^ Мене па EOS лабелава ми се премногу преценети. Гледам влогеркиве сите ги имаат во колекциите и као демек ги користат па си купив додека бев во Странција за да ги пробам. Меех, искрено ништо посебно Не викам дека се лоши ама дефинитивно не вредат за 5 евра. Имаат пријатен мирис ама ниту хидрираат ниту траат. Нивеа за овие се измислени, а чинат двојно помалку.
White Glo - Coffe and tea drinkers formula За ефектот на белеење нема да зборувам, одамна престанав да барам во пастите таков спас, меѓутоа е една од ретките пасти кои сум ги користела години наназад кои оставаат супер свеж здив кој трае доста долго. Essence Eyebrow pencil - 04 Blonde Супер производ за малку пари. Имам прилично светли веѓи, овој молив совршено одговара да ги подзатемни малку и да надополни тука-таму некоја несовршеност а притоа да изгледа и природно затоа што не сакам драматичен изглед на лицето. Мек е, лесно се блендира и долготраен е. Corrine de Farme мицеларна вода Супер си ја врши работата, има некоја свежа нота во мирисот, одлично вади шминка и го чисти лицето плус добивам чувство на убава хидратација на кожата после нејзиното користење. Во амбалажите со пумпица сум заљубена. Eveline Argan and Goat milk крема за лице против почетни брчки Од козметиката на оваа фирма сум доста задоволна како од цената така и од квалитетот согласно на истата, па затоа се решив и за дневна крема од неа. Имам комбинирана кожа, супер ми легна на лицето а исто ја користам и за под пудра така да и за таа намена ми е исто ок. Нуди и заштита од сонце исто така, а и доста пријатно мириса. Не дава мат финиш, меѓутоа не ми ја ни светнува кожата туку баш одлични впива за кратко време. Golden rose matte lipstick crayon br.11 Нешто многу убаво што им се случило на моите усни. Трајно, хидратантно, едноставно преубаво моливче кое секако ќе го набавам во повеќе нијанси. Многу пријатно изненадување за мене во секој случај!
Го напишав постот и поштено се за*бав пред да кликнам „испрати“, среќа што остана цело инаку се сомневам дека ќе го куцав пак. Hекои од работите се купени и од поодамна, но без сомнеж ми останаа фаворити и во текот на месец октомври. 1. Гел за миење лице од Авон со ѓумбир и алое ми е стандард производ за лице кој го користам со години. Се почувствував презаситено од разноразните мириси на Балеа, Нивеа и Неутрогена, па решив да се вратам на добриот стар гел на Авон. Прекрасен ми е, за комбинирана кожа е баш измислен - ниту ми ги пресушува сувите зони, ниту пак е премек со масните делови. Мислам дека го купив на некоја акција од 99 денари, не се сеќавам ама доста често може да се најде по ниска цена. 2. Пилинг за тело со какао, повторно Авон. Мене повеќе ми мириса на бисквит отколку на какао. Има мирис на колачињата со полнење на Улкер, сигурна сум дека сте ги пробале некогаш. Не ми смета, многу ми се допаѓа зашто периодов сум баш во некој какао-фазон, па гелот за туширање, кремата за раце и лосионот за тело ми се чоколадни - опсесијата „сè да ми биде со ист мирис“ at its finest. Со микрогранули е, ме потсеќа на маслените пилинзи зашто баш лизга по раце и кожа и ефектот кој го добивам потоа ми е навистина прекрасен - мека и миризлива кожа цел ден. 3. За кремата Нутра Ефектс зборував и порано, па нема да се повторувам и ќе ја прескокнам. 4. Бронзени перли на Авон - се зафркнав што ја купив најтемната нијанса, но само заради тоа што немав поим колку всушност се пигментирани. Доволно е буквално едно допирање на четката со перлите и нанесувам, во спротивно, изгледам многу смешно. Не се во неутрал-кафеава нијанса, но по многу експерименти со сенките на NYX и Essence, дојдов до заклучок дека таквите тонови не му ласкаат на мојот тен и овие другиве со благ портокалов подтон ми даваат повеќе живост. Супер ми се. (259 мкд) 5. Нема да зборувам многу ниту за руменилото deep wine на Аура, само ќе речам дека важи истото како и за перлите - премногу tricky и пигментирано, внимавајте како нанесувате. (205 