Разбирам се ама да се третира сопственото дете како 15 год да е , е повеќе од проблем. Ниту од свекорот добро ниту од свекрвата. Да си има човек проблем со хроничен алхохоличар и жена лицемер е повеќе од се.Бог нека е напомош.
Јас мислев дека со свекорми ќе имам коректен однос пред да се омажам.Некако ,многу мирен ми се гледаше и само си молчеше. Арно ама, свекрва ми и маж ми(тогашен дечко) ,секога ми викаа дека не е тој таков мирен како што го мислам,дека е терсене човек. И од кога се омажив сфатив дека биле во право.Потерсене човек немам видено.Буквално ми седеше над глава кога правев јадење,кога чистев,кога се карав со мм,мораше да застане да го брани.Премногу е љубоморен на мојава страна ако брат ми е успешен воработата, ако татко ми завршил некоја работа некому ,овој пука. Скоро и заврши татко ми една многу голема работа на сестра од свекорми,која што едвај преживуваше со пензијата и татко ми и заврши работа за оваа да си има солидни примања и солиден живот и свекоров наместо да се заблагодари ќе пукнеше од мака кога ќе го пофалеа татко ми.Одма мењава фацата и мора да искоментира дека не било тоа ништо. А ако нешто на лошо му се деси на татко ми, расположен е , слави тој ден. Во животот ништо не им пружил на децата,ниту дом, ( се живееа во трошна кукичка),ниту школо , а пак моите нас иако несме биле богати ,секогаш гледале да сме завршиле школо и да сме прошетале.Иако ќе напоменам, имало ситуации да немаме скршен денар,ама секогаш задоволени,а овој и парите што ќе ги спечалеле децава негови им ги трошел. Сега куќата си ја правиме,од кредити што зедовме а тој се меша за се.Брат ми ни го правеше проектот и овој одма не чини,ова вака,она онака,од пуста љубомора. Јас фатив спртска,прв пат играв и за среќа добив и одма нему му купивме за облакање и другиве му искоментираа као ти секогаш играш еднаш не си фатил,а снашка еднаш играше и одма фати и тој на тоа вика пффффф како да не, шуќу фатила на среќа,така с ефаќало тоа,таа божем знае. Абе пука. од пуста љубомора нема ниеден пријател,ниеден од фамилијава не го ферма,со никого не збори,се тој е во право,а колку е туп,тоа чудо,ама нормално не признава ,битно тој е во право.Сега службено зборам со него зошто проба да ми направи проблем со мм и јас си заминав кај моите,ама среќа го прибраа ,па и јас го прибрав и сега не го ставам на рецка,нек акрши глава. До вчера јас и мм ги издржувавме за се и за јадење и за сметки ,е сега почна свекрвами да зема некој денар и одма тој нем аова,струја висока идела, дрва многу сме трошеле,(а јас трудна и цела зима седам во една ладна соба и цело време грипосана сум и му реков на мм да ставиме ќумбе во собата и сега ставивме и овој одма дрва да си купите). Инормално си купивме,и од сега се по пола ќе делиме,не сакам да ми префрла за ништо, само мака ми е што до вчера на мој грб кога беа и ако нешто се пожалев тој викаше само што битно од кој џеб излагале парите,што врска ако јас само сум плаќала ,од иста куќа сме биле,немало така да рамислувам да сме делеле.
@suzimuzi a mazot kako treto lice sto veli? Ako vie si imate ljubov i razbiranje sto e tolku biten svekorot? Rece deka ke si gradite vase, pa ke se ziveete sami i nema da se mesa togas. Obicno svekrvite se tie sto se mesat vo se ama ete imalo i svekori Uzivaj vo bremenosta, ne se zamaraj mnogu.
