A so da napraam ubavo si znam deka ako mu bide nesto treba pak jas da go gledam bebe plus vo kuka, Ne da se svatime greska ama vie so se praite deka nikogas ne se udreni vasite deca ABE VISTINA? Koj film go pravite? koe dete ne e udreno bilo od kogo,
Dobro, jas ne se pravam nisto, samo kazav mislenje. I od udiranje i UDIRANJE ima razlika! Edno e po gaze, po race...ama po glava, mene ne mi e normalno! I pak ke kazam - JADNO TVOE DETE VO TAKVO OPKRUZUVANJE, vie ostanatite vo kukata, sekoj sam moze da si go bere gajleto. Ama deteto...
@prasskickaa Многу работи кои биле сосем нормални и прифатливи порано, во нивно време, сега не се. Старите уште сакаат да ги провлечат овие работи како норми, затоа што поинаку и не знаат, башка убедени дека во нивно време подобро знаеле од родителите сега. Па така еден мал удар по дете одвреме навреме за нив може да е сосем нормално, и ништо чудно што се лутат и нервираат зошто ти толку узбуна си кренала, па уште и тој навреден ќе се најде што не го слушаш и не почитуваш негови одлуки, како на пример да го стави детето во ред со по некој шамар. Ти на овие "финти" нивни не треба да паѓаш. Наместо тој да те убеди дека не е толку страшно повремено мавање, ти треба да им дадеш до знаење дека тоа нема да го толерираш. Едно е ако се случило еднаш, но ти пиша во еден пост -стопати ти реков немој дете по глава. Значи почесто се случува. Ок е што се грижиш за свекорот но на прво место треба да ти е детето. А ако имаш темпераментно дете за кое малку повеќе нерви треба за гледање, не го оставај со нервозни луѓе.
A sto sovetuvame ustvari? Frazata EPA SESTRO NE E VSEKOJ RODEN NA VELIGDEN na mene mi kaza mnogu raboti i za forumdzikava.
Мојата ќерка не е удрена, ниту од мене ниту од друг. Ќе дадам се од себе така да остане, а штом ти се водиш под девизата дека секое дете некогаш треба да е удрено, не е ни чудо што тоа се случува.
Јасно ни е на сите, принцезо Дајана, само што не сме тука на натпревар кој во пофина фамилија е израснат или живее моментално. Таа да смени фамилија моментално не може, па ако имате совет соодветен кажате, а чудењата ваши како тоа постои таму некаде дете кое е удрено, многу не помагаат.
Праскичка, а каде е таткото на детето во приказната, односно твојот сопруг? Ако ова се случува често ќе мора да побараш помош, оти како што гледам сама тешко ти иде (не ме сфаќај погрешно, има стари кои едноставно се тешки луѓе и нема разбирачка со нив) но мора да најдеш решение. Разговарај со него нека притисне да одјебат малку, не оставај така да му прават штета на малото, после недајбоже може последици да си има, трауми итн...
MAZ mi e na pat , sofer e . I toj mu kazuva ne mu vikaj na deteto ne go udiraj ama ne isto e kako da ne se kazalo.
Боље на форум да ме кудат дека сум немајка пошо не се тепам со свекор и свекрва, отколку утре цела фамилија да ме куди дека на стариот ја сум му го кренала притисокот и срчка го удрила на сред нива ради мене. Да се разбереме не давам дете никој да ми мава, ама соземете се со Рамбо муабетиве дека одма ќе се тепате. Да не се лажеме. Праската не го жали свекорот зашо напнат бил, него нејке ако утре недај боже му се деси нешто она да го носи на душа. Од кај знае што се можат да и зборат вклучително и сопругот - бурно си изреагирала, до толку ли не знаеш со стар на крај да излезеш, сигурно не го удрил силно и сл. Епа никој нејќе да носи некој на совест. Мажот кукла ли е во тој дом? Нека седне ко син да каже дека ако крене рака некој врз негово дете последен пат ќе му биде што го гледа. Што знам ете, татко ми да крене рака врз мое дете веќе нема да го види ни на гости ни на улица. Ама ете тука се и тепачите како поцивилизирани за решавање на проблемите во семејството.
Вистина неможам да го скам свекор ми после се ама имам душа човек сум , ако му биди нешто јамза да ме јаде дека јас сум крива за тоа? Да ме обвинуваат сите дека јас сум го убила? Го удри и јас се пожалив не за да ме критикувате туку да споделам доживување кое ме погодило. Моето дете е доста пргаво и сака мн внимание дека ако тргнеш поглед од него одма белја прави .И ај да не одам да мочам оти детето ке заплаче.
