Одамна ме немало на темава. 1. Камената пудра од колотренд од Авон, дефинитивно најомилена и најпокривна до сега. Ја земав за некоја смешна цена од 130 денара ама има доста добра покривност и трајност, ја препорачувам. (Единствена забелешка ми е што немаат избор на повеќе нијанси.) 2. Кармините од истата линија (нијанса purple power) исто така се добри, за таа цена имаа солидна трајност. Карминот ми е дефинитивно најомилен за овој месец. 3. Досега во главно ги користев ролоните од Авон, ми здосади па решив малку да сменам и се префрлив на Рексона. Доста сум задоволна и од овој производ, кога ставам едноставно немам потреба од парфем зошто миризбата долго се осеќа. 4. Обично си го менувам балсамите или маските за кога, секогаш сакам нови да земам ама Нивеа ми е дефитивно омилена до сега. Косата ми е доста помека на врвовите и немам проблем со расчешлување како порано, ем прекрасно мириса. 5. Mоливче за уста, од обична продавница ми е земено ама мат е, долготрајно се суши и може и како кармин да се искористи. Јас го имам 32 нијанса. 6. Да не беше тушот од голден роуз тешко дека некогаш ќе се научев да ставам како што треба туш. Беше и ќе остане мој омилен производ.
1. Alverde део-спреј Напишав рецензија за спрејчево, ептен да не го префалам (ќе испадне дека го рекламирам). 2. Sensilis Петадерм маст Спас за моите стапала! Имам екстремно суви стапала и смрт ми е кога ќе дојде лето и кога морам да носам отворени обувки. Маста ми ги препороди стапалата. Мрсна е и густа, се мачкам пред спиење и облекувам чорапи за до сабајле да имам бебешки газиња. 3. Golden Rose - Dream Eyebrow Pencil Го имам 302 и совршено се поклопува со бојата на моите веѓи. Меко и пигментирано моливче, и што е најважно има избор од повеќе нијанси. 4. Aura Oil Absorbing Sheets Мојот сојузник во борба против мрснотијата, поготово сега кога температурите растат. Ептен се компактни и не собираат место. 5. Batiste Dry Shampoo - Original Вреди за секој денар. Единствено не ми се допаѓа мирисот, некако многу ми е детергенаст. Дефинитивно ќе ги пробам и другите видови.
Organic shop - Organic algae&clay shampoo - Шампонов секако заслужува да биде спомнат во темава , не ми се масти воопшто косата од него ниту ми ја суши , единствена маана е што има голем отвор и испаѓа повеќе шампон одколку што треба ама не ми смета до толку..сигурно сакам наредно да го пробам тој за волумен од истата линија. Цена - 3,50 евра MUFE - Full cover concealer - 03 - Најдобриот коректор што го имам користено , ако имате екстра темни кругови под очите ќе ви прекрие СЕ , истото е за акни , флеки... исто така е најголемиот во милимитража коректор што досега сум го имала , 15 мл е и сигурно долго време ќе ми трае. И најважно водоотпорен е и иако се покрива не се собира во линиите на очите. Исто така да спомнам важно е брзо да се нанесе зашто веднаш се суши. Продавачката ми го нудеше и тој во потенка туба HD што е , но јас ептен сакав овој да го испробам.. Цена - 28 евра (со 15% попуст) Natura siberica - Oil complex for hair growth stimulation Презадоволна сум и од овој производ на Натура сиберика за побрзо растење на косата и против опаѓање. Го користам веќе 3 недели - 2-3 пати неделно , се користи така што се нанесува на неизмиена коса на скалпот и се прави масажа и се витка косата во крпа и стои така околу 1 час. Ова веќе ми влезе во рутина да го правам а претходно си мислев дека ќе ми биде ептен досадно има резултати , косата веќе толку не ми паѓа и на некои мали празнини на скалпот гледам дека почнало да расте нова коса. Маслово е составено од разни масла како јојоба , маслиново , арганово , макадемија итн.. и не содржи силикони и парабени. Цена - 16 евра (100 мл) La roche posay Anthelios xl 50 spf tinted cream Пред 2 недели од кремава ми дадоа во аптека две тестерчиња за да ја испробам , кремата е супер, многу лесна наменета за мрсно лице , водоотпорна , но како и секогаш мојот проблем е нијансата , од кремава за жал има само една нијанса и ми е претемна така да тие со потемна кожа би биле многу задоволни јас колку и да ја блендав кај пределот на вратот пак се познаваше. Цена- 10 евра
Еве ја и мојата листа на омилени производи за месец мај Balea мицеларна вода Ваков производ прв пат употребувам, ама сега тоникот за лице го заменив со ова. За вадење шминка се покажа добар, не ми ја суши кожата, а убаво чисти. После првото пробување го поминав лицето и со тоник, колку да видам дали ќе извади нешто што мицеларната вода не успеала, ама туферот беше чист. Нема конкретен мирис, единствено можеби требаше да ја земам другата без алкохол, ама според декларацијата оваа повеќе ми одговараше на кожата. Само да напоменам дека шминката околу очите ја вадам со двослојно средство од Гарниер, така што тука не знам како ќе се покаже ова на Балеа. Nivea лосион за тело за под туш Ваквите гелови за туширање ми се спас за во лето, зашто