Инспирирана од темата за козметика каде си стававме наши лични сики од она што го поседуваме,би сакала и да си го покажеме нашиот најубав и најомилен накит Па ајде да видиме
Се надевам нема да ми замерите за позадината т.е подлогата овие се слики од пред 3 години немав друга работа, па посебно ги сликав
од овие нај ми се плавите ...а иначе неам некој посебен накит не го носам мн така да овие се и уште некои работи....а прстенчево ненормално мн си го сакам ...ми го купи стрина ми
Немам време едно по едно да сликам, а и вас ќе ве мрзи да ги гледате така Спојлер прстенчиња нараквици ѓердани иако омилениот фали обетки часовници еве и акцесорис за коса малку Се е бижутерија ништо скап накит
Како што ветив така и ќе исполнам. Јас накитот го класифицирав како накит за дневно и ноќно излегување. Се надевам ќе ви се допадне. Тоа е само дел од моето кутивче за накит Спојлер Се извинувам за лошата резолуција на сликата, ама морав со мобилниот
Не е накит, акцесорис е, ама јас сум луда и по нив. РЕМЕНИ!!! Па морав да ви ги покажам Спојлер и омилените ракавици
Еве и нешто од мојот накит: Спојлер p.s. Еве исто предлог, како може да го складирате накитот. Пример еве како ги складирам обетките: Ова се кутии кои се продаваат обично во продавниците за алат и служат пред се за штрафчиња и такви работи. Ама мене ми се многу практични за оваа намена.
Еве дел од заедничката колекција моја и на сестра ми Има дел од накитот од на мајка ми времето, а дел ми е и подарен
Еве нешто и од мојата колекција накит Незнам зошто вака јаки боите излегоа, во живо се малку понеутрални Спојлер
Моментално во компјутеров имам слика од една дрвена алка, неодамна што ја купив. Кога ќе ми помине мрзава ќе сликам што имам тука со мене, во Скопје.
Еве ги моите дечиња многу си ги сакам посебно обетките заљубена сум во ОБЕТКИ алки не носам многу и затоа имам малку