Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос снаа и свекор и мажот како трето лице

Дискусија во 'Брак' започната од OGNOMET, 18 јануари 2012.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Свекорите не се мешаат толку, затоа е празна темава.

    Еве јас да кажам збор два. Свекор ми е мирен човек има добра душа. И сите ама баш сите ми имаат речено дека многу мирен свекор сум имала. Мм физички и карактерно(не скроз) личи на него.
    Свекор ми не ни се меша нити го интересира приватни работи за разлика од свеки што ја интересира секој месец колку плата зима мм.
    Таа кога се работи за пари е толку што би рекле луѓево како долари ги гледа. Па дури и сопствените деца.
    Никој не е совршен па како маана би му ја издвоила од што премногу ја сака свекрва ми и ќути за се, општо тој е човек што ќути и не се кара.
    Ама она почесто го третира како ѓубре му се дере му вика за банални работи, а он не знам како може А да не каже.
    Исто како и свеки (најверојатно што нон стоп ги слушал муабетите ,па паднал под нејзино влијание) има погрешно животно размислување околу децата. Поточно, тешко им е да разберат дека мм сега откако е фамилијарен човек примарно семејство сме му јас и ќерка ми. Па после они. Имаше еден испад свеки го натера да збори пошто човекот до тогаш А немаше кажано. Дека мм откако се оженил се сменил, мм му кажа што и како е, се вклучив и јас во разговорот (може не требаше). И од тогаш нема ништо друго речено.
    Многу ја сака ќерка ми.
    Сум побарала неколку пати услуга од него и ми излегол во сусрет
    И генерално го почитувам.
     
    На Mumoftwo30, Zumbulche, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    34.479
    Пол:
    Женски
    Кај мене свекор ми е втората свекрва, и тој знае да се меша, само што тој за разлика од свеки си кажува директно, а свеки позади грб, и откако ќе ја слушнам што збори, па ми се правда, па погрешно сум разбрала, па на крај и таа ќе си каже.
    Мм ме зафркава дека исти сме биле со свекор ми (родени ист месец, само различни хороскопски знаци), што на ум тоа на друм, си кажуваме директно.
    И многу пати повеќе сум се сложила за некои работи со него отколку со свеки, ама терсен е и голем инат.
     
    На Mumoftwo30, Zumbulche, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Свекор ми е доста мирен, на времето бил баш кафански човек, доста паметен и начитан, премногу трошел пари на кафани и частенки на времето, за што ММ многу му се лути, ама не е важно, сега е многу мирен, си тера пензионерски, не ме навредил никогаш, ќе праша секогаш како сме, што сме, што има ново, и тоа е што е. Си има доста проблеми со здравјето, и секогаш кажува како му е криво што не може околу децата да ни помогне.
    Свеки секогаш го кара, секоја постапка му ја смета за погрешна, а мене ми е жал па го бранам. :D
    Во глобала мирен, паметен човек, што никогаш не ме навредил. :handshake:
     
    На eliesaab, Zumbulche, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Мојот е починат пред долго време.
    Ама еден не се најде откако сум со мм да каже нешто лошо за него,секогаш само убаво слушам...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Еве јас за мојот. Буквално слика има - тон нема. За ништо не се буни, но и ништо не помага. Нередот што го прави не го пребира, а не сака ни деца да причува за да можам да средам јас. Свекрва немам (приказна е таа сама за себе, можеби во другата група би ја раскажала, во секој случај е слична со делото "бегалка"). Живееме се уште заедно, тури вода да се дели.
     
  6. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Конечно најдов тема за свекори па јас да си го пофалам мојот покоен свекор-втор татко .
    Од првата средба ме засака како ќерка,буквално . Кога се земавме со сопругот не ме делеше од него ,ме штитеше во се ,ме поддржуваше на секое поле,без да прашам и да побарам ќе ми остави пари на маса за да пазарувам за дома и што и да треба. Пошто бев невработена ,сопругод одеше на работа а јас секое сабајле пошто станував рано( а свеки си спие до 10 ) си пиевме кафе во двор и муабет дури се заборававме, ми даваше совети од искуство негово бидејки тој беше шофер 45 години и има возено низ цел свет ,искуства со разни луѓе,разни ситуации. Ако нешто се скараме со мм за банални работи како и во секој брак еее веднаш го караше ,значи не даваше за мене збор да се каже. Кога останав бремена (ризична бременост ) девојки верувале или не секое сабајле имав сок од цвекло морков калинка на маса до мене, бурек,тостови,кифлички,топли кроасани ...значи што и да кажам е малку како негова ќерка единствена ме гледаше и ми кажа (пред да умре)
    *Сега и да умрам не жалам,знам дека син ми ја има вистинската и најдобрата личност во невовиот живот а внука ми ја има најгрижливата и најпосветена мајка.
    Многу тешко ја поднесов неговата смрт најмногу од се ми е мака што ќерка ми нема да го памти ... Ќе и го раскажуваме каков херој ,татко,свекор и дедо беше нејзиниот дедо.
     
    На eliesaab, SummerGirl, Joanna28 и 20 други им се допаѓа ова.