Од руса боја на коса во црвена, кафена, црна

Дискусија во 'Коса' започната од mermaid8989, 30 октомври 2025 во 08:13.

  1. mermaid8989

    mermaid8989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво :) знам дека има тема за осветлување на коса од црна , но мислам дека нема ваква тема за затемнување на косата од плава фарбана или бланширана.

    Имам плава бланширана коса, како да ја затемнам дома со темно кафена фарба без да излезе кафена со зеленкаст отсјај?

    Би сакала да пишете мислења вие што сте ја затемнувале косата. Дали правите предпигментација?
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Директно ставаш темно кафена или црна и ја пушташ твојата природна боја да ти расте.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    109.528
    Пол:
    Женски
    Леле темава.. 8-|
    Јас неколку пати ја имам враќано, од плава во црна. Ќе ставев темна фарба и тоа беше, потоа ќе се фарбав неколку пати и ќе покриеше. Еднаш кога ставив тегет црна фарба, ми испадна малку зеленкаста и додека се покри сето тоа, требаше 4-5 пати да се фарбам.

    Искрено и јас се мислам за некоја промена, некоја чоколадна кафена, ми се здосади и мене плавата. Дали да пробам со некоја колор маска прво.. или нема да фати?
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Директно фарба.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ThrinaMist

    ThrinaMist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Јас ја носев некои две години можи плава и така од нигде никаде без да размислам ставив потемно кафеава и излезе баш така ко темна со зелен некој сјај ама мислев дека не се познава многу…на работа кога отидов сите беа прашалници во смисла “што и се случи на оваа па вака на зеленкасто отиде” :D:lol:
    После не знам како ама наредниот пат веќе кога се исфарвав некако заличи…
    Моја препорака кај некој стабилен фризер да отидеш па постепено да ја затемните
     
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    3.630
    Пол:
    Женски
    Се зависи од твојата пигментација на влакното, може одма со фарба.
     
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Фарба, многу е по лесно од плава до црна да се стигне.
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. -Iris-

    -Iris- Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    69
    Како ви фаќа фарба на бланшот?

    Јас ја имам фарбано од плава во светло кафеава и после неколку миења изгледаше ужасно, целата боја беше падната. Не сакам да знам што ќе беше ако се исфарбав црна :|
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    109.528
    Пол:
    Женски

    И јас од ова се плашам :D се мислам да отидам во една парфимерија да ми дадат професионална фарба, и да ми кажат за нијанса што како, која да ја ставам. Не знам дали да фарбам постепено потежно па потемно , или да ставам темна кафена оддеднаш. А за бојата знам дека ќе паѓа на почеток. :(
     
  10. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    1.259
    Најверојатно зависи од влакното на косата. Јас бев плава 2 години, после тоа ставив темно кафеава. Првиот пат имаше останато некои прамени што не фатија, ми дојде како шатирана, вториот пат кога ја исфарбав беше рамномерно кафеава.