Мажми на почетокот не реагираше,ама кога испадна голем проблем,кога свекоров виде дека може во се да се меша ,синов не реагира,јас си заминав кај моите , татко ми му се јави се испокараа со свекорми и сега капак на тоа,татко ми бил крив што имало да се меша,демек треба да си молчи ако некој дебил со ќерка му си игра како сака. И јас не сакам стариве да се мешаат,ама сакав да увиди тој стариот дека и јас имам заштите, не ме чувале мене толку години за еден неписмен да ми кажува се и во се да ми се меша.8 одденение нема, ај што нема тоа, овој нема ни основна култура и без школо има луѓе што се попаметни. И мажми валда веќе сфати дека е сериозно и реагираше ,ама сепак татко му е и не сака да признае многу,иако колку толку сега имам поддршка негова,само ме нервира што и тој коментира дека таткоми не смеел да се меша. Тогаш со кое право татко му може да се меша. Али додека е вака,нека биде,едвај чекам да се одделиме да не го гледам. Свекрва ми си има маани ,отпукува непотребни работи ,посебно кога станува збор за чест кон нејзина фамилија или некои старински закони и знам дека кога ќе змаинам од соба и таа коментира со него,али политичар е и знае да направи баланс,така да искрено ако не е таа би полудела.Со неа и муабет можам да направам ,а со овој само ми шири негативна енергија.Колку бев позитивна личност,ама овој ми ја црпи сета позитивна енергија
@suzimuzi Shto te gledam chudnaa zoshto ne si zaminesh vo tatkovata kuka dodeka ne se preselite vo svoe..shto fajde od toa da ziveete so svekorot I svekrvata I nervite da ti Gi chelichi??Po chemu bre??
Е да е така лесно. И кај моите ,брат ми е со снаами ,татко ,ми внуци. Додуша и снаами ми рекла ако сакате додјете и седите тука,ама кај би прифатил маж ми такво нешто. И јас несакам многу да ја ширам поради него,сепак родител му е и во мал град сме,ако би го превзеле тој чекор , одма ќе има муабети од типот : еве овој муле e,жена му го влече домазет бла бла.И тој ќе се нервира го знам и ете уште поголем проблем. Како и да е , сега веќе се контролира ситуацијава,има некој баланс , јас не го ни фермам, само едно добро утро-добар ден и мм му кажа да не с емеша во ништо јас што правам и само се надевам дека побрзо ќе направиме делот наш.
Е нема да не биде баш ради ова наше македонско размислување па и уште 1000 години год поминале. Се додека ние тонеме и пропаѓаме ради народот што ќе рекол може еден ден и до болница да стигнеме, но важно луѓето да не зборувале чунки тие ме хранат и покрив врз глава ни дават. Сузи, зборувам генерално, не само вие многу размислуваат вака, се возпитани вака, критериумите и се баш вакви. Само едно ќе ти кажам, не се секирај за народот што ќе рекол, народот ќе збори и вака и онака и ќе гледа ко кокошка низ кокошарник што било год и да направиме ние, живеј и прави како што мислиш дека вие ќе сте среќни, нека зборуваат уста да и се запени среќа ти биди среќна и реши си го проблемот. Сериозно. Ако се сака и ако се има обострана воља се може да се среди кон подобро. Малку труд и воља. Ви посакувам да се средите, но од некаде мора да почнете и мора нешто да ризикувате тоа е фактот.
Imash momentalno reshenie ,a ne sakash da go primenish poradi komshilukot tvoe pravo,a komshii ko komshii stalno nekoj u usta ke go imaat I ko crna ovca ke go ozboruvaat,shto im e bitno koja e vistinata..tie ne ziveat so svekor ti ??Ti zivees so nego!! Toj tebe i tvojata familija ja ponizuva,a ne na komshiite
да е до мене јас не се замарам многу со тие рабти,но мм таков е,горделив и не сакам машкото его да му се намали.Нема шанси да прифати на таков чекор па макар и на улица би живеел.Многу е тежок во тој поглед. Само се надевам дека од сега ќе е подобро ,еве застанува на моја страна,веќе виде дека решена сум на секаков чекор ако дозволиме некој да ни се меша. Сепак фала ви на размислување.Тука имам решено со ваши рамислувања многу работи,затоа и ми е мило што сум член
I shto fajde bre od ovoj tvojov @suzimuzi ??? Navistina treba da se zaprashash kako moze EGOTO pred tebe da mu bide??Kade si ti tuka???Kade e TOJ koga te napagja tatko mu???...Ne baram odgovor samo glasno si razmisluvam
Сузи ти не сакаш неговото его да му го срушиш а што е со твоето и твојот живот? Впрочем.. не знам ниту зошто така размислуваш. Не ми е јасно кое е тоа его? Што е тоа толку навредливо ако барате решение и привремено заминете некаде додека ги разрешите вашите животни прашања. Еве не знам.. Се мислам дека вашите размислувања е одраз на вашата ситуација и живот во кој што сте се втурнале. Ако не оди некаде не оди, зошто бе со сила се загорчувате и си ги туркате нервите. Ако не ми се допаѓа начин на мое сопствено живеење и секојдневно се измачувам ќе наоѓам решение ќе правам нешто ќе тргнам од некаде од некоја точка. Сите кукаме ама кукањето на нашите проблеми не и помага. Време е да почнеш најпрвин да поработиш на себе и својот карактер, впрочем тоа што те мачи околу народот и егото, па истото и на маж ти да му го објасниш. Со вакви размислувања ете.. додека се свестите цел живот ќе ви помине неизживеано.
