Дали ви се случува да полудеете заради мали причини? Дали ви доаѓа да убиете кога сте нервозни? Дали правите од искра оган? Ви се има ли случено за една мала ситница да се скарете со некого и да му изанкажете се и сешто? Па мене да, сега немам смелост да се извинам, мислам дека требаше да ме разберат, но немам лице да се појавам пред таа личност! Дали некому му се случило тоа, а ако му се случило нека каже или даде совет што да правам, ова ме копка, ме мачи! Помош од сите феминки барам, многу е важно! Спојлер (доколку ваква тема веќе постои ве молам преместете ја, не не бришете навистина ми е важно, сум споманала веќе дека многу сум нервозна, многу време се чувам во себе но кога ќе се преполни чашата, тешко на тој до мене)
Мене ми се има случено. Тоа многу лошо, но тогаш во моментот не сваќам, но отпосле сваќам колку е лошо. Но после е касно претекло веќе млекото. Па пошто бараш совет ќе ти кажам што мислам јас во таква ситуација, мислам дека е најдобро да побараш прошка да се извиниш и да се трудиш да не ти се повтори, но тоа нека не биде само формално туку од се срце. Помага исто така да се помолиш за личноста со која така си постапила и тоа некако чудно е но како да чувствува благодарност личноста за која се молиш кон тебе иако незнае дека си се молела за нејзе. И секако да признаеш дека си згрешила. Се надевам дека ќе ти помогне, ти посакувам успех и се најдобро, поздрав.
Благодарам, јас навистина се каам за се што реков, но не само што ми е тешко да кажам извини, незнам како да почна туку и не можам да ја погледнам таа личност во лице, ја удрив таму кај што најмногу боли, тоа е најлошото кај мене. Но сепак благодарам Хорсе!
истата сум и јас кога сум лута,немам пардон што треба да кажам а што не, и после кавга -од кога ке ми излезе бесот доага она-извини не сакав тоа да го кажам тоа најчесто со моите дома е-највеке ме нервираат
Се е во самодовербата! Треба да веруваш дека ќе имаш смелост! Па потоа се оди пополека по зборови! Не сум баш нај јасна, но треба да собереш храброст и тоа е се!
Многу ретко се лутам, а ако се лутам - најчесто на самата себе. Исто така не се нервирам за ситници, или пак за друго нешто безначајно, најголема улога овде има мојата природа - многу сум трпелива и мојот став дека на луѓето не треба да им се замери за она што го кажуваат, бидејќи денес ретко кој размислува што ќе каже, дали ќе навреди/повреди некој и затоа не им давам значење, рамнодушна сум, со ова го избегнувам и карањето. А, тебе Ангелинке ти препорачувам да собереш храброст и да се извиниш, бидејќи тоа ќе биде еден вид докажување на твојата зрелост, дека си прифатила дека грешиш и ќе се извлечеш од непријатната ситуација во која сама си се довела.
Благодарам... И се извинив, беше тешко но полека дојдов до зборот Извини, ми прости и се си помина! Сега сме повторно во добри односи!
Во такви ситуации прво ќутам, се правам како да не слушам, пак продолжувам да ќутам после неочекувано, бум Незнам што зборувам, се дерам на цел и глас и сите ме гледаат вака И после мирно, напуштам терен
Јас сум многу избувлива. Од ништо нешто правам. Најчесто моите дома се жртви на вакви испади, бидејќи никој не знае да ме изнервира како нив. За ситници се нервирам, кога ќе ги видам тие турските серии ми иде да се размавам со што ми е при рака низ собата. Кога и да одам во дневната само тоа да се гледало. Не можам да се смирам дури не си пуштам фокс крајм или лајф, да видам нормални серии. А брат ми кога е дома, тој коментаторот на тие ол деј спорт канали ме вади од такт. Ете од ситници, ќе почнам да се расправам. А, кога сум изнервирана и мувата што се вртка околу мене може да ме принуди да направам сцена. И откако ќе изнакажам триста глупости ќе си заминам среќна во собата. Извинување може да добијат во некој друг живот. Со други луѓе повеќе се контролирам, всушност премногу го потиснувам тој бес, па моите ми се криви за се, бидејќи со нив не ми е незгодно да се расправам. Понекогаш и ми е жал и се каам ама не си ја проголтувам таа гордоста, не.
