Девојки не видов ваква тема . Пишувајте искуства со олаплекс третманот, дали сте задоволни и како се движат цените по фризерскиве салони .
Околу 3000-5000 денари, но тоа мора да го направи некој врвен фризер кој одлично се разбира без притоа да не ти ја оштети косата. Немој да одиш кај самоуки. Распрашај се убаво, информирај се бидејќи е доста скапичко.
Јас имав скроз црна коса и сакав да ја осветлам со оваа чудо,ем бев кај топ фризер.. Од мојата коса не остана ништо!МЕТЛА!Ја скратив скроз ,сега ми е под ушите,а имав ептен долга коса.. Не ти препорачувам,ем е прескапо ,ем не помага
@buba4e89 , @Dragana96 како тоа од олаплекс се оштетува коса?Или мислевте од несоодветна примена на истиот па да нема ефект и да изгори косата од хидроген?
Не ги пробав уште. Пратив се по маж ми дома, а јас уште сум во Македонија. За 5 дена се враќам назад и ќе почнам да ги користам, па ќе информирам какви се.
Дали Revox - plex е некаква копија на Олаплекс? Дупло е поевтино и не знам дали да го пробам. Исто 7 seconds дали некој користел? Од овие две што е подобро за нијансирана коса која е уништена од бланшот?
Веќе подолго време го користам во домашни услови Олаплекс 3ката, а сега го земав и маслото за коса. Скапо е, ама вреди за сите пари.
Кажете ми, како функционира ова? Кога прашував последно за да вадам прамени пак, ми рече фризерката да направам Олаплекс за да не ми стане ко гума. Како се праи ова дома? со ова се вадат прамените или како? ако веќе вадам прамени, на фризер ќе идам, не се зафркавам по дома, ама ова за шо служи ме занима
Ако ти стават бланш на веќе бланшираното секако ќе ти стане како гума или директ ќе ти се искине, без разлика на олаплекс. Олапекс има повеќе врсти, некои од нив се за салонска некои за домашна употреба, за rebonding и 'опоравање' на оштетена коса. НО оштетена коса ја спасуваат ножици само. Се друго е маскирање, ако е преоштетена ни маскирање не е возможно
Како ти порасна толку косата? Преубава ти е. Инаку бчанш врз бланш немојте, еве јас сега ќе се шатирам само до подникнаното, врз бланшот не ставам пак бланш.
Нене, таму кај шо се веќе плави, рекоа нема да ги чепкаат, него тие шо ми се кафеави.Дека јас пред година дена ја правев, и веќе паѓа бојата.А многу е бендисав таква, ептен ми стои еве каква ми е сега на почетокот кога ја направив, значи коса паѓаше, првут, абе ужас а ако не ја испеглав, ко сено беше а и претходно имам вадено прамени ама минимално и не беше од корен еве каква ми е, дајте совет што да правам еве ја непеглана а и да видите отприлика шо е останато, еве ја пеглана овде не се гледаат толку или ја сум ќора а еве каква ми беше неколку дена од кога ја напраив
Ко се шатирав на фризер користеше Олаплекс со бланшот, и ми беше ко свила после тоа со месеци. Од каде го купувате тој за домашна употреба и која цена е? Еве ја одма после шатирање, да можев да седам по 5 саати немаше да престанам никогаш вака да ја правам.