1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на косата без пегла

Дискусија во 'Коса' започната од s&s, 10 декември 2015.

  1. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Девојки, сите сме свесни дека пеглата, фигарото, фарбањето и сл. се најголеми непријатели на косата. Ете, после долго молење престанав да се фарбам(иначе бев плава, но си ја враќам темната боја), но косата ми е тооолку непослушна без пеглање или фенирање што тоа е страшно. Ставам маски, капки за коса, но откако ќе ми се исуши ниту форма ниту ништо. Како ја средувате косата без пегла? Некои финти можеби, би ја носела и виткана, само да ја оправам малку. Некои совети ? :)
    Би сакала да споделите искуства, како сте и' дале живот на својата коса или што преземате за добар изглед? :)
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    15.778
    Пол:
    Женски
    Истиоот случаај. Едвај успевам во ред да ја доведам, по сите страни ми лета ако не е пеглана, единственото нешто што некогаш ме спасува кога неможам да ја пеглам или треба рано да станам наутро е да направам две плетенки навечер и утредента виткана да ми е. :)
     
  3. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Јас скоро никогаш не ја пеглам косата. Доколку имате брановидна коса само една висока пунџичка во текот на ноќта и сабајле имате волумен и благо виткана коса. Инаку топло ви го препорачувам аргановото масло од Арган оил
     
    На SV1911, Juuuuulie, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Јас си го најдов лекот за ова, исто и јас маки мачам да се ослободам од фарбаното и згора на се да не ја дооштетувам со фенови, пегли фигара..
    Скоро 3 месеци веќе ми се исфрлени од употреба (знам некогаш многу ретко да ја испеглам во некоја посебна пригода кога сакам да сменам)
    Ова е мојот ритуал па можеби на некој ќе му помогне..
    При миењето користам нормално шампон, во мојот случај користам 2 - еден за скалпот бидејќи таму ми е склона кон мрсење и уште еден за останатиот дел од косата (каде што ми е фарбана) бидејќи таму ми е сува, ставам и маска Генера од кокос, досега единствено само од неа сум најзадоволна..
    Откако ќе ја измијам ја оставам да се исуши самата и не ја чешлам воопшто, чешел користам откако ќе ми се исуши скроз и пред тоа ја напрскувам со Глис спреј розевиот.. Некогаш ја оставам така, полу права полу накршена ама најчесто ја виткам.. Е сега начинот на кој што ја виткам и сум премногу задоволна од тоа како ми изгледаат брановите, не можам да најдам слика затоа ќе се потрудам да објаснам..

    На главата врзувам лента, марама, стегач што било може се да ви послужи само гледајте да се растегнува и да не е многу дебело, еве вака како на сликата подолу.. И секое праменче го навиткувам околу лентата однадвор навнатре..Фактички цела коса ја навиткувам околу лентата, оставам пола час/час зависи од времето и потоа откако ќе ги одвртам прамените woala преубави бранови кои не изгледаат остро како со фигаро туку така лежерни и лелеави :inlove: Не заборавајте на крајот да ставите капки за коса, а тие кои имаат подива коса можат да стават пена или малку спреј за подолго да им стои.

    * да напоменам дека најдобро би било да го правите ова кога косата ви е многу малце влажна, или ако ви е сува напрскајте спреј за коса или направете си сами спреј така што во вода ќе ставите малце регенератор и ќе го измешате.. Резултатите се воодушевувачки. (y)
    [​IMG]
     
    На SV1911, toogood, MiloMalo и 8 други им се допаѓа ова.
  5. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски

    Еее баш ти фала драга :) ќе пробам :)
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    значи јас овоа лето си ја уништив косата ма фарбање секоја недела ми се има случено два дена едно по друго да ја фарбам пеглање нонстоп и ја изгорев скроз....најнорманлно отидев да се шишам и викам ама кратко оти мн ми е изгорена фрзерката ми кажа еден рецепт сто благодарение не се шишав кратко и косата мн ми се оправи еве го
    -две жолчки
    -две лажици мед
    -две лажици маслиново масло
    се убаво да се измеша и ако е мн густо се става уште една лажица маслиново ако е ретко се става мед се нанесува како фарба и стое 1-2h верувајте мн е ефикасно...
     
