. Имаме расно куче, лично јас си го купив и не побарав од него да води есап за кучето, а тој по негово, Јас ке го избањам кучето, тој ке го нароси прашок да не фаќало болви. (а кучето е прочистено од секакви паразити и редовно вакинирано) За се едно нешто има да подбуцне да ме навреди..Едноставно ужива да ме омаловажува. Јас само си голтам и ќутам.
    Ако некоја знае лек како да се сравам со него нека кажува.
     
    На okcenzi, flowersss и fidani им се допаѓа ова.
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    море само со политика јас знам пресна снаа и лека правам за ручек многу била тенка ок реков друг пат ја направив погуста и се пожалил дека биладебела многу и на трет пат си ја направив ја како што мислам дека треба и поставувам маса на сите тањир и лажица на него тањир и вилушка и вика е со мене вилушка си ми дала а не викам дебела е леката ке си ја јадеш со вилушка и толку беше мада што само 6 месеци бевме заедно после се роди син ми и сами си бевме и уште сме де додуша :D :D :D
     
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Epa nie sme zaedno do prolet, potoa zdravje ke se simnat na dolniot prat, ama se mislam deka nema da se promeni kojznaj kolku,. Toa sto si e levo drvo, levo ke si ostane.
     
  20. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Јас имам многу проблеми со свекор ми(свекрва немам).Тој сака да наредува,пари за ова дајте за она дајте(него го избркаа од работа)и само пари,пари,пари,демек ние не знаеме што треба да се плати.Па оти ова за ручек а не она,па детето правилно не го храните...а он не сака да го чува ни 5 мин детето.Кога мм не е дома мене ми зворува секако против син му,дека не е домаќин дека ова треба да платиме,а кога јас не сум дома за мене му збори на син му дека јас не сум измила тањири сум излегла (демек немиени ќе останат)....А мм не може ништо да му се спротистави само се нервира и се кара со мене.Јас му велам на свекор ми не ни прави проблеми се караме ,не не оговарај еден со друг,ама тоа што си го знае тоа е.И незнам што да правам,стварно нема живот од него,влева во соба не тропа(некна ни улета у сред секс,арно беше ноќ и темно инаку ќе не видеше голи).На керка му и викал дека он треба да го има последниот збор а ние не сме го слушале.Она го кара знае дека не е прав оти и она кутрата се мачи со свекрва и ...Колку и да го игнорираш он збори нон стоп позади грб и ние после :@