Никогаш не ми била косата таква. Ако имаш можност да си направиш, за бланширана коса е одличен третман.
Јас многу сакам.. ама мајка ми ме замара како ќе сум ја спржела, па ќе ми била оштетена, ќе морало цело време да ја пеглам.Шо не дека не е вистина бар за пеглањето, мене апла кога ми беа прамените, ако не ја испеглав лижев мизерно.. мислиш 2 прста во штекер сум штракнала а што пари е вака?
@Feminka22 ова е пред 2 години, вкупно околу 2000 ми земаше за таа должина за цела коса, подолга не ми била никогаш. За корекција помалку, само горниот дел ко ќе го правев заедно со третманот. Е сега не сум од Скопје, а и веројатно е поскапено се, па сигурно поскапо ќе е Олаплекс заедно со шатирање. А за пеглање ја пеглав и јас, ама имав земено од кај фризерот и за заштита од топлина спреј, плус силвер шампон за да не пожолтува и не се оштетуваше. Скапо и мачно е одржувањето на бланширана коса, па сега ја исфарбав скоро како мојата и ја пуштам, ама потаму ќе ја направам пак исто.
и мене другарките ми викаа силвер да земам, јас не зимав, ама за некоја среќа не ми пожолте, бела ми беше па баш плава, а и јас си користам за заштита, на Балеа едно спрејче, супер си е. јас за прамените 1800 дадов.. ти супер си прошла искрено ја па врска си немам цени како одат, затоа прашувам, да не ме соголе за џабе.Ќе идам кај некој асален ако се убедиме дома, не сакам како жуто пиленце да сум, само со усул да е.Другарка даде 3000 така нешто? со олаплекс, шишање, се` комплет.Океј цена ми е, ама ептен бела беше..
Мене од темно кафеава ми ја прават плава скроз, еве која боја ја добивам и воопшто не ми е оштетена. Ме бланшираат со 3 % бланш. @wannaBeMomma топ ти е. Претпоставив, ама пак воопшто не се познава.
Немам користено Олаплекс во домашни услови , а фризеркава моја не знам што става. Тука во Грција може да се најдат по поевтина цена производиве , ама не сум била нешто заинтересирана да пробам. Особено читам дека не се нешто задоволни особено од шампонот па може затоа. Туку што стана со 3ката што збореа дека некоја состојка можела да предизвика стерилитет? И дека ќе го повлекуваа од продажба производов се збореше. Вистина е?
Се става како прв чекор на коса исушена со пешкир . Најмалку 10 минути ( јас најчесто 30 мин ) колку повеќе време држиш толку поубаво, но се додека косата е влажна . После тоа миеш коса стандардно со шампон и регенератор/ маска што и да ставаш. Третманот се користи еднаш неделно, но доколку косата е мн оштетена може и два пати. За уште поголемо дејство на бр3 може да се комбинира со бр 0 кој делува како прајмер и бустер на бр3. Ефектот на оваа комбинација е мн подобар. ( али ок е и без бр 0 )
Да јас дека ја користам 3ката истражував за таа информација, истражувањето беше за внесена таа компонента кај експериментални глувци, во olaplex беше во многу мала незначајна доза и не би требало да има воопшто некоја штета, комонентата ја имало и во шампони, средства за чистење, сега е повлечена од olaplex и е заменета ао друга.
Извини што те прашувам вака, ова си ти или сликата е превземена? Не за друго, многу ми фати око шишаното, а неможам да си најдам саглам фризер во Скопје
Здраво девојки, дали може да ми препорачате некој добар фризерски салон во Скопје каде што работат со Olaplex?
Не е многу активна темава ама може ќе се најде некој со искуство да ми помогне. Имам бланширано и изгорено коса и сега ја кратам регуларно. Но сакам да земам и некој поквалитетен шампон и масло. Имам маска од керастаз (и сум задоволна). Е сега се мислам да земам нешто од Олаплекс (шампонот или маслото ама е малечко пакувањето). Или да зеам да купам од Керастаз нешто??
Јас ги имам маслото, терапијата бр 3и 6ката што се меша заедно со маслото, задоволна сум од производите , и јас имам бланширана коса но што и да ставаме бланшираната е "мртва" коса и ништо не ја оправа па само ножици се спасот. Производиве ја одржуваа колку толку кога се бланширав да не биде покатастрофа косата. Сега веќе не се бланширам , продолжувам со фарбање со плава фарба , терапијата 3ката ми е при крај и не знам дали пак ќе ја купам, маслото ми е до пола ама ги купив уште пред скоро година и трае доста време маслото , така да се исплати да се купи. Сега го купив и elixir ultime на Kerastase и тоа да го пробам За маска од Олаплекс не сум пробала , се Керастас имам користено до сега
Фала ти. Ќе купам нешто, па ако ќе се снајдам за мешањето на 3ката и 6ката, колку да издржи косава уште некој месец да не ја пишам пикси одма
6ката се меша со маслото 3ката се користи на мокра коса откако ќе ја измиеш еднаш со,шампон Ако пробаш нешто ќе кажеш тоа е со бланширањето повеќе од пикси не можам да ја израснам. Со фарбањето сега ќе е подруго