Јас познавам неколку мажи кој изгледа им помина периодот кога имаа храброст.... Нели викаат,младост-лудост Баш ќе ги прашам
Еве јас како машко имам одбивност кај претерано стегната,нашминкана, која сите ја гледаат и си викам оваа мора да има многу додворувачи па кој сум јас да одам и да се срамам. И така ко мене сите машки... Треба женските да го прават првиот разговор и се ќе биде полесно со помали прељуби.
И јас сум сличен случај, ма да јас немам некоја одбивност ако она се однесува нормално а не како некоја недопирлива, ама исто си викам дека оваа мора да има многу додворувачи, па уште јас и фалам, а кој знае дали стварно ваквите имаат многу додворувачи или само ние си мислиме дека е така .
Повеќе додворувачи, повеќе проблеми за неа. Сепак машките би требало да идат први, ама некако у последно време со појавувањето на социјалните мрежи машките ја губат перцепцијата за вистинската девојка.Откога се видат во живо, може и задоволство да падне ама после тоа паѓа и самата врска.Соочувањето со реалноста ги плаши младиве кај нас, секоја чест за исклучоците.
Гoлемa грешкa!!! Еве јa ќе пoјдaм oд мене личнo. Сите тие штo ме гледaaт,сите тие штo ми лaјкaaт ниту еден oд нив не ми се пуштaл. Верoјaтнo и oни мислaт декa се филмaм и декa ке бидaт oдбиени.Нo не требa врз oснoвa нa изглед дa изведувaте зaклучoци. Јaс утехa oд сите незaдoвoлствa нaoѓaм вo oблекa и шминкa нo тoa не знaчи декa мoјoт кaрaктер е нулa и рaди тoa некoј дa не ми прaви муaбет. А мислaм декa секoму требa дa му се дaде шaнсa и дa се дoпре дo негoви индивидуaлни oсoбини.
Веројатно затоа што дел од нив се со слаб социјален живот, не се испраксани во пристапувањето и истото им представува потешкотија. Други пак, сметаат дека некоја девојка е прејака, дека не се доволно добри за неа и дека немаат шанси кај неа. Се срамат од тоа дека ќе бидат одбиени и исмејани па не се ни осмелуваат да се обидат.
Не ми се допага ваквото генерализрање каде се ставаат сите мажи во ист кош, но ако го исклучиме ова генералното и го формулираме како „Зошто голем дел мажи се плашат да пријдат на девојка“ би го рекол следното. За жал голем број мажи воопшто не знаат да се додворат на девојка, поима немаат како да го организираат тој прв чекор.... повеќето би сакале тоа некој друг да им го среди или да ја прашаат далисакаш да бидеш со мене отколку да се додворуваат заборавајки или незнаејќи дека на секоја жена-девојка баш тој чин на додворување им е премногу битен и како ќе го изведеш тоа такво и мислење ќе имаат за тебе, да не заборавиме, никој не може да знае какви сме ние длабоко во себе туку мислењето за нас го формираат врз основа на нашето однесување.. Точно е тоа дека мажите многу потешко приогаат на убави жени, иако секоја жена е убава на свој начин но да речеме некоја што со својот физички изглед отстапува од некојси просек, веднаш велат дека е таа дигната, препотентна, па неретко за убавите девојки се вели дека се ку*ви само заради машката фрустрација и стравот да им пријдат па на тој начин си се тешат себеси. Надворешната убавина нема многу заедничко со внатрешнат убавина а уште помалку со тоа каков памет носи таа. Бидејки работата ми е поврзана за контакт со луге многу често наидувам на особи кои се убави ама само кога молчат, а има и случаи кога девојката е под просек ама со муабетот толку ќе те воодушеви што физичкиот изглед тотално пага во втор план. Така да генерално денес младите се плашат да се додворуваат затоа што за жал полесно им иде виртуелното додворување отколку она вистинското, многу е полесно да пратиш виртуелен бакнеж од вистински ма да убавината на едниот и другиот е неспоредлив а од зборот те саам како да сме оперирани бидејки се смета како знак на слабост(лигавење) И девојките генерално се во иста ситуација само што од нив и не се очекува да приогаат на мажите туку се тие на кои треба да им пријдат па затоа се малку во подобра ситуација. Инаку генерално ако имаш смисла за хумор, ако имаш шарм, ако не си срамежлив, ако си бар просечно убав можеш да и пријдеш и да ја освоиш било која девојка без оглед на нејзиниот статус, образование... и без оглед на твојот статус и образование матрејална состојба.. Погрешно е мислењето дека девојките се палат на пари, тоа е само оправдување на оние кои не знаат т.