мкд) 6. Мојата најомилена маска за лице на сите времиња! Ја користам од самото отварање на ДМ маркет кај нас и двете пакувања ми траат многу долго, со оглед на тоа што маската ја нанесувам единствено на Т-зоната. Ми го регулира лачењето на себумот до некаде, а најголем впечаток ми остави ефикасноста во однос на чистењето на оние досадни површински црнки. Барем не си роварам по лице. (59 мкд) 7. Лабело - класика. Обожавам мирис на маслинка (лимоновата нота е секогаш добредојдена) и кога се заситувам на класичните мириси на Нивеа, Росал и Балеа и со купувам ова како за промена. Најомилено ми е после класичното Нивеа. 8. Конечно дојде на ред и маскарата на Авон која ми ја фалевте! Ми се допаѓа и најголем впечаток ми остави волуменозноста која ја дава, башка што не се рони без разлика пред колку време сум ја нанела и трепките ми го доведе баш до веѓите со еден единствен слој, но морам да признаам дека првото нанесување беше разочарувачко - ми ги исполепи сите трепки и одвај им го најдов крајот. Сепак, со тек на време стана далеку подобра, иако имам чувство дека бргу ќе се исуши и ќе стане неупотреблива. Останува да видиме. 9. Сјајот од Есенс (fabulous fuchsia) немав намера да го купам, но „наседнав“ на привлечната нијанса. Уште ваква ми фалеше за официјално да имам секаква можна нијанса, од беж до најтемна лила. Ми се допаѓа високата пигментација и тоа што не лепи доколку нанесам онака фул, меѓутоа ретко го нанесувам така; ставам сосема малку и натапкувам со прсти, па добивам мат карминче со фина пигментација кое е сосема носиво и во текот на денот. Многу добро би им стоел на русокоси со блед тен - мене инстантно ми го освежува тенот и не изгледам бледо. (~130 мкд) 10. И за фиксаторот нема да зборувам нешто многу, зашто веќе и го пофалив во темата за пудри. Одлично се покажа и со ЦЦ кремата на Биотен, барем мене ми се допадна. (129 мкд) 11. Четките на Есенс ми се омилени последниве два месеци. Не се согласувам со коментарите дека важат за евтини и неквалитетни четки ( не се MAC или RT, многу јасно), мене никогаш до сега не ми потфрлила нивна четка, а имам некои кои верувајте ги користам и повеќе од 5 години и се во топ форма. Кај овие единствено ми одат на нерви белите врвови кои многу брзо и лесно се валкаат, па ги мијам почесто, но секогаш преживуваат без последици - на толку миења до сега, влакно им нема паднато. Меки се и фини и многу лесно се блендаат производите. (219 и 209 мкд) 12. Со моливот за веѓи на Есенс конечно ја заокружив мојата потрага по идеален молив за веѓи во склад со мојата нијанса. Мек е и убаво се бленда со помош на четкичето на капачето, меѓутоа мекиот гравит ме нервира поради тоа што многу брзо по оштрењето го губи прецизниот врв. Но, тоа е најмал „проблем“ во однос на крајниот ефект кој го добивам. (немампоимколку мкд ) 13. Моливчето на Малена (203) го пофалив и претходно и уште си стојам на тврдењето дека овој молив за мене е пролетна, лајт верзија на satin mauve - Essence. Повеќе влече на корално, но не е типична летна, топла и корална боја, туку баш она нежно и фино, малку посветло од mauve нијансата на Алверде и Есенс. Многу фино изгледа со сјајот за усни на Аура (50, но најчесто го нанесувам самостојно. Мек е, одлично пигментиран и фин, но никогаш не сум нанесувала кармин, молив, па и сјај на усните без претходно нанесено лабело. Најважно од сè - ме поштедува од Барби изгледот кој се трудам да го избегнам веќе години нананзад. 14. Кремата за раце мене ми е неизбежен придружник во текот на целата година, а оваа на Авон ми е прекрасна заради што друго, ако не мирисот на какао. Нема да го спорам ниту ефектот на мазна свиленкава кожа и безмасната структура - мразам креми по чие нанесување рацете ги чувствувам како брзнати во масло. Фина крема по фина цена, ќе си ја купувам уште многу пати! (89 мкд) П.С. Постот не е спонзориран од Авон или Есенс - сосема случајно испадна навала на нивни продукти во мојот несесер изминатиов период.
