Од гребење со нокти по табла! Ии гребење со нокти по покрут материјал (пр. тексас) аууу ова како ме жифцира... Потоа она нормалното, од студ, од бакнежи на нежни делови, некој моментален настан кој ти претставува задоволство. И понекогаш од НИШТО така ќе ми дојде
Се ежам кога пипкам памук или нешто плишано, кога некој со виљушката шкрипе по тањирот и кога некој со гредата на табла шкрипе ...ааа се наежив и сеа
Од памук Не можам да поднесам онаков пуфкаст памук! Од оние пак пресованите памукчиња за отстранување на шминка и слично, не ми е ништо.
Секогаш се ежам кога ќе видам грд човек, не дека сум јас нешто посебно некоја лепотица, ама ете кога ќе видам грд човек се наежувам незнам зашто
Се ежам од мрсна коса. Што од сопствената кога е таква, што од туѓи косишта. Имам некоја грозна навика да загледувам фризури и ниво на среденост на косите во автобус додека се возам, и поголемиот дел од времето сум ваква. Затоа сега си го решиов проблемот со зјапање низ прозорец во текот на возењето, не можам да издржам да ја издржам глетката, ме ежи. А да, заборавив , се ежам и од првут, ама од оној најкрупниот можен вид, кој паѓа на раменици, на предниот дел од капутот, блузата, а сопственикот не се ни мачи да го истресе.
се ежам некој кога ќе ми дувне во ушето уф од самата помисла се ежам.исто така од крв и гребење со нокти по гаражи
Хммм .. од многу работи. Се ежам кога ќе ме бакне некој на врат .. или кога ми дише на тоа место. Ако го прави тоа пример на левата страна, ми се ежи само левата страна од телово. Потоа, од крцкање на прсти, пршлени на грбот и зглобови. Од шкрипење со нокти по табла, лим и ѕид. Исто така, кога ќе слушнам некој многу добар вокал во песна, без разлика дали е машки или женски. Кога ќе седнам на камен ладната шоља. И за крај, се ежам пред да ми се насолзат очите, незнам зошто.
Паа.. Од гребење по ѕид, од гребење со вилушката во чинија, од чкрипење, од чкртање со истапен фломастер (да, има и таков ), од многу ладна вода, од раскажување страшни ствари итн.