Свекор ми е маж на свекрва ми. Значи бонбона човек, од таква жена цел живот станал многу попустлив. Некогаш жал за него ми паѓа, паметен човек. Не ме сака многу, ама јас го ценам и почитувам бидејќи никогаш не ми задавал такви ниски удари како жената негова.
Односот ни е во ред , но сепак мислам дека е тоа поради причината која се гледаме е доста ретко , земајќи во предвид дека они живеат во Хрватска а ние во Германија и се гледаме два пати годишно по две недели .
Свекор ми е подмукло човек. За народот се прави добар, ама да не ти е во куќа. Подобро што живееме одделно. Само ми е жал за свекрва ми што го трпи и се нервира.
Свекор ми, Бог да го прости, беше многу разумен човек. Стабилен, рационален и полн со разбирање. Како татко ми, како маж ми. Ние жените (во фамилија) сме сите кокошки... искрено кажано
И свекор и свекрва хаос во овој век бизарни понашања имаат Свекор: Ајде снао јас ли треба да ви кажувам деца како се прават уште на почеток (во се се меша, што јаде детето, дали е капено итн...) Свекрва: ( тргаше спаваќата и детето ми го ставаше кожа на кожа требало да биде ) Примери зошто велам бизарни и еве ги мразам од дното на душата сепак зборувам со нив Маж: на почетокот се му кажував од а до ш почнаа со кавги и така виде дека не можеме заедно и ги оддели во новата куќа во друг град бидејки ное не можеме да се вселиме поради мојата работа и така малку помирно живеам, но маж ми почна да ги игнорира скроз проблемите ајде стари се и кога и да одиме во новата куќа односно сега кај нив на гости се нервира и ги жали и ги слуша итн. Јас: е јас еве си молчам ни на маж ми не му кажувам ништо си ги гледа работите како стојат ама ете родители му се, нити свекор свекрва почитувам Моите: всушност се помлади 10 години од сватовите си ги знам како стареат понашањето им се менува ама имаме разбирање јас сум директна со нив, а маж ми ке им угоди и ке се мршти Се тргам колку што можам подалеку од сите затоа што сакам јас да не се нервирам
Свекор ми е ок човек. Најнормален муабет, без наметнувања, мешања и префрлања. Онака, опуштен, знае и за шала, но се со граница.
Еее имам многу да пишивам за свекор ми. Во принцип се исти со мажот ми карактерно и физички. Ептен принципиелен и внимателен.Односот ни е супер. Знам да си поќутам кога е нервозен најмногу ради работата. Никогаш ме нема навредено и не ме дели од другите деца. Колку за нив толку за мене. Скоро секој ден ми се јавува да праша како сме со бебето и дали ни треба нешто. Пушта полни најлони по мм оти не мпжи да носи тешко. И исто главна преокупација му е дали сме јадени. Еден супер човек многу намачен низ животот, немам друг избор освен да го почитувам како мој родител. Последно ми рече родена ќерка да ми беше немаше вака да ме разбираш. Мене душата полна. Валјда нема да шизни допрва.
Офф топик малку, ама како што е активна темата свекрвите и снаите баш сакам да читам свежи искуства и со свекорите. Стварно сум љубопитна.