всушност јас сум многу трпелива личност да не речам смирена и многу ретко изразувам емоции, но кога некој ја изневерува мојата доверба тогаш никој не би сакал да сум му во близина гаѓам со се пред мене буквално полудувам и го враќам тоа трократно!!! а инаку ми се има случено и за мали ситници да се нервирам како на пример кога брзам некаде и некој ми оди пред нозе е тогаш без клоца у гз не проаѓа ситуацијата!
Многу пати ќе се случи да се изневирам и потоа тој што ме изнервирал да му кажам се што ми лежи,а потоа ако тој е виновен не се извинувам, а ако сум јас виновна јас се извинувам...
Јас лично сум многу смирена особа,но пред некое време оваа избувливост ја приметив кај дечко ми.Во глобала тој е многу позитивен,доста хумористичен,нема човек кој не го сака за друштво,па дури и пријателите на неговите блискаат од среќа кога ќе го видат затоа што е фин,културен,насмеан.Но тоа е така се додека не се изнервира за нешто и не му се спојат жичките.Тогаш е толку нервозен што е во состојба да убие некого.Баш така да убие.Последна случка беше деновиве кога врнеше влагавме во кола и тој како што ја отвараше вратата во тој момент, помина кола покрај него која возеше поприлично брзо и го испрска.Лицето му се вцрви од нервоза,почна да вика како да знаел кој е ќе го претепал,ги удираше рацете една од друга,ги стискаше забите од нервоза јас мислев дека ќе експлодира.Едвај се смири.Еднаш во нервоза,претходно се карал со некој удрил во врата и ја скршил.Кога е нервозен ич не размислува,почнувам да се плашам дека во такви афекти може да направи некоја беља со која ќе си го уништи животот но незнам како да му помогнам.Премногу е тврдоглав,мисли дека он знае најдобро и никако не можеш да му докажеш дека греши. Размислував дали да му предложам да посетува некои предавања за совладување на бесот/психијатар, што и да е затоа што глетката кога е нервозен не е нималку пријатна.
Уф до пред некое време и јас бев истата,се фаќав за секоја ситница ,баш од искра правев оган.Некогаш кога моите дома ќе ми кажеа нешто,пример некоја примедба веднаш избувнував или пак кога дечкото ќе ми кажеше нешто што не ми се допаѓа,доаѓаше до караница.Сега сум доста смирена за разлика од тогаш,самата разбрав дека тоа првенствено не е правилно и добро за мене,а потоа за останатите.Почнав да размислувам пред да направам и кажам нешто како ќе се чувствува другиот и така се помалку ги има тие нервози,а се надевам дека наскоро ќе исчезнат целосно.
Ми се случило за ситница да се налутам ужасно многу. Всушност, за мене ситниците и не се баш ситници. Човек навистина не знае кога и за што можам да се налутам. На пример, имав другарка во средно со која се дружев од самиот почеток и никогаш не сме се скарале за ништо се до 4 година кога на шала ме потурна а јас почнав да и викам иако и претходно тоа го правела па заедно сме се смееле. И откако и се изнавикав престанавме да зборуваме, заедно седевме во клупа цело време а тогаш таа се премести на друго место. Ми стана криво и се каев, за среќа се смиривме после една недела или две, јас прва и прозборев па и таа мене. На дечко ми му се лутам за ситни нешта, најчесто станувам љубоморна беспотребно и се расправам.
јас правам оган и каде што нема ни искра. Многу лоша особина. Во тепачка на училиште едно девојче се обиде да не смири тие што се тепавне во афект ја удрив и неа после незе ја обвинив за се. Сега таа не сака да слушни да ми прости што да направам
Ништo. Си и пoкaжaл декa си aлфa мaжјaк вo чoпoрoт и сегa се плaши oд тебе, пa те oдбегнувa. Биди гoрд и тепaј се кaкo неaндертaлец, тoa те прaви силен.