Ти благодарам за совет, да не бевте вие немаше кој да ме охрабри... Еве сега неспијам, мислам цело време, се договоривме да се видиме па добро ке испадне се надевам...Еве час по час се ближи 19 часот...
Дел од екипата ти е или настрана од се? Ме заинтересира твојов момент, чуствувам дека ќе ме оставиш без спиење
Тука се преселив минатата година, од Полска дојдов, и се запишав средно училиште и по 2 месеци ја запознав,со тие што се здружив и таа се дружеше, 5-6 души сме. Како се гледавме само леле хахаха, се здружив со неа и така цела година скоро, нејзини оценки расипа само моите да ги поправам, до 2 часот остануваше да ми прави презентации и графички вежби да ми црта... секогаш е до мене што и да ми треба, едноставо тоа ме натера да ја засакам...Незнам никогаш волку многу нешто да сум сакал, не мислам на ништо друго, немам желба ни да јадам ни спијам, незнам за друга мисла освен на неа. Пробав многу пати да и кажам дека ја сакам многу но не оди, неколку пати излеговме и си седиме, ќе ја гушнам и неможам да и кажам дека ја сакам или да ја бакнам.. Собирам сила собирам да и кажам, и ке ме гушне и толкуу, се во вода оди и се топам... Ама одлучив веќе, денес или никогаш, морам да и признаам колку ми значи.. Извини ако нешто не е напишано во ред уште учам македонски..
Пријателче ти најди момент за да ја бакнеш а потоа ќе се објаснуваш и и ќе и кажуваш колку ја сакаш и колку ти значи
Така и планирав, што биде нека биде, не можам вака повеќе.. Убаво викаше таткоми, што може жена да ти направи никој неможе.. и навистина е така. Некоја магија ли имате вака што правите или... Ми ги зема мислите и целиот разум, на ништо не мислам освен на неа..
Хммм... сите на планетава имаме своја аура која шири вибрации, некого тие вибрации го привлекуваат некого го оддалечуваат од нас, како и да е убаво е да се биде заљубен и да се трепери за некого, се надевам дека вечер ќе видиш колку е прекрасно кога личноста што ја сакаш трепери за тебе како и ти за неа. Со среќа пријателче
Ви благодарам уште еднаш на сите. да не бевте вие немаше кој да ми даде подршка посебно за вакво нешто. Ако не ми излезе срцето вечер да ви пишам што се случило очекувајте..
Лелее, Витали од преска те читам со насмевка на лицето, и си велам како јас не сум налетала на некое вакво момче во моите средношколски денови.. Да ја губи главата по мене. Можеби тебе ти изгледа сето ова многу страшно, но на слатка мака си, а и со оглед на напишаново не верувам девојчето да те одбие. Плус, не се сомневам дека до сега увидела каква прилика си. Браво бе момче! Ти посакувам среќа, и знам дека броиш ситно, но гледај наспиј се убаво, да не и одиш ко распаметен утре на девојчето.
Штом до тука е работата, вечер после роденденот испрати ја и без многу објаснување бакни ја. Девојчето ти дало многу знаци, имаш зелено светло, така да нема од што да се плашиш. Среќно и пиши како си поминал П.с- аххх колку сакам да се вратам на времето кога имав 15 години и на магијата на првиот бакнеж
Се брои еден два три после одлука за приоѓање, и потоа физичката несигурност се смирува телото се опушта и умот следи во смиреност и самодоверба. После три секунди се станува сигурен дека не си во смртна опасност од тоа чудно суштество нашминкано со три килограми шминка тесен корсет и сукна над газот . Колку повеќе нашминкана е толку пострашна е и повеќе сексуално пали .
Ти јa oсеќaш хемијaтa? Т.е девoјкaтa, дa не се сведе муaбетoт нa личнo Знaчи девoјкaтa мoже дa oсеќa и хемијa и флерт, aли мoждa е сaмo љубезнoст, културa, вoспитaние. Или мoждa си викa дa не избрзaм, пa дa зaебaм aкo oсеќa истo
Незнам од каде да почнам.. Се ми е измешано ее вака ми е Бидна работата, си седиме на скали така, јас со наведната глава, стискам раце и заби и си бројам секунди додека и пријдам и ја бакнам, ја фатив за рацете се свртев на кај неа и толку беше, се изгубив.. Необјасниво чувство, веројатно го знаете.. Си седевме гушнати така скоро еден час и кажав се што ми лежи на душа.. Чувствував како и чукаше срцето.. несакав тој момент никогаш да престане.. Моите 5 пати ми звонеа и никако да тргнам на кај дома... Ви благодарам уште еднаш за се, да не бевте вие немаше подршка кој да ми даде.... Сега сум посреќен од кога било...Немам зборови како да ви опишам како се чувствувам..
Браво бе пријател, те изнамислив цел ден Па кај си да пишеш до сега Стварно ми е мило што на каков и е да начин помонавме да бидеш со девојката која ја сакаш и да си вака среќен
Да да утре, така се договоривме.. Ми се тресат рацете неможам да пишувам леле.. хахах. Ке ме удреше кола за накај дома.. како дрогиран бев хахахаха. Тој ме пцуе од колата јас рака му кревам незнаев кај одам...
Ти благодарам кога се видов дома во огледало ајјј хахах целото лице црвено од кармин.. среќа што моите беа заспани, кој ќе им објаснуваше..
Еех едвај ми текна дека требаше да ви кажам хахахах, ви благодарам од се срце Навистина да не бевте вие немаше кој да ми помогне и охрабри..