не морам да се шлапам со креми кога времето е топло. Овој гел на Нивеа прв пат го пробав и баш е smooth skin како што пишува на него Кожата ми е мазна после туширање и многу убаво мириса. Обичниот лосион со шеа путер ми е омилен Нивеа лосион, така што мирисот ептен ми се погоди. Garnier маска за коса со маслиново масло и путер од маслинка Прв пат користам од овие маски за коса на Гарниер, така што не знаев што да очекувам, па бев пријатно изненадена. Беше на попуст во ДМ, а мене некако ми тргна со производите со маслинка, па затоа го одбрав овој Прилично е густ и личи на путер, а има и многу убав мирис. Косата после тоа ми е нежна и лесно ја расчешлувам. Од мене тамбс ап Perceive Dew тоалетна вода и лосион за тело Синиот Perceive ми е all time favorite летен парфем од Авон и го имам купено неколку пати. Овојпат сакав да го пробам Perceive Dew, па го купив комплетот. Мирисот е освежителен, баш ме асоцира на лето. Иако не е парфем, трајноста му е солидна, особено во комбинација со лосионот. Balea Разладувачки гел за стапала и нозе За денска употреба летно време сакам да користам лесни кремчиња за нозе, па овојпат изборот падна на Балеа. Ова уствари не е крема, туку гел, таква му е и структурата. Брзо се впива и освежително мириса, сите балетанки ми мирисаат на ментол Е сега, не можам да проценам дали стварно ми ја омекнува кожата, зашто редовно правам пилинзи и после турпирање се мачкам со Мелемот од Балеа кој е многу помрсен. Овој гел повеќе го купив за разладување и убав мирис, а таа работа си ја врши Комбинација од рицинусово и бадемово масло Прво го купив рицинусовото за раст на косата, ама после купив и бадемово за да ги измешам, бидејќи рицинусовото е премногу густо. Го нанесувам пред секое миење, го оставам еден саат, таман додека да ми се стопли вода и да извежбам Два пати со шампон се одмива, а после косата некако ја осеќам погуста, како да има поголем волумен. Забележав разлика и околу растот на косата ама ми помогна и околу првутот што знае да ми се јави ако сменам шампон. Во врска со производителот, ги имам пробано и Галафарм и Фитофарм, ама искрено некоја разлика немам забележано. Така што, можете да го купите било кое.
Кутија блокичи!!!https://www.google.com/search?hl=mk...ws-serp..0.0.0.cW54PoqtNKM#imgrc=FxXIq44N2qCK https://www.google.com/search?q=мол...UIBygB&biw=1024&bih=552#imgrc=Zl-8w9ajh1eKaM: Лак за нокти Малена. https://www.google.com/search?q=мол...UIBygB&biw=1024&bih=552#imgrc=Zl-8w9ajh1eKaM:
Victoria Bells Crystal Unisex Deodorant Добра замена за Рексона стиковите. Цена, околу 1000 ден. NOW Shea Butter Спас за сувата и испукана кожа. Го користам една недела, но сум презадоволна веќе од резултатите. Го нарачав од iherb, за околу 6$. The Body Shop Hair and Body Argan Oil Го нанесувам само на краевите на косата за подобро расчешлување и сјај. Го користам повеќе од пола година и сум презадоволна. Споро се троши, доволни се само 3-4 прскања на дланката за целиот долен дел на косата. Цена околу 30$. Био Космос Органско Кокосово Масло Исто така, презадоволна од маслово. Го користам како крема за лице, за вадење на шминка, лосион за тело.. Супер производ. Цена, околу 350 ден. во ДМ. Balea крема за раце Задоволна сум од хидратацијата и многу позитивно изненадена од производите на Балеа воопшто. 99 ден. во ДМ. Balea крем за туширање Добар крем за туширање со пријатен мирис. Планирам да го купам следно тој на Нивеа, за кој Ана предходно напиша дека е задоволна, бидејќи овој малку ми ја суши кожата. 99 ден во ДМ. Balea шампон за кафена коса Ги користев шампоните на Head&Shoulders неколку години по ред и секој пат кога пробував да ги заменам со некој друг, косата и скалпот реагираа баш негативно. Од овој шампон сум задоволна навистина, го користам еден месец веќе. Цена, околу 100-130 ден. во ДМ. Catrice руменило Еден од подобрите производи на Катрис кои ги имам пробано, поготово Првите две светли нијанси. Цена, околу 7-8$. Himalaya Cocoa Butter Lip Balm Презадоволна од лабелово. Ги хидрира усните брзо, одлично е за кога се шминкам, па набрзина да ја намачкам устата за да можам после карминот да го нанесам убаво. Цена, 1-2$. Labello Cherry Lip Balm Покрај предходното лабело, ова го ставам како второ омилено. Добра хидратација, мирис и боја. Цена, околу 2$. Maybelline OnebyOne & Lash Sensational Одлични маскари - откако ќе се засушат. Задоволна сум од четката на Уан бај Уан, се уште ја користам, иако маскарата одамна ми е потрошена. Garnier BB Cream Мала до средна покривност, лесна за преку ден. Задоволна сум, ми одговара. Flomar лак за нокти Одлични лакови со пристапна цена и долга трајност. Eveline 8in1 Убав сјај, дава изглед на здрави нокти. Го користам неколку денови само, ама морав да го постирам во темава, задоволна сум. Fit Me коректор Одличен е за под очи. Го осветлува тој дел од кожата, а најдобро се нанесува со сунѓерче за шминка.
