Не гледам зошто би ми било срам да пристапам на девојка? Ако добијам корпа во ред, ако ми успее уште подобро. Па, сум попил и корпи, па ете ме жив и здрав. Плус, сите машки треба да сфатат дека и жените се од месо и емоции, а таа гардероба не ја носат за да ги импресионираат другарките, туку машките.
На 15 години се заљубив прв пат, а тоа е сега во моментов. Не се сите исти, те разбрав што ми кажуваш, и јас несакам ама тоа е...
cim imas 15 pola prosteno ti e, so tek na vr ke naucis i ke nemas gajle, sigurno nema da ti bide ni prva ni posledna, so tek na vr ke baras i na strana
За тоа незнам, не се одкажувам лесно од работите што ги сакам а камо ли да ги менувам, несакам да менувам ништо, во случајов дури и облека, еден модел патики го купувам 3 пати.... Имам таков другар знам за што зборуваш. Но не викам не не си во право, во право си повеќе од мене, можеби ќе ми биде и последна, а и прва ми е, можеби ќе сменам и 10, во животот ништо не се знае... извинете што се изразувам неразбирливо, од Полска сум и сеуште учам македонски....
Тоа и сакав да кажам, не се знае, не сум бил во врска до сега и незнам како е, можеби ќе останам со една можеби ке станам ѓубре другар како што имам еден, секој ден со различна девојка го гледам....
@Vitaly ако ти е срам или страв од нејзиниот одговор подобро пиши и. Ако те сака и таа после лесно ќе биде во лице да и кажеш. Сепак 15 имаш како што разбрав па прифатлива мислам е таа опција. Ама ако собереш храброст за директно да и кажеш тогаш уште подобро. Ај баш чекаме да пишиш што ќе бидне. Стискаме палци. А за темава конкретно, мислам дека зрел маж нема проблем со пристапување на девојка, тоа е проблем на несигурни, срамежливи дечки.
Се припремам психички да одговорам искрено.Да не ставам одговор кој сите сакат да го чујат а не е вистински мое мислење туку одговор кој иако не им годи на другите е донекаде реален. Не сум срамежлив ама не се ставам и во групата на @Jovanotti што би се пуштал по секоја цена па макар изигравал и мајмун.Сепак се си има граници. Денешните девојки кои ме опкружуваат и ги среќавам во автобус,работа,маркет се дотерани и мирисат на пролет.Често гледаат напред и никако лево или десно.Најчесто мобилниот им е на уво,а не многу ретко им е во рака и нивната глава е наведната надоле.Кога би пробал да им прозборам се воздржани а гласот им е со тон како да си прозборел со принцезата од Велс (не ни знам дали постои таква ја треснав) Истите се и на интернет неретко се однесуваат дека се осамени и сакаат дружба а најчесто завршува дај слика да те видам за ако не ми се свигаш да те одебат.Никаде од оноа дека важна е дружбата и внатрешната убавина а не изгледот. Денешните девојки моментално се сингл а секогаш имаат некој за кој никој не знае.(страв од обврски) Темата е зашто мажите не се доближуваат а ја би рекол од страв да бидат повредени,одбиени,втора виолина,наречени со зборовите досаден,нападен,сељак затоа што пробал да се пушти а на неа не и е по критериуми. Има прекрасни девојки да не се разбереме лошо само што јас се надоврзував на прашањето од насловот на темата. Има и блеферки од типот да и го полниш само егото ама тие се друга приказна
Е јбг се загледувате во погрешни никој не ви е крив. Машала принцезиве од Велс како ги нарече ти појќе ги бива во лигавење и манипулирање со тоа нивното гласче. Ги мислите за мили, наивни ама тие што ти знаат. Мое мислење за некој да ми пријде или машко да пријде на девојка мора да има некаков знак, флерт, смешкање, некаков знак што ќе значи дека ми се допаѓа и дека ете можи би излегла на состанок со него. А најчесто машкиве ти приоѓаат поднапиени во диско, ти пишат на фб а низ град те гледа не те ни поздравува.Друго некогаш можи да излези дека си има тој некоја или појќе па само си флертува по страна, да си проба ако можи да те смува или легне ок ако не ќе си бара следна што ќе му дади.