@prasskickaa Ти сакаш на нас да се пожалиш, а твоето дете на кого да се пожали? Ти си му заштита и ако твојата заштита потфрлила повеќе пати(споменуваш дека детето е повеќе пати удрено од свекорот,иако и еднаш е премногу),твоето дете создава недоверба во тебе,а со тоа и во самото себе. И друго,свекорот може да е неразбран и ваков и таков и секаков,ама живеете под негов покрив и ве гледа како деца и тебе и маж ти и тоа му дава ``право`` во неговиот ум да ви го воспитува детето. Чудо како не почнал и на вас да ви мава заушки.
Неможеш да испаднеш немајка бидејки сеуште И не си мајка нели?Затоа тебе 'те боли' од еден аспект а кога би удриле твое дете ке те за боли од сосем друг аспект.
Не мешај баби и жаби и принцези и незнамтиуштешто. Јас НЕ реков дека МОРА да смени фамилија, туку дека ИЛИ ќе си замине или ќе има дете со трауми. И контролирај се малку зашто некој може збори од искуство! Плус, јас не се чудев дека постои таму некаде дете кое е удрено, туку реков НЕ Е ВО РЕД местото на кое е удрено! Читај кој што напишал, а после реплицирај! П.С. Сепак фала ти за ова со принцезава, ми го направи денов уште непочнат. Гушкиии
Сите сме силни на збор, ама не верувам дека теорија и пракса е едно, те исто. Кога го прочитав постот на @prasskickaa знаев дека ќе има коментари, ама на крај памет не ми текна дека ќе ја направите немајка и дека треба да се засрами од реакцијата, односно нереакцијата. Јас се ставив во нејзина кожа и не знам на кој друг начин може да се изреагира во овој случај, освен да се развикаш. Не стоела мирно без да каже збор, ниту пак го оправдала ударот на дедото. И ако го удрела свекорот, од каде да знае дека тој нема да и' врати? Ајде кажете конкретно како вие СТВАРНО би изреагирале? Демек некој ќе зема да се тепа со дедото, како па да не. Од една страна ја осудувате дека чаша фрлила, од друга страна пак нека го претепа дедото. А за тоа дека се загрижила за свекорот, тоа е нормална, човечна реакција за некој со кој живееш, макар што не го сакаш. Едноставно не сакаш да носиш некој на совест. Стварно знаете секој пост да го извадите од контекст и да најдете начин некој да осудите. Ама така е и на форумот, и во реалноста, двојни аршини и осуда колку сакаш, а да се ставиш за момент во туѓа кожа, неее, само памет ќе солиме. И јас сум мајка, и моето дете досега не е удрено, ама не дај Боже да го удри некој, сигурно нема да се тепам, туку на цивилизиран начин ќе се потрудам да го решам проблемот. И да, и јас си го сакам детето како вие што ќе се тепате за него и ќе убивате (демек). И пред да ме нападне некој, да кажам дека ИЧ не го оправдувам дедото, ама освен разговор со маж и' и пронаоѓање трајно решение на проблемот, не знам како може да се реши оваа ситуација каде најголем губитник е детето. А не гледам дека тепањето едни со други, па и пред детето ќе реши нешто.
Значи стално го удира човекот а, некое хоби изгледа му е ај одржи му една лекција на старчево, иако со нив не се излегува на крај. Ама барем малку да се опамети.
Ти праскичка велиш дека имаш сопруг така?! На пат бил и шофер бил?! Во ред е..НО, зарем не помисли некогаш дека треба и МАЖ ТИ малку да го вмешаш во вашите фамилијарни проблеми и патешествија. Даваш слика дека си сама со детето и дека сама се справуваш со се, па и со НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ. Зошто?! Наместо да ги седнеш и да му кажеш СЕ што се случува со вас двајца во спротива со неговата фамилија ти седиш и си мислиш дека сама ќе ја решиш ситуацијата во која што си, но сама би можела да реагираш само и само во твојата фамилија и со твоите родители, за неговите реалноста е таа.. Не знам еве.. сепак мислам дека има решенија, има компромиси и мегусебна разбирчка ако седнеш да приговараш со маж ти.. ако се сака се може не се сомневај во тоа, но наместо да молчиш и да се трауматизирате со детето не знам зошто ја бираш баш таа варијанта кога би можела да прнајдеш друго решение. Да ги занемаруваш овие проблеми а поготово кога твоето чедо, твојот дел од себе си го ставаш на секојдневен ризик и ја избираш таа варијанта ..еве .. незнам што да речам, сепак ти си знаеш не сум ти во кожата. Седнете на маса, разговарајте, нека маж ти се постави малку по остро спрема постапките, вака не ви ја бива очигледно.. Стари си се стари а млади се млади, нема тука дискусија! Ама маж ти бе?! Дај покажи заби и ти...не си седнала да се прекрстуваш на судбината!
Мајка ми никогаш нема да удри друг но и нема да дозволи друг да ме удира како членкава што дозволува да и го тепаат детето.