Korres face mask - Natural clay - Овие маски за лице долго време сакав да ги пробам , а незнаев која да ја изберам (така е кога опаковката привлекува внимание ) па решив таа што е наменета за мрсни лица со природна глина. Има некој неутрален мирис , сива е и од кога ќе се нанесе на лицето се суши и го затегнува. Пишува дека треба да се држи на лице 10 минути но јас некогаш ако не ме мрзи ја држам 20. По употребата кожата е прекрасна , мека.. Ги има по аптеките во Гр , - цена околу 2,80 евра , 18 мл
-Лакчињата ми се совршени. Одличен избор на нијанси, доволен е и еден слој лак за интензивна боја. Најголема предност им е тоа што брзо се сушат и немам проблем да се замачкам или да ми се уништат после пола час. Ми траеле и по 4 дена без да се излупат. -За дебеливе моливчиња само пофални зборови. Преубави се сите нијанси, морам со уште да се снабдам ги земав бр. 3 и бр. 7. Лесни за нанесување, долготрајни со мека структура. Супер замена за класичните кармини.
Еве ги моите омилени производи за овој период 1. Чисто органско масло од роза москета кое според мене е најдобриот анти ејџ природен производ што воопшто постои. Обично го набавувам од Италија затоа што кај нас за жал го нема, ама нема подобро масло за нега на кожата на лицето, особено за оние кои имаат сува, чувствителна кожа. Доколку патувате надвор од Мк, обавезно земете го. 2. Тонирана крема за лице на Гамард, комплетно се заљубив во овој производ. Два во едно е и крема и пудра, значи негува и прикрива. Ми се допаѓа затоа што не се познава на лицето како класична пудра, а сепак ги прикрива недостатоците и она што најмногу ми се допаѓа е што дава убава здрава боја на кожата, го изедначува тенот. Ја има во Мк во еурофарм. 3. Сенките за очи на алверде од есенската колекција, боите се фантастични, доста траат, убаво се нанесуваат и размачкуваат и ги обожавам овие земјени бои од кои две се светкави, една мат и една крем (онаа белата). Може да направите комплетен лоок само со една палета сенки. 4. Масло за коса од макадамија (органско), ова моево го земав исто така од Италија затоа што неверојатно ја прави косата мека и сјајна, но има и кај нас во биокулт масло од макадамија (иако е тостирано). Го нанесувам најчесто како третман пред шампонирање и немате појма каква разлика на косата пред и потоа. Спас е за сува коса и на некој начин го спречува испукувањето на врвовите на косата.
@glittergirl јас ги нарачувам онлајн, а ти можеш да ги набавиш истите во Скопје каде што те упати @koritsaki .
Дали беше поскапо на онлајн и на која страница затоа што сеа баш не сум во можност да одам до Скопје.
