Здраво, се шатирав пред еден месец но косата ми е многу сува и оштетена и со маска едвај се чешла, дали третманот со олаплекс 3 може да се користи иако дојам ? Дали некој може да ми каже дали е безбеден
Јас миеш косата со шампон еднаш, завиткај ја во пешкир нека постои 10тина минути во пешкирот да не ти биде толку мокра колку да се исцеди водата. Нанесуваш од Олаплексот и чекаш 20 минути да делува. Потоа го измиваш од косата и нанесуваш пак шампон.
Се мислам да пробам Олаплекс третман или евентуално к18, ама бидејќи се посоленки цените не би можела да си дозволам повеќе од два производи па да ве прашам што е најисплатливо односно најефикасно? Гледам има еден куп производи
Зависи каков резултат очекуваш, зависи од твојата коса. На пример јас со плава фарбана (суви врвови ) одличен ми е Олаплекс 3ката
Шатирана плава, долга коса. Сува ми е и после последново шатирање приметувам дека ми е доста поизгорена. Не е нешто којзнае колку лоша и оштетена ама е далеку од сјајна. Ќе го ѕирнам ова што ми го пиша, фала.
Olaplex има во hairshop на ул.Македонија и на нивната страна, мислам и во Космо Тинекс го има. Едно време и во ДМ носеа , само провери не сум сигурна дали се уште го има. Не е само за плава коса, за сите бои е наменет.