Пошто ренде ги направи во предходниот пост. Ако ние пријдуваме, а тие не, имаме право да се лутиме, вака, што? Пишав и погоре, ама ни една не ми одговори. Сите очекуваат, мажот да пријде прв.
Поради тоа што сме несигурни или сме срамежливи. Лесно е да се каже доколку некоја девојка те одбие и не сака дури ниту да започне разговор ќе се помириш со тоа и ќе се обидеш кај наредна девојка. Ама не кај секого одбивањето исто влијае, тие кои се полни со самодоверба ќе заборават исто како да не било додека оние кои имаат разнишана самодоверба ќе си го постават прашањето :Да се обидам повторно ама што ќе случи доколку повторно ме одбие? Секое одбивање кај оние со разнишана самодоверба значи еден чекор назад.
Мажи приоѓаат на жени што се под нивно нивоу, а на некои што имаат пари кола не верувам или што се дрски..
А, знаеш колку мажи си играле курташак со девојки кои први пријдувале? Главна тема во друштво им е после... Нејсе, не се сите мажи исти. Ама, не значи дека ако некоја некому му се пушта дека може да ја врти околу малиот прст после. После врело млеко и на јогурт дуваш. Можеби затоа...
Мразам кога ми се пуштаат мажи кога јас сакам да им се пуштам тоа го правам со поглед а и така сакам од спротивниот пол мразам некој кога ќе ме части пијачка или некоја друга глупост да направе како да се покаже пред друштво.
Oдговорот е ниската самодоверба. Поготово уплав имаат од независни девојки, со каква таква кариера, со кеш,кола,став. Балканчињава се навикнати жената да зависи од нив и да се супериорни,тие да допринесуваат и со тоа да ја држат под контрола. @WildMk Додворувањето не треба да е само машка улога точно, но како што спомена членката, во ова затуцано општество сеуште постои тоа сфаќање дека машкото треба да го преземе првиот чекор, се бунат зошто и женските не пристапуваат први, а кога некоја ќе го стори тоа наидува на куп коментари од тип на мора да е лесна , си го бара, којзнае уште на колку се има пуштено и сл. Двојни аршини. * со исклучоци, да не рипнете да ме фатите за гуша да си кажам на време, ама поголемиот дел се вакви *
Ич не ми е гајле што ќе мисли. Ако ми се допаѓа, ќе му кажам, па нека се носи со тоа, како знае и умее
Не се знае ништо, може ќе се погодите на право место во право време Инаку израсната сум во машки свет, повеќе имам другари отколку другарки отсекогаш, и отприлика знам како им функционира мозочето затоа и го пишав тоа што пишав.
Исто и јас... и знам дека е така, ама не ме спречило до сега да пријдам некому. Додуша, јас немам срам. Бог кога делел, до 30ти број делел, јас сум била 31
Немам проблем и јас, ме надарила мајка природа со самоувереност и кога би наишла на одбивање не би допрело до мене или да направи да се чуствувам понижено и посрамено. Ама сите сме различни, на некоја може траума психолошка да и остане од таквото играње мајтап што следи отпосле и да се преиспитува себе.
Poradi sramezlivost, ne znaenje kako da vospostavi komunikacoja, niska samodoverba, ponekogas kompleksi od poniska vrednost i t.n.
Јас на пример немам уплав од независни девојки со кариера,кеш,кола,стан нити пак морам да сум супериорен,да придонесувам повеќе за да се себепотврдам и да ја држам под контрола со тоа.Едноставно ако во некоја сфера од животот не можам да придонесам колку жената ќе се посветам на работи кои нејзе би и биле важни тука да придонесам или ќе си ги поделиме обврските,на пример ако таа пегла,готви,јас ќе усисувам,ќе пазарувам и сл само ова ако веќе сте во посериозна врска,ептен забегав јас...Не сум зрел за женачка поради отсуството на животно искуство...И во никој случај не би имал мислење за девојката дека е лесна,дека си го бара,којзнае на колку им се има пуштено и сл туку напротив ми симнала голем товар и би ја благословувал цел живот за тоа што ми има олеснето..
Јас би рекол од резерва да не добијат корпа и бламирање ,бидеејки сум убаден дека кога девојки се во друштво одбиваат комуникација само да се покажат пред другарките дека се јаки риби п.с. знам дека понежниот пол нема да се согласи но лицно искуство за жал
токму на тоа мислев и јас во погоре изнесениот стаб ,која коинциденција маж и жена да делат исто мисленје по така комплексно и да неречеам егоистично прашање