После година ипол Дали ролончево остава флеки на облека? Одамна му се токмам да го купам, ама ме одвраќа белата боја.
Производи купени за кога ќе дотрошам се друго што имам, ама им дојде време бидејќи немаат гмо и парабени поради страшен инцидент со кожата. Клиник ми се на црната листа засекогаш! Скапо агресивно преценето говно од козметика. Производи кои ме спасуваат изминатиов месец кои заслужуваат секаква почит се следните: Лесен, цитрусен мирис, потсетува на лето и е повеќе од масло за раце, туку како парфем. Не е мрсен и лесно се впива и мириса до следното миење на раце. Мириса свежо со дрвенесто, мирисот не е преприроден, ама е убав. Нежно мие и не пени, што за кожа која е оштетена е предобро. Лимонест мирис, лесно ексфолира, кожа која се лупи бидејќи се регенерира. Не е воопшто агресивен. Тој што го смислил чудово да живее 100 години. Ако не беше ова, мислам дека ќе ми се распукаше кожава на милијарда, предобро влажни, не избива, не мрси, не затвора пори. Идеално за луѓе со темни кругови околу очите, и испукана кожа дури и таму. Поеластична и помалку отечена кожа е крајниот резултат, не делува отенчено. Најмалку го користам, зошто ноќе ставав кортико крема, но таму каде што е заздравена кожата ја храни многу, насабајле нема никаков остаток. Одлично впивлив иако на прв поглед остава мрсно. Ми оди уште намасте да пишам и тамам сум.
Татко ми случајно го купи за него, а јас со мојот шампон бев при крај. После одреден период приметив дека и оваа линија на шампони ми одговара. Не ја прави сува, барем мене со оглед на тоа дека имам густа коса. Во консултација со една членка од форумот ми ја препорача радиант база за сенка. Јас сум презадоволна. Мелем - го користам за лице, но имав иритација на препони, вечерта пред легнување се намачкав следниот ден веќе немав ништо. Топла препорака. Кокосовото масло - нешто незаменливо за мене,го користам за коса. Ги исфрлив сите препарати што ги користев пред него.
W7 Night glow highlighter - Барав еден течен хајлахтер , бев во мисла дали да го купам овој или тој на Бенефит , но не згрешив при изборот. Се нанесува сосема малку , трае долго иако имам мрсна кожа не се разлева , си стои на место со саати. Цена - 7 евра W7 bronzer powder Africa - Истото ќе го кажам и за овој производ како и горниот, прекрасен бронзер , составен е од три нијанси темно кафена , кафена и розева. Доволно е малку да се допре со четката и да се нанесе на лице. Лесно се бленда , трае со саати. Копија е од бронзерот на Too faced , ги имаат истите нијанси. Деновиве ќе го побарам и мат бронзерот на W7 Honolulu , што е копија на Бенефит бронзерот Hoola. Цена - 4 евра
Значи,предобро е ова млекото за туширање,прекрасен мирис и кожата ја прави многу мека,нежна,нема потреба да ставам лосион.Го имав користено тој лосионот за туширање на Нивеа,ама не можи да се спореди со ова.
Од Холандија. Зависи од кожата и што и треба, имаат различни производи. Не знам што конкретно те интересира колку кошта, се вкупно околу 180-90 евра. Во мојот случај да, ми одговара на мојата кожа, ја смирува.