Ma ne cekaj ti dodeka cekas nekoj drug ke ja fati. Ja taka na eden decko cekav cekav 2 meseci ama nz od edna strana toa mi deluvase kako da ne e zainteresiran i jas si pomisliv deka samo si tepa dosada so mene imav milion prasalnici vo mojata glava i ja prekinav komunikacija so nego zosto psihicki me izmoruvase seto toa. Celo vreme bese ok so mene mi vrtese sekoj den a od druga strana mlitavo mi bese nz do nekade i cudno. Taka da ne se plasi ona sto ke ti odgovori. Pa i da te odbie ima i drugi devojki. Tek vo zivotot ti ke odbivas i ke te odbivaaat sto ne e nisto strasno ne mozat site da ne sakaat. No, jas mislam deka kaj tebe nema da ima takvo nesto zosto cim vie zaedno go pominuvate vremeto znaci deka i nejze i e ubavo so tebe. Samo hrabro i vo slucaj da te odbie nemoj da ja navreduvas ili slicno pak prodolzi so drugarski odnos zosto mozebi taka so tek na vreme ke ja osvois koga poubavo ke te zapoznae. Pozz i srekjno
Фала за секој совет. Инаку да, цело слободно време сме заедно, и онака со другарите често не излегувам бидејќи си фатија девојки и Виталиј кој го шиша, пак се плашам што ќе ми одговори, ама сепак ке и кажам, морам да и кажам бидејќи ме убива мислата дека додека јас да и кажам ке и каже некој друг.. Утре сме на роденден кај една другарка, поканети сме, и пред да одиме кај неа се договоривме да излеземе да прошетаме и планирам да и кажам па што биде нека биде.. Очекујате да ви пишам што и да се случи...
Да му биди срам на едно машко има оправдана причина само во еден случај а тоа е исто како и во случајот на @Vitaly т.с. да му е прва љубов и да е неискусен а за овие другиве мислам дека не им е срам само не сакаат тоа е тоа...Оваа е мое мислење а за @Vitaly и јас мислам дека не би требало да чекаш оти ипак има и други,ќе ти ја земат.Со тек на времето срамот ќе помини верувај,можеби ќе ти биди срам неколку моменти но ќе вреди.Со среќа!
Страв од одбивање е дефинитивно најголемата причина, ова го кажувам од примери на другари па и од мој личен пример. Едноставно ние машките си имаме свое его и ако некоја не одбие тоа е пораз за нас. Е сега има и машки кои се оперирани од срам и се пуштаат на секоја што ќе им се допадне ама тоа мене ми е малку примитивно.
Јас мислам дека стравот од неуспех е гланавната причина поради кои мажите се плашат да и пријдат на девојка, ако од другата страна немаат јасни сигнали дека успехот е сигурен. Според мене стравот од потсмев на другарите ако добие корпа е главната причина зошто мажите не се осудуваат да пријдат на непозната девојка. На нас девојките ни е полесно, успехот ни е загарантиран, затоа што ретко кој маж би одбил женско додворување.
Пријател, играј со отворени карти. Жените предпочитаат искреност и директност. Колку повеќе чекаш толку повеќе ги губиш шансите. Немој да дојде ден да ни пишеш дека ти раскажувала како си поминала на дејт со некој друг. Ние жените доколку одлино комуницираме со некој маж ( притоа не сме нешто посебно заинтересирани), а од негова страна нема никакви сигнали ќе си го прифатиме за пријател и ... подоцна може да биде зезнато, но долколку ти самоуверено и искрено настапиш пред неа, пеперутки и да не и летале предходно, може твојот муабет ќе ги разлета па ќе си речеш.. "зошто волку чекав". Само храбро и искрено пријател, кармата секогаш е на наша страна