Со нокти по ѕид или олук, со виљушка по нож, со нокти по креда, кога ми студи и тн. Спојлер Се ежам кога какам
Се ежам од секакви манијаци, лицемери, дволични, себични, сељаци. А, да, во контекст на темава се ежам од(можеби малку чудно,ама..) лушпата на праската кога ќе ми допре до заби.
Се ежам како повеќето од вас на гребење со нокти по ѕид, табла, железо, ламарина и сл. Се ежам исто и до гребење со нокти по тетртатка. Понекогаш многу ретко ама имам приметено неколку пати ми с еима случено да се наежам од звукот на правосмукалката И се ежам на потресни животни стории исто и на оние убавите посебно кога ми е многу драго за некој ако му се случува нешто посебно убаво. И кога некој убаво пее. И уште многу други ситници. Не за џабе ме викале еже како мала
Секаков вид шкрипење (вилушка и нож/лажица; со нокти по табла/ѕид), кога ме чешкаат по нога, рака, грб, сеедно каде мене тоа ме ежи ;се ежам кога некој пее навистина убаво, но исто така може некој да има глас и убаво да пее ама да не се наежам; морска пена, тоа во глобала.
ме ежи самиот збор ежење и Спојлер во моментов се наежив ме ежи гребење на морска пена,гребење со нокти по ѕид и слушањето на химната Спојлер не знам што ми е во моментот ама навистина се ежам
Ме ежи гребење со прибор за јадење,гребење на тањир,на табла со креда,со нокти на стакло... Ме ежи се што е кисело за јадење.. Ме ежи кога дечко ми ме грепка и одма ќе ми хухне на грбот одма под вратот. Ме ежи кога брат ми ( од инат зошто знае дека ме ежи ) ја гризе вилушката и онака тропа со забите по неа! Ме ежи кога јадам сладолед на стапче и кога ќе го лижнам и стапчето или ќе го допрам со заби! Ме ежи кога некој добро пее,кога ја слушам химната или кога и да слушнам песна од Тоше.
Се ежам од помислата да си ги допрам забите со пешкир,бањарка уф ептен,зошто еднаш несакајќи со бањарката се допрев така и сега кога и да помислам ме ежииии,исто и од превиткување на нокт нагоре
Верувале или не од ништо посебно не се ежам колку што се ежам од самата помисла дека треба рано да станам е баш од тоа се ежам !!
(НЕ)Се ежам џоа еж. Сакам да се ежам бе, јак филиг е. Кога пее некој убаво највеќе се ежам. И од ништо друго. Сум гребела и по табла, и по хартија, не се ежам бе пусто. А сакам!
Еее да и јас се ежам кога некој пее навистина убаво и исто така кога во близина ми зуи комарец или мува
Се ежам од плишан материјал и од памук (ја терам секогаш мајка ми да земе памук да го натопи цел со ацетон па да ги бришам ноктите). Од овие две работи сите влакна ми се креваат.
Гребење по табла или ѕид, бутање прст во пупак, чкрипење со заби, гребење на вилушка од чинија, кога ќе видам некоја бубачка (особено некоја грозна бубашваба) , чкрипење на креда на табла, се ежам на тажни песни и кога слушам некој како раскажува за некој мнооогу тажен настан, кога некој ПРЕУБАВО пее - знаете кога ќе го фати оној високион тон, како на пр. Кристина Агилера, кога ќе ми се превитка ноктот.. Пуу мајката, од многу нешта сум се ежела.
Гребење во: табла, ѕид, чинија, железо.. Чешање по холахопки, поготово со кратки нокти. Од ладно.. Кога ќе ми зуи некоја мува. Кога некој ме чеша. Или кога ќе земат тоа хатијата од бонбонче.. И дуваат во нејзе.
Се ежам кога слушам некој убаво да пее, кога слушам некоја тажна, трогателна приказна, кога ќе слушнам некој гаден турбофолк, кога на минус ќе видам некоја се разголила итн.