Кога некој ќе пее убаво , кога ми е ладно , кога се бањам првиот момент со водата кога ќе погали кога ќе видам зејтин дека некој пие ( порано ми викаа да пијам зејтин и орев за грлото ) , по табла кога некој со нокт ќе шкрипи и најубаво ми е кога некој по коса ќе ме гали е тогаш како кокошка сум
се ежам кога некој ќе ми ја допре чашката од коленото...ужас! највише мразам! аа сама да си ја допрам ништо страшно...
Го заборавив она "најважното". Нај нај нај нај многу ме ежи кога некој црта нешто (бои) со фломастер кој е исушен (нема боја).
Да дополнам уште нешто Вака чепкање во пупето ми е нешто најгадно и сестра ми за да ме наежи бута се и сешто во пупето и сабајле на кревет ко риба на суво мрдав Иначе и мене ме ежи кога ќе гризнам праска па затоа и ги избегнувам Некогаш се ежам и од песнине од 80-тите/70-тите со спотовите
Кога некој се дере или писка на цел глас,гребење по ѕид,кога лижам сладолет на стапче и коа ќе го лижнам стапчето,шкрапањето на креда страшно ме ежи,кога некој со кондурите одејќи ќе чкрапне по подот,лушпата од праската кога ќе ми допре до забите,кога некој чита весник и за да отвори друга страница го мазни тоа и ѕвукот трррр трррр ми иде да му го зимам весникот и преку пенџере да го фрлам Што бе сите ве ежи кога некој бута нешто во пупето,мене тоа ми е смешно,дури и самата да се допрам,се кинам од смеа
Oд добра песна, од нешто језиво што ќе слушнам(прича..), порано се ежев од .. као да кажам, коа еден нокт со друг го допираш и испушта мн глуп звук, на живци ми идеше тоа дур не пуштив ја нокти, па сеа ја коа го праам не ми смета
Од гребење по sид, и од гребење со креда по табла многу се ежев во школо... ауу несакам ни да помислам на тоа. Исто така се ежам од кинење на хартија и шкрипење со заби, нешто најужасно.
Мене ме ежи : - шкрипење со заби - шкрипење со вилушка и нож по чинија - шкрипење со креда по табла - лижење на стапчето од сладоледот - кога слушам некоја убава тажна песна или пак некоја песна која ми буди спомени - кога некој ме чешка
Ауу мене се ова ми е смешно само ме ежи коа некој шо не го познавам ќе ме распрашува која ми е мајка кој ми е татко итн... И се' се наежувам дека ќе кажам нешто шо не треба или па ако не одговорам ќе испаднам некултурна.. а и гребење по табла со големи нокти.. (затоа ги изгрицкав моите.. ) а гребење по чинија со вилушка и нож ми е интересно секогаш го правам тоа да ги изритирам моите.. ))
Се ежам од - кога со вилушка ќе шкрипнее по тањир - кога од некоја книга весник или тетратка некој ќе ги протрие двете страни една од друга не само што се ежам туку и почнува нервоза да не фаќа мислам ќе утепам некого - креда по табла
Читајќи ве, се наежив Па од кај да почнам?! Шкрипење со креда по табла не дај Боже со нокти. Шуќур што не морам веќе тоа да го поднесувам Туткање на свила или сатен, не поднесувам вакви материјали, па уште ако се закачам со ноктот, ауф! Е не можам, готово само помислувајќи на тоа се ежам. Гребење по чинија со нож или виљушка. Пред некој ден морав да ја предупредам колешката да ја сече понежно пицата, ако не сака да и ја фрлам чинијата Многу лош поглед и упатив, кутрата. Кога само ќе ме допре, со рацете, со усните со што и да е на делот помеѓу вратот и рамото. Крај! И кога гледам потечени вени. Моиве исто ми е тешко да ги гледам кога потекуваат после долго одење, ама и кај други луѓе кога ги гледам се наежувам. Исто кога гледам филмови каде им вадат крв од вена или слични наркомански сцени, ја вртам главата на страна....во Requiem for a Dream ви текнува? Раката кога му беше избоцкана? Уф уф, се што е во врска со вена ме ежи. Затоа сум сигурна дека не би можела да бидам медицинска сестра. Кога било жустро сум стиснала заби и сум спасувала живот, ама ако не е сериозна работата, вени поарно не ми покажувајте
Кога некој со нокти гребе по хартија, или со тупи ножици се обидуваа да ја пресече... Гребење по табла и толку... Се ежам и кога некој ме гали по грб, или ме бакнува по врат и по стомак, али убаво ми е тоа, не е ко другово да ме живцира...
Се ежам коа некој ми гриза уво Коа ми диши у врат Гребење по ѕид и табла, пешкир во уста кога ќе се допрам со ладниве ми раце... Тоа би било тоа
кога некој ме лаже а јас ја знам вистината .... Лицимерни луѓе,пред тебе се како богови и божици а зад грб се и свашта ти зборува еве пак се наежив