Се и се спремам на оваа тема и на крај ја одминувам пошто осеќам дека ќе биде долг пост Не сум пишувала овде колку што ме држи сеќавањето, па ќе си почнам јас со all time favourites ко за почеток 1.Estee Lauder Maximum Cover Немам поголеми проблеми со лицето освен проширени пори што се резултат на мојата комбинирана кожа, масна на Т зоната, можам да поминам и со нешто по лајт за изедначување на тенот, ама преферирам порцеланско чисто лице.Баш и во друга тема пишував, пудрава е фотошоп во тубичка, буквално све живо ми покрива и луѓе што не се разбираат многу во козметика ме имаат прашано што имам ставено на лицето кога ја носам.Кој бара flawless изглед како мене, дефинитивно ова е тоа.Не светнувам нешто претерано,може да се случи по неколку часа, но го регулирам тоа со камена пудра.За трајноста да не зборувам, не мрда Има 15ка spf и поради тоа на слики сликани со блиц ми изгледа по бела, тоа впрочем и е единствена маана, но си најдов решение за тоа, со камена пудра одозгора воопшто го немам тој проблем 2.Benefit They're real Mascara Никогаш не сум мислела дека таква тенка четкичка може да направи чудо од трепките, обично секогаш повеќе верба сум имала во подебели четкички.Дефинитивно најдобрата маскара што некогаш сум ја користела, не ги слепува, не се рони, им дава некој уреден изглед, баш зошто е тенко четкичето и не дозволува да се трупаат слоеви.Јас природно имам солидна должина на трепки и ми ги прави како вештачки, буквално го извлекува најдоброто од нив, ги прави долги, со волумен а сепак уредни. 3.Stilla metal foil eyeshadows Долго време барав сенки кои ќе бидат светкави, ќе изгледаат гламорозно и или беа премногу прашкасти и тешки за работа па цело лице ми беше во светки, глитерите исто одеа насекаде а тешко се вадат, а таму каде што треба не се лепат убаво, или беа премногу кремасти.Си ги најдов совршените сенки кои што и со малку можат да сметан обичен и секојдневен изглед.Со нив оди и една течност и како капаче за мешање, доколку некој сака да добие поретка структира од сенката за понежен изглед.Јас ги преферирам и чисти и мешани, прекрасни ми се .Ги имам нијансите Kitten,Titanium и Metalic cobalt. 4.Zerva Cosmetics Royal Red Lip pencil Совршена боја за постигнување на оној кафенкасто нјуд омбре изглед на усните.Долго време си ја барав вистинската нијанса и структира.Не сакам суви моливчиња, но не сакам ни да не можеш да ги наостриш од што се меки.Најсовршената кремаста структура, може слободно да се користи како кармин.При крај ми е и со него одев по сите можни парфимерии да си ја најдам нијансата и никаде нема таква А само во Битола кај Ксенија ја има оваа козметика во Македонија, се работи за професионална козметика и колку што можев да видам, нема опција онлајн да се порача.Слика не можев да најдам. 5.Kat Von D Shade+Light Contour Palette Совршена за не толку професионалец во контурирањето како мене Mислам и општо некако поприроден изглед ми се добива кога се контурира со пудри во прав отколку со коректори.Неверојатна пигментација, не мора по 100 пати да се поминуваш и лом да се направиш на крај, a сепак изгледа нежно и природно.Anastasia Beverly Hills Contour Kit може вода да му носи на овој сет.Од толку рекламирање за малку ќе го земев овој другиот и кога ги споредив реално за тие пари Anastasia има никаква пигментација. 6.Essence Lip liner Многу ми е криво што ги открив кратко пред да им ја сменат формулата, дефинитивно старата повеќе ми се допаѓаше.Тешко се остреа, бидејќи беа многу меки и брзо се трошеа ама за таа цена не ми сметаше.Имаат прекрасна структура и пигментација и убави нијанси.Јас ги имам Satin Mauve,Red Blush и Soft Berry.Новите ми се малку суви за мој вкус ама можат да поминат Со она моливче на зерва и сатин мауве супер омбре ми излегува Имам уште некои продукти на ум, ама ќе ги пишам понатаму во друг пост , ќе се изгуби на прегледност овде ако продолжам