Кога добивам бакнеж во вратчето. Кога шкрипи нешто. Кога некој предобро пее. Кога е ладно. Кога си ги турпијам ноктите. Кога ми дува ветер во врат. Кога гледам нешто језиво.. и то .
Турпирање нокти (се трпи, ајј!! ) Пајаци, мајаци, такви ствари Гребење по ѕид Гребење по лист од тетратка.. Кога ми е страв се ежам.. На некоја добра музика. А од овие гадните работи нај се нервирам кога ќе му речеш на некој дека се ежиш, и НАМЕРНО породолжува, ко да е нешто интересен..
Многу се ежам од масажа и некој ако ме фати назад на вратот...или кога нежно ќе ми поминува со раката по бутот или коленото....И викам на една другарка како ќе си се мазам со дечкото не ќе може да ме чепне !
Ко ќе си збрца некој во око да види да не му влегло нешто па го глочка. Готова сум сите влакна ми се креваат.
Од јасно изговорени мисли што немаат тежина. Значи буквално кога некој ќе каже нешто безвезално и глупаво што во никој случај не се совпаѓа во темата на дискусија се ежам од малото прсте на ногата до вратот
Најмногу се ежам кога некој ќе ме воодушеви со своите вокални способности,а исто така и од муабетите за духови.. После неможам да заспијам :/