    На ~disappointed~, toogood, s&s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Одржување на косата без пегла... Може!!! И тоа со малку труд се постигнуваат големи резултати!!!
    Мојата коса е „дива“ и за да ја скротам се и сешто сум испробала!!! Не сакам да употребувам пегла, а фен користам што пократко време за да не ја оштетувам косата!!! За да не ми е разлетана ја „смирувам“ со восок за коса, со силиконски капки...
    Пред повеќе години ги открив „чичак“ витлерите и сум задоволна од ефектот што го постигнуваат... Фризурата ми е иста како да сум се фенирала!!!
    Ако сакам брановидна фризура или локни ги применувам финтите на @MayDiamonds и
    @frosyGrc :clap:... Многу лесни, а ефектни начини да се добие прекрасна фризура!!!
    Овој начин на средување на косата ми е најлесен!!! Ја собирам цела коса високо, ја вртам во еден правец се додека не формирам пунџичка. Краевите ги буткам под пунџичката и така ја оставам додека седам на Фемина или работам нешто низ дома!!! Кога ќе ја „одмоткам“ пунџичката со прстите ја поднаместувам фризурата која е со убави локни и волумен!!!
     
    На ~disappointed~, toogood и s&s им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за ова во некоја друга тема, но не ми е проблем пак да кажам. Косата ми се препороди од кога престанав да користам пегла. Веќе трета година косата ја пеглам најмногу 10 пати во годината, а со фен ја сушам 5-6 пати од едно до друго шишање. (се шишам на 3 месеци) . Навечер ставав обавезно витлери и после ги отплетував локните за да не ми изггледа како торта, а сега веќе не ја ни виткам толку често затоа што самото влакно ми се подобри и убава е и без да и правам нешто посебно. Тоа не е само од пеглањето туку од целокупната нега која и ја пружам( вклучувајќи разни домашни маски ).
     
    На vanna, simoncelicius и s&s им се допаѓа ова.
  9. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    54
    Одлична тема. А знае ли некој како до права коса без горење со преса? Лично за мене, имам брановидна коса и прилично дива без да ја исфенирам и испеглам. Секојдневно истата постапка ми ја уништува косата. Додека да ја виткам косата не ми се допаѓа како идеа, бидејки ми прави да изгледам постаро.
     
    На ~disappointed~ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @girl.09 Јас кога планирам да не ја виткам косата и да ја носам права, обично правам третманот со кокосово масло пред миење. Кокосовото масло е еден од природните исправувачи за коса,како и лененото семе.
     
    На ~disappointed~ и SV1911 им се допаѓа ова.
  11. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Е добро а виткана како може да ја направам да ми биде два дена на пример или повеќе без да ми ср олабави косата??
    Инаку јас у мојот живот се имам пеглано два пати али вториот онака две прамени и толку имам квалитетна пегла али не ја корисѕам :D џабе ми стои..
     
    На ~disappointed~ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За да се одржува формата на косата, прво и основно е негата на влакното.Значи ако ви е сува, треба да ставате пред и после миење нешто за хидратација на влакното, за омекнување, ако ви е мрсна обратно. и сами ќе приметите кои препарати најдобро би ја одржуваат формата.

    Јас сум од тие што сакаат да ја носат косата и пеглана и виткана, зависи од расположение. Два пати неделно со преса ја пеглав, ја тегнев, ја препреглував.... ужас...и некако успеав да најдам средина.
    Сега после миење, оставам малку да се исуши по природен пат. Пошто е ладно сега, не чекам многу, туку со фен ја дувам, на средна топлина. И си фаќам плетенка!
    Значи, плетенките се царска работа :) Башка има еден куп видови и начини да ја врзете, ќе имате фризура, ем собрана и средена. Ако сакате, може и да си ја пушитите, па ќе имате прекршени локни, што за мене е супер за излегување.
    За тие што сакаат баш виткана коса, со локни, врзете си банту-пунџички(јас така ги знам). Косата ќе си ја поделите на неколку прамени, горе и доле и ќе ги виткате праменчињата додека не станат како полжавчиња. Ќе најдат и клипче ќе прикачам :)

    А за права коса, без пегла, може како замена да инвестирате во оние фен-четки. Значи дува топло, како фен, со приклучок за четка на него. Ова е како фенирање во домашни услови , а резултатите се супер. И волумен, и форма, се.... Сега би требало да имате на попуст предновогодишен :)
     
    На SV1911 и toogood им се допаѓа ова.
  13. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски

    За третманот со кокосово масло сум слушнала, а како може да се искористи лененото семе? :)
     
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Еве го чарето :D
    http://biodevojka.blogspot.mk/2015/03/blog-post_23.html
     
    На Espadrila, ~disappointed~ и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  15. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Оставете ги пеглите, многу поубаво изгледа брановидна коса, локни... барем според мене. Јас па се мачам да ја навиткам.
    Дури и дива и "несредена" коса изгледа многу добро ако знаете што да правите со неа. Пеглана коса е аут
     
  17. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Пробај со витлери,кои ќе ги расплетиш или расчешлаш дури вториот ден. Само оддели ги локните и прсни лак и малку натапирај во коренот,додека вториот ден можеш малку да ги расчешлаш така ќе добиеш брановидна коса.
     
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас ја растам за прв пат. И претходно имав претерано со пеглата и фигарото и уште пред неколку месеци си ветив дека ништо такво веќе нема да користам, со исклучок на фен бидејќи доколку не ја исушам убаво косата ОДМА се разболвам. Инстантно. Така да во ладните периоди обавезно ми е сушењето со фен.
    И поради ова и јас пробав неколку работи за како да ја носам за излегување или секојдневно без таквите помагала. И да споделам сега ете.. :lol:
    Прво- плетенки! Значи буквално на секаква коса можиш да ги направиш освен ако ти е премногу кратка. Ако сакаш поголеми „бранови“ направи една голема или две големи плетенки. Ако сакаш поситни направи 6-8 плетенчиња и таман не сметаат ноќе станваш сабајле пена, масло нешто малце или лак и you are good to go8)
    Второ- витлери сунѓери. Во продавниците се за 1 евро имаш. Јас ги зедов 6 витлери за 60 денари. Зедов три паковања бидејќи толку коса имам. Долго стои виткана- ова повеќе зависи од типот на косата што ја имаш. Ама бидејќи се сунѓери лесно е и да се спие со нив преку ноќ и можеш исто така два вида на локни да направиш. Ако ги поставуваш вертикално се добиваат локни баш, ако ги поставуваш хоризонтално се добиваат бранови. Еве ти и сликче.
    Трето- Ова ми е најновата финта и сум искрено преизненадена бидејќи ми стоеше косата виткана три дена!!!!! Замисли. И тоа со фен. Значи не ти треба ништо само фен. Јас реков дека посекако морам фен да користам па ако мислиш дека е океј фен да користиш и ти тогаш ова му е мајката:rofl:
    Ко ќе излезиш од капење добро избриши си ја косата и подели ја на два дела на средина, и тие два дела на уште два горен и долен. Значи на четири дела ќе си ја поделиш. И буквално врти ја со прстите нанадвор- twist. И суши ја така дури не е целосно исушена. Толку долго со ништо не ми седела виткана дури за нова година планирам такаа да си ја направам. Еве ќе ти ставам слика од некоја од интерет шо ја најдов за да ме сфатиш подобро ако не ме сфати како ти објаснувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На eloves, toogood, Tinushka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Фала драга, ова со фенот не сум знаела, дефинитивно ќе пробам :)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас знам како амаааааа... Е многу скапо.
    Дечко ми е фризер иначе :lol:
    Затоа знам.
    Има тука (во Битола), а веројатно има и каде и да си ти, еден третман кој е прилично нов.
    Кератински третман. Ставаат кератин на косата и се пегла и не знам што му се прави точно, и после 5-6 месеци само ја сушиш со фен и ти е права како пеглана. Ама зависно од должината на косата кошта од 50 евра нагоре. Еве ти една слика од таков третман пред и потоа земена од познат фризер во Битола.
    Наводно не само што не е штетен третманот за косата туку и ја храни. Слика во спојлер.

    Eдит: Косата на левата страна му е само со фен сушена онака, не фенирана.

     

    Прикачени фајлови:

    На s&s му/ѝ се допаѓа ова.