Потребни ви се околу еден два литра пиво и лимон. Во пивото исцедете лимонов сок и со добиената течност полијте ги врвовите од косата, односно делот кој сакате да го осветлите и потоа оставете ја да се исуши додека се сончате. Извор Спојлер http://vistina.mk/2014/07/03/sovet-za-na-plazha-so-pomosh-na-pivo-do-ombre-frizura/ Што мислите вие за ова?
Јас ја имам направено еднаш нешто како омбре колку за проба само со лимон. Така да мислам дека и вака може да се осветли,најверојатно и пивото помага во осветлувањето
Најискрено малку ми стоеше.Ама ја измив негде вториот ден зашто не сакав омбре,секоја втора со омбре е,иако и после ми беше малце посветла на врвовите отколку предходно што ми беше..Иначе читав дека одма со првото миење пак се враќала бојата како што била..Мене доста време ми беше посветла,и уште ми е еден прамен посветол што целиот го намачкав со сокот за да видам дали може баш цело да ми се осветли Така да може подолго ќе ми траеше да не ја измиев уште вториот ден,само многу е лошо што ја суши косата само лимон Ко метла ми беше на врвовите
После бањање кога ти е мокра косата,мешаш пиво и лимон и ставаш на врвовите на косата (па дури и цела коса можеш да ја осветлиш,ама секако со повеќе лимон и пиво) и после стоиш на сонце така треба да ти се исуши,и толку Иначе не паѓа одма после првото миење,ја многу брзо ја измив зашто цела ми се направи лом само лимон пошто ставив
Не ви се лепи косата од лимонот? Ова за мене се само бабини деветини Дај ако не без да се мачите земете две литри радлер пиво и терајте со еден удар две муви тепате,два во еден ви е.
Не ми успеа со лимон и пивоо,само што косата ми смрдеше ненормално грдо Само со лимон ми успеа.Иначе да се лепи косата од лимонот,ама тоа е...Тетка ми со лимон коа ја осветлуваше после ја миеше пак и уште и остануваше така посветло,ќе пробам пак деновиве и да ја измијам после лимонот,ама пак некако ми е збунувачки Сеа лимонот нели си содржи киселина што може да се осветли со него,и не би требало од едно миење да се извади бојата А па како тогаш првиот пат кога ја правев од како ја измив вториот ден мислам дека иста ми беше како што ми беше пред со лимон да ја направам. Незнам ни самата
Прв пат слушам за омбре со пиво. За лимонот знам дека ја осветлува косата,ама за пиво? Лимонот на коса,пивото во чаша
јас ја растам мојава коса со пиво во 2 недели 1 ја мијам ...има резултати... а за осветлување со лимон сум чула ..и не на секој давало резултати..
За осветлување со лимон не успева само кај оние што имаат црна природна коса, а кај сите останати успева
абее ајде?! а со вино црвено пробајте, измијте ја одма фаќа! (тоа за сите више шо сакате жар-црвена боја на коса)
лимуонот многу ја оштетува косата + на врвовите jaс многу сакав омбре и купив блонд фарба , ама знаев дека нема да ми делува , имам темно кафеава коса и ставив на краовите 2 пати и ми ги осветли , после со тек на време повеќе и повеќе светли ми се .. ова со лимун сакав да го пробам , ама сите викаат дека е многу штетно ..
Пивцето е да си го испиете откога ќе го направите тоа си лимонот,за да ве утеши ако си ја кикснете косата