Ме изнасмеа да ти кажам искрено Ќе ми даде мамичка којзнае колку евра за мене долгава коса да ми биде права
Ти праша дали знајме начин јас ти кажав дека има.. А иначе има и многу девојки шо си го прават третманот и шо можат да си го дозволат. Мое е да кажам.
третманот е добар да. имаше приајтелка во странство го правеше. По еден третман на ден најмногу. Кератинот бил штетен да се диша многу. Се става сретство со многу % кератин, и специјални пегли. Јас многу размислував за ваков третман, сакам да имам коса како кинеските. И така ни ми е права, ни ми е кадрава, нути пак прекршена. Не знам, како слама ми е Ова го користам за пред пеглање.Еве го линк Плус со аргански капки да ја потхранувам, и добра е. се држи.
Пробав вака и не ми излегува баш, со плетенки ми испаѓа најубаво... А права не можам во никој случај да постигнам без пегла
А дали користите и дали воопшто постои некое средство нешто за исправување на косата? Пример откако ќе ја измиете и ја оставате да се суши природно, дали претходно ставате нешто и потоа косата ви е права колку толку? Зборувам за нас кои имаме природно диви коси, ниту прави ниту виткани, туку како прекршени
Ова е најдобра маска за коса со упорност косата ќе се доведе до природниот изглед и ќе се обнови. Но потребно е многу упорност и време.
Нема проблем мене многу ми помогна мојата коса исто така е ниту права ниту виткана и ми се наелектризира секогаш, но овој спреј е феноменален.
За да не се оштети и искине косата, препорачливо е избегнување на пегла и често фенирање. Премногу се оштетува, дефинитивно.
Не користам пегла или фигаро, освен кога треба да одам на важен настан. Не ја сушам со фен (освен зимно време). Не користам: капки за коса, пена, лак бидејќи исто не се добри. Само кокосово масло и маска за коса. Со обична пунџа може да се добие волумен и бранови.
Имам природно права коса, па не користам пегла. Но обавезно користам фен, ако ја оставам косава да се суши природно ќе поминат часови, може и цел ден. Може да поминам со четка еднаш, и толку. Не е потребно посебно обликување. Имам густа коса и дебело влакно, па некако косата сама си се мести. Исто така, се фарбам со боја што е блиска до мојата природна, и спротивно од сите мислења што ги слушам и читам, фарбата како дополнително да ми го подобри квалитетот на косата.