е се плашат да им пријдат, жените сакаат маж кој ќе им посвети внимание, маж кој ќе знае да ги ислуша, маж кој ќе знае да ја цени жената пред се како личност, маж кој ќе знае да и додели комплимент, да и аже колку е таа убава во неговите очи, да има манири кога е во друштво а не да ја брука, да има солиден фонд на зборови не само едно те исто да вергла, да знае да го усклади она што го има за облека иако не е марка.... Значи работи кои не се купуваат со пари туку се учат или ги имате вродено како талент, работи за ои не се птребни пари. Погрешно е мислењето кога некои мажи велат да имам пари секоја би била со мене, да но кога имаш пари ќе ги навлечеш и оние спонзоруши и некои кои трчаат по пари па од губрето нема да можеш да го видиш квалитеното зрно односно девојка. Не знам, јас им се чудам на оние кои во денешно време не можат да си најдат девојка, кога можностите за запознавање се огромни за разлика од некогаш, просто треба да си глуп за да не можеш да си најдеш партнерка. Тоа пак колку денешниве мажи се некреативни кога е водењето љубов во прашање што немаат поима од женската анатомија и како таа функционира и што не знаат дека жените не функционираат како мажите туку повеќе сакаат нежност долга предгра, убав збор, сака да слушне колу нејзините очи изгледаат прекрасно во вашите очи.. .... отколку самиот да и се качите за 5 минути и да закрчите е друга теме и подетално ќе зборувам за тоа во некоја друга тема, засега мислам дека ва е доволно.
Мислам дека две глави се попаметни од една а и не мора да значи бидејќи не може секој да се носи со четири мозоци - ги стискаат главите и не ги разбираат работите; 3/4 мозоци ако се во аут настанува причина. Тестисите имаат мозок. Д-р Робин Бејкер од Школата за биолошки науки во Брајтонскиот универзитет во Манчестер спровел едно навистина забележително истражување кое покажува дека машкиот мозок е способен со точност до часови да почуствува по однесувањето на жената кога настапил нејзиниот стадиум на овулација. Тогаш неговото тело сосема прецизно пресметува и ослободува точно толкаво количество на сперма колку што е неопходно во секој даден момент за да има најголеми шанси да ја оплоди женската јајце клетка. На пример, ако една двојка има секој ден секс во времето на овулацијата на жената машкиот организам произведува 100 милионои сперматозоиди за еден однос. Ако мажот не ја видел жената три дена, неговиот организам ќе произведе 300 милиони сперматозоиди за еден однос, а ако не ја видел пет ден - 500 милиони сперматозоиди, дури и ако секој ден имал сексуален однос со друга жена. Врз основа на биолошките пресметувања извршени од неговиот мозок, организмот на мажот ќе ослободи доволно количество сперматозоиди за да ја оплоди јајце - клетката и да ја победи евентуалната туѓа сперма што може да и биде конкурент на неговата.
Мислам дека од правење „недостижни“ као у фазону ја сам најбоља... Али јебеш маж што не знае да ти пријде кој нема доволно самодоверба и храброст да направи прв чекор. п.с. Сељаците се последна група, тие имаат едноставно отсуство на срам... Тие би се пуштиле со најглупата фора на светот!
Немам потреба, си го најдов јас вистинскиот Тој прв ми пиша, јас му пишав вториот ден. Скоро 3 години сме заедно и неам навистина никаква потреба. Нека си ги бараат тие вистинските за себе, јас сигурно не сум таа. п.с. Не треба ни да ми приоѓаат, пошто едноставно